[ИТНО] Се бара крводарител од крвна група А- (А негатив)

  • Креатор на темата Креатор на темата D_T
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Возраст
41
Локација
Iron Gate
СЕ МОЛАТ СИТЕ КАЈГАНЏИИ ЗА ПОМОШ!!!]

Ако сте крвна група "А - (Негатив) " ПОД ИТНО ЗЕМАЈТЕ ТЕЛЕФОНОТ У РАКА и вртете на 070/ 264 - 992 ..............ДА ПОМОГНИМЕ на 19 год дете болно од леукемија.
ИТНА Е РАБОТАВА!!!

ПОБРЗАЈТЕ - НЕМА НИШТО ПОБЛАГОРОДНО ОД МОЖНОСТА ДА СПАСИМЕ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ!!!!
 
Го одделив мислењево од другата тема и отворив нова.
Кајганџии, да не се расправаме. Ако имате крвна група А- и сте во можност да дадете крв, имате број горе и јавете се веднаш.
Освен што ќе ми станете миленик на форумов (нико нече да вас бије), ќе ве частам и пица во комплет со сокче.
Ајде, знам дека сте хумани!
 
Знам дека DimceY бараше ваква крвна група и слабо имаше одзив, ретка крвна група изгледа е.
Ако случајно врши работа А позитив, кажи да се јавам одма.
 
Знам дека DimceY бараше ваква крвна група и слабо имаше одзив, ретка крвна група изгледа е.
Ако случајно врши работа А позитив, кажи да се јавам одма.

Nope, позитивен со негативен фактор никако. Ќе настане слепување, антиген - антитело и тоа предизвикува смрт. Единствено може 0- тука да послужи како донор, но на трансфузиологија тоа го користат само во крајни случаеви, обично се бара донор од иста крвна група. Така да, кој е А- нека се јави ако сака да направи добро дело.
 
епа и јас тоа се чудам, значи како е можно се само деца со А- да заболуваат од леукемија :( :( ако се знае дека е ептен ретка крвна група.. јас кога барав, барав за секој случај, за да иам ако притреба ама среќа не ми затреба затоа што имаше големи резерви на крв од таа крвна група на трансфузиологија, ама изгледа дека и таа се истроши.. па кој има слободно нека даде крв, затоа што буквално животот на тоа дете зависи од тие кесички со крв
 
Од толку логирани членови, во толку часа, не се јавил никој за помош. Да верувам дека никој ја нема таа крвна група или дека човекот не е повеќе човек? Второто ќе да е.
Да беше тема за парична награда или за некој форумски трач, којзнае колкава слава ќе достигнеше. Тоа е нормално, па затоа и го мразам!
Не ми се верува.
 
Без многу негативности и непотребни нервози. Да и прајме *бамп на темава за тие шо не ја виделе, да ја видет, а кој се јавил, не морат да пишит овде. Не е хуманоста во пофалбата.

Господ здравје да му дајт на детето.
 
Сигурно има и такви што се A-, но се плашат од игли. Луѓе, нема похумано нешто од дарување крв. Не се плашете. Јавете се на телефонот ако сте од оваа крва група. Не боли, ниту е страшно.
 
Крводарителството не само што е нешто најхумано што може некој да направи , туку е и здраво за самиот крводарител.Затоа дечки кој ја има групата нека не се мисли ни секунда.
 
Другарка моја се обиде да стапи во контакт со корисникот на бројот, но безуспешно, бидејќи бил исклучен ЦЕЛ ДЕН.
До душа не се слушнав со нејзе последниве 3-4 саати и незнам што направила
 
Мислам дека еден мој другар има A- крвна група.. Само тој е 3 смена на работа и не можам да го добијам на моб.. Ај јебем му матер.. Мора да го добијам!!
 
јас сум а негатив но за жал давав крв пред неполна недела и треба да чекам 3 месеца за пак да може да дадам :toe:
 
ЈАС СУМ НУЛТА ПОЗИТИВ.
КОЛКУ ШТО ЗНАМ ЈАС СУМ УНИВЕРЗАЛЕН ДАРИТЕЛ:toe:


ДОСЕГА НЕМАМ КРВ ДАВАНО.
 
ЈАС СУМ НУЛТА ПОЗИТИВ.
КОЛКУ ШТО ЗНАМ ЈАС СУМ УНИВЕРЗАЛЕН ДАРИТЕЛ:toe:


ДОСЕГА НЕМАМ КРВ ДАВАНО.

Читај тука. Учевте вие биологија во основно или слабо?

Nope, позитивен со негативен фактор никако. Ќе настане слепување, антиген - антитело и тоа предизвикува смрт. Единствено може 0- тука да послужи како донор, но на трансфузиологија тоа го користат само во крајни случаеви, обично се бара донор од иста крвна група. Така да, кој е А- нека се јави ако сака да направи добро дело.
 
Жалам што неможам да помогнам зашто не сум таа крва група :nesum: инаку за тие што ја имаат а што не давале нема ништо поубаво од да спасите нечиј живот...последици од давање крв немате туку напротив имате добивка-прочистување на вашата крв и спасен живот :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom