Правење на бутабилно CD

  • Креатор на темата Креатор на темата haCk0r
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација од било какви причини да имаат проблеми со стартувањето на инстлираниот windows.Во ваков случај се јавува потреба од бутирање(подигање) на компјутерот од претходно креирано бутабилно ЦД.Во следниов текст ќе се обидам да објаснам како се креира бутабилно цд,со користење на претходно креирана бутабилна дискета.
Потребно е празно Цд, цд-ром, апликација за снимање NERO BURNING ROM.

бутабилна дискета во оператвниот систем WINDOWS XP се прави :Ставаме дискета во компјутерот,отвараме на десен клик А-драјвот па потоа Format,во Format стискаме на Create an MS-DOS startup disk па потоа Start .
Making_boot_disk.gif

Вака креираната дискета подржува работа со тврди дискови форматирани на FAT и FAT32 податочен систем.За да се подигне компјутерот од дискета,во biosot на системот, во редоследот за обиди за бутирање, треба да биде наместено прва да биде дискетната единица.Ако во дискетната единица е ставена бутабилната дискета, по вклучување на компјутерот и по завршувањето на почетните хардверски тестирања,системот се подига од неа.По бутирањето на системот со ваква дискета,со задавање на соодветна команда во добиениот CMD А:\>, може да се решат повеќето повеќето проблеми (да се пристапи кон партиците и да се зачуваат важните податоци).
Со секојдневното развивање на технологијата оваа постапка се поретко се користи за бутирање на оперативен систем.Како негова замена е земено бутирањето од Цд, кое се покажа многу по прифатливо за оваа работа од неколку аспекти.
1.Флопи-дисковите користат магнетен медиум,кој е осетлив на надворешни влијаниа,па запишаните информации на неа лесно можат да се оштетат,и да станат недостапни за читање.Цд-то е медиум со многу поголема сигурност и век на траење.
2.Флопи-дискетата ма многу мал капацитет(1.44mb), за разлика од цедето кое има 700mb.
3.CD-ROM уредите се многу побрзи од дискетните единици,па бутирањето од цд е побрзо за разлика од дискетата.
За да може компјутеро да бутира од cd-rom потребно е да има IDE/ATAPI CD-ROM,и нов BIOS на матичната плоча кој подржува бутирање од ЦД.За да се направи бутабилно цеде потребни се специални фајлови,кои може да се симнат од интернет,или да не најдат на бутабилна дискета.
Како што напоменав погоре податоците може да се најдат на хардот или на дискета па од тука разликуваме неколкуемулации на Цд.
1.CD со емулација на флопи-дискета,каде што е искористена бутабилна флопи-дискета како модел.ваквото CD, по бутирањето,се однесува како во дискетна единица и ја користи буквата А.
2.CD со емулација на хард-диск,каде како модел е икористен бутабилен хард-диск, со големина помала од капацитетот на CD-то.По бутирањето CD-то зема ознака C ,а тврдиот диск ознака D.Се корсти за ДОС апликации кои што без инсталација би се извршиле дирекно од цедето.
3.CD без емулација е опција наменета за професионална употреба.Во овој случај не се емулира флопи или хард-дискови, туку со операцијата на бутирање се полни специфициран сегмент од меморијата со податоци од одреден број на сектори на CD-то,што се всушност некој код што ќе се изврши.Вакви CD-ња се на пример инсталационите цедиња за скоро сите windows верзии.
Следи постапката во Nero за режање на бутабилно C
d.gif


1.Најпрво отвараме Nero па во нерото избираме CD-ROM(Boot).

2.Во делот BOOT избираме дали потребниот модул ќе го земем од дискетата или од хардот.
nero_start_1.jpg


3.На Прозорчето Label ставаме име на Cd-то (по ваш избор како сакате така крстете го) па идеме NEW.
untitled_10.jpg


4.Одкако ќе стиснете NEW ќе ви се отвори ISO1 прозорче од каде ќе треба да ги најдете соодветните податоци потребни за бутирање.
untitled_1.jpg

5.Следно е постапката на режање.Од менито Recorder изберете Burn Compilation одберете го методот и брзината на снимање, ставете празно ЦД и потоа стиснете на копчето BURN.
wer.jpg

6.Oдкако снимањето ќе заврши успешно стиснете Discard и извадете го цедето од CD-ROM-от.

Останува уште да пробаме дали функционира како што треба цедето.рестартирајте го компјутерот,Притиснете (del) и во некои од менијата( зависно од биосот што го имате) идете на BOOT менито и во редоследот за бутирање наместете системот да се бутира од Cd-ROM-от.снимете ги промените и излезете од биосот.По завршувањето на POST-от(Power On Self Test) компјутерот се бутира од цедето.Сега ќе се појави едно мени за избор дали сакате подигање со подршка на ЦД ром или не.
Boot-From-CD.gif

Одберете ја првата опција и по неколку секунди се појавува промптот.
A-boot-install-cd.png

По ова се појавува стандардниот десктоп и компјутерот може да се користи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom