Македонците имале своја азбука уште пред Кирил и Методиј!?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Интересен текст од книгата A history of the Eastern Roman empire from the fall of Irene to the accession of Basil I. (A. D. 802-867) by J.B. Bury
http://www.archive.org/details/historyofeastern00buryiala

bury396.png

bury397.png

Превод на подвлечениот текст:

“Ни беше укажано дека Македонските Словени веќе поседуваа азбука која ја користеа за секојдневни потреби, а Константин само извршил ревизија на истата и ја комплетирал за попрецизно доловување на вокалите во словенскиот говор со додавањето на одредени Хебрејски и Самаријански симболи и знаци.“

Полека, но сигурно се одмотува клопчето. :smir:
 
Треба повеќе да се афирмираат ваквите текстови. Браво Братот, се надевам дека ќе се докаже (и пред целиот свет) поврзаноста на древномакедонската со денешната (кирилометодиева) азбука.
 
Треба повеќе да се ангажираат повисоките структури на нашите институции, да работат на истражување и промоција на македонската историја.

Затоа и на толкав отпор наоѓаме од страна на нашиве соседи, кои не сакаат најзначајниот дел од историјата на Балканот да ни се препише нам.
 
Затоа и на толкав отпор наоѓаме од страна на нашиве соседи, кои не сакаат најзначајниот дел од историјата на Балканот да ни се препише нам.

Много хубава книга! Благодарjа за линка!
И прочети внимателно книгата преди да си правиш такива изводи!:helou:
:smir:
 
Видете вака... нешто слично на глаголица покрај латинскиот се наоѓа уште во записите од 4-ти век што се наоѓаат на овие простори.

Ако се земи во предвид дека словените се руска измислица (колку народ живееле зад карпатите? 10 милиони? Како се населиле тука? Што се десило со староседелците, едноставно исчезнале? Колку што се сеќавам нема војна за ниеден град, не ми е вероватно да се насели еден тон народ туку така во градовите без војна, а домородците да го дозволат тоа) полека полека ке излезе вистината дека словени воопшто не постоеле.
 
“Ни беше укажано дека Македонските Словени веќе поседуваа азбука која ја користеа за секојдневни потреби, а Константин само извршил ревизија на истата и ја комплетирал за попрецизно доловување на вокалите во словенскиот говор со додавањето на одредени Хебрејски и Самаријански симболи и знаци.“

Полека, но сигурно се одмотува клопчето. :smir:

Старославјанскиј-јавлјаетсја солунским диалектом древнемакедонского јазыка, на которыј в IX веке Кирилл и Мефодиј перевели греческиј текст Библии. Кроме живых слов их родного наречија, они ввели в переводној текст множество новых, греческих слов или калек с греческого, так как своих јавно не хватало.
 
Ова се знаеше само сега е уште подобро кога ќе се има доказ црно на бело :wink:
 
bury397.png

Превод на подвлечениот текст:

“Ни беше укажано дека Македонските Словени веќе поседуваа азбука која ја користеа за секојдневни потреби, а Константин само извршил ревизија на истата и ја комплетирал за попрецизно доловување на вокалите во словенскиот говор со додавањето на одредени Хебрејски и Самаријански симболи и знаци.“

Полека, но сигурно се одмотува клопчето. :smir:

Jас не разбирам толку многу македонски, ама си мислим дека suggest би требало да значи предполагам, а со предположениjа во исторjата е пуно, ама докато нема сериозни докази, тиjа не значат почти ништо. Од друга страна еве што пише Черноризец Храбар во За буквите ( О писменахь ) :

Преди, прочее, славјаните нјамаха Книги [1], но, бидејки езичници, с черти и резки [2] четјаха и гадаеха. А след като се кр'стиха, принудени бјаха да пишат с римски и гр'цки букви [3] без порјад'к.
 
Преди, прочее, славјаните нјамаха Книги
Сигурно си мислел не рабираш англиски.
И во подвлеченото пишува дека има азбука а нигде за книги.
 
Jас не разбирам толку многу македонски, ама си мислим дека suggest би требало да значи предполагам, а со предположениjа во исторjата е пуно, ама докато нема сериозни докази, тиjа не значат почти ништо. Од друга страна еве што пише Черноризец Храбар во За буквите ( О писменахь ) :

Преди, прочее, славјаните нјамаха Книги [1], но, бидејки езичници, с черти и резки [2] четјаха и гадаеха. А след като се кр'стиха, принудени бјаха да пишат с римски и гр'цки букви [3] без порјад'к.

Во текстот не се споменуваат Славјаните од Дунав, туку Македонските Словени.

И тоа не го вели било кој туку еден од најпознатите и најавторитативните Слависти на сите времиња, кои и денеска се изучуваат, Vatroslav Jagić.

Posebno intenzivno bavio se staroslavenskim jezikom za koji je dokazao da je oblikovan na temelju jednoga južnoslavenskoga (južnomakedonskog) narječja čime je pobio tzv. panonsku teoriju.

http://hr.wikipedia.org/wiki/Vatroslav_Jagić

http://www.moljac.hr/biografije/jagic.htm
 
Треба повеќе да се ангажираат повисоките структури на нашите институции, да работат на истражување и промоција на македонската историја.

Затоа и на толкав отпор наоѓаме од страна на нашиве соседи, кои не сакаат најзначајниот дел од историјата на Балканот да ни се препише нам.

Оние структури што треба да се ангажираат за истражување и промоција на македонската историја бранат една историја која добро знаеме нема континуитет, а оние кои пак допрва промовираат нови детали од македонската историја се попречувани од истите тие структури, љубоморно бранејќи ги своите ставови, кои нам ни се добро познати и заради личните ега, нас сите не ставаат во незавидна положба како народ без континуитет во својот развој.

Оттука како што самиот рече нашите соседи го користат тоа и реалноста е таква каква што е.
 
МНогу добар текст поврзан со оваа исите теми и пропаганди од сите страни.

Кој тоа се плаши од наука

Македонската историографија остана заглавена во прашливите канцеларии, без јасна стратегија и без одговор на соседните агресивни псевдоисториски пропаганди, во чија позадина се нивните големодржавни апетити. Таа и ден-денес не дава целосно објаснување за многу битните настани од средниот век, односно како словенските неписмени орди дошле до идеја себе си да се наречат Македонци, ама баш онака како и античкиот освојувач Александар? Зошто е глаголицата заменета со кирилица?

Токму во услови на демократија, и слобода на говорот (кои постојат барем декларативно), историјата остана единственото упориште за отворање оган врз македонскиот идентитет, врз македонската нација, јазик,црква, култура и се' што не издвојува од другите народи. Па така, денес можеби го нема фашизмот кој на Бугарите им ја поклони Македонија, денес можеби Грците не смеат да вршат геноцид како во доцните 40-ти, но затоа и едните и другите мобилизираат цели чопори „историчари“, чија фактичка професија е исчезнувањето на македонскиот национален идентитет. Таквите професионални лажговци, спин-доктори, блогери и се' побезобразни политиканти, низ селективно презентирање на историските факти, па неретко и со лажење, веќе цели две децении газат и плукаат врз се' што е македонско, неретко претставувајќи го како свое. Во Македонија се влезени планини од хартија, во вид на пропаганден материјал, со цел менување на свеста и сознанието кај обичниот човек, кој, рака на срце, доживеа големи егзистенцијални трауми во модерната македонска држава.

И одеднаш една група македонски историчари се дрзнува малку подлабоко да ја истражи македонската почва, и проблемот да стане уште поголем, добиваат и материјална поддршка од соодветните државни институции. Па така, на виделина излегуваат артефакти кои покажуваат орнаментика стара илјадници години, иста или многу слична на нашите денешни народни обележја. Излегуваат артефакти кои покажуваат дека кирилицата не ја измислил Климент Охридски од памет, со цел едноставна супституција на глаголицата, туку дека таквото писмо постои илјадници години претходно, како и тоа дека истото може да се најде на безброј други археолошки наоѓалишта во Македонија и на ниедно друго место. И за цела беља, ваквите факти од ден на ден стануваат се' побројни и се' поубедливи. На тој начин, македонските негатори почнуваат да ја губат и историјата како последното упориште за атак врз нашиот идентитет.

За мене е особено интересна нервозата која настана кај југоносталгичните славофили, но и кај се' поагресивните бугарофили. Како може Македонците да имаат свој историски континуитет, па и уште самите да го истражуваат..? Се' понервозно се прашуваат непријателите на македонскиот национален идентитет, но и овдешните слабоупатени Македонци, кои целиот свој живот живееле со мислата дека сме племиња дојдени од руските беспаќа. Притоа, најсилните „контрааргументи“, кои доаѓаат од другата страна се дека со ваквите историски истражувања Македонија се оддалечувала од евроатланските интеграции.

Јас сум силно убеден дека македонскиот историски континуитет ќе биде многу брзо прифатен, не само од релевантните научни установи во светски рамки (како што беше случајот со Кокино) туку и од сите добронамерни луѓе, без разлика дали доаѓаат од позиција или од опозиција. Едноставно, секоја наука е подложна на истражувања и на континуирано трагање по вистината. Па така, големите имиња во областа на физиката, математиката или медицината од средниот век, можеби со потсмев би ги примиле сознанијата за релативитетот, идеите за гравитација, акција и реакција, фактот дека вирусите се причинители за заразните заболувања итн. Ваквите сознанија денес станале општоприфатени факти благодарение на континуираните истражувања во сите научни сфери. Тогаш зошто историјата би била имуна на континуирано истражување и проверка на фактите? Мора да постои објективен одговор на ваквото прашање.Многу брзо ќе стане јасно дека противниците на македонскиот историски континуитет или се разочарани југоносталгични славофили, или амбициозни бугарофили, или едноставно се луѓе незаинтересирани за какви било историски факти.

Виктор Трифуновски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=13853E279005CF43910BCB9223D095B0
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom