Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Почесто за викендите, нашите домови знаат да се наполнат со луѓе, гости, познаници, комшии, пријатели. Сите ние во нашите домови си имаме поставено посебни правила, како на пример, во оваа соба нема пушење цигари, нема влегување дома со обувки и слично.
Како вие се снаоѓате со гостите, ако не сакате да ви се пушат цигари дома, а гостите се пушачи и ги гледате дека сакаат да запалат цигара а им е непријатно да ве прашаат?
Што кога ќе ви влезат дома обуени а вие пред да дојдат сте направиле генералка на домот, или па уште пострашно, имате бели килими, тешки за чистење?
Што кога па ќе ви дојдат на гости со разгаламени деца, кои вриштат, пискаат, се дерат, трчаат наоколу, гледате дека дури почнуваат и да ви чепкаат околу предметите дома, а нивните родители си остануваат мирни и ги оставаат да прават што сакаат?
Ги опоменувате вие децата, им кажувате на нивните родители или останувате ладни, па скршат - скршат, големо чудо?
И за крај, како вие се однесувате на гости? Ги почитувате правилата поставени од домаќините или си дозволувате луксуз, комфор?