Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во Струмица ќе има нови 1.200 вработувања
Струмица ќе стане центар за информатичка технологија во Македонија, по примерот на Естонија. Американска компанија ќе отвори центар за информатичка технологија и управување со софтверски апликации, и ќе вработи 1.200 млади луѓе.
Преку центарот во Струмица оваа компанија ќе управува со 3.600 коминтенти во светот.
„Се одлучивме да инвестираме тука, бидејќи станува збор за област, која се уште никој не ја допрел. Тоа е област која дава многу можности за децата, за да станат дел од новиот технолошки сектор“, изјави Тимо Бакландо, претставник на американска компанија.
Домот на армијата, каде денеска се одржа презентацијата, беше претесен да ги собере заинтересираните струмичани за работа во оваа фирма.
„Веќе сум информиран дека имаме 820 апликанти, аплицирањето ќе трае постојано, но завршува до 30 јули.
Целта е да се дојде до некоја бројка од две-три илјади луѓе коишто ќе аплицираат. На крајот ќе има вкупно преку 1.200 работни места“, вели Зоран Заев, градоначалник на Струмица.
Компанијата со работа ќе започне идниот месец, а сите пријавени ќе поминат низ три месечна обука. најдобрите 1.200 ќе бидат вработени.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=110310
Секоја чест за мојот град, 1200 луѓе тоа се 1200 фамилии...
Струмица и онака економски цветаше во споредба со другите градови , сега мислам дека нема кој да не сопре...
За оваа инвестиција (или перење пари) обратете се кон Заев и Црвенковски кои денес се испофалија за "инвестицијата"...
И баш ме интересира кога сега дознавте дека инвестицијава е поддржана од Заев и БЦ дали ќе се смени текот на дискусијата, дали ќе почне фалење наместо неверување.![]()
како и да е ке има вработени ако треба нека бидат и 50 луге
Е тек тогаш патлиџаните ке бидат 200 денари кило,ама аирлија нека е работава белки ке тргне
Аууу колку ве жалам...Знам дека ве боли што немате градоначалник како наш Зоки , и дека во вашите градови 10 години немаат една инвестиција , но тоа е...Се смеете кога народот протсетираше да го пуштат од притвор , но сега сите сте свесни уствари каков човек е тој и се обидувате да го зацрните , е тоа така неможе.
Струмица продолжува да се разубавува , народот продолжува да се вработува.А вие јадете .... уште колку сакате.![]()
Аман веќе...
Ќе видиме што ќе стане...времето ќе каже...
Пак ќе кажам дека сум ПРЕМНОГУ сомничав (мојот прв пост на темата)
Седи бе,прво рипни па после викај ОП!Да не излезе работата пак да корнете трева за Заев.Знаеш ли колку инвестиции беа најавени во повеќе општини низ Македонија,ама ни една не се оствари?Или се остварија по некои со катастрофални последици како Шведмилк.![]()
Има една Струмичка поговорка која вели вака: Тоа ако е вистина ебати лажата што е! :smir:Па во недостаток на политика,мора барем малку да имаме политичка економија,колку да не седиме џабе.:smir:
Направи и 8.000.000 милиони €,тоа ли да го земеме како ветување?!ке биде нешто од оваа инвестиција нема да биде како шведмиЛк...барем до сега како шо е кажал зоран заев се е направил
Има една Струмичка поговорка која вели вака: Тоа ако е вистина ебати лажата што е! :smir:
Неколку нереални работи:
1. Од цел свет баш Струмица ли ја најдоа за инвестиција? :raz:
2. Ај да бараа до 10 програмери ќе поверував ама 1.200 нели ти се чини дека се многу,дури и во Глобал да ги закупат сите дуќани нема да има место за сите 1.200
3. Да не се занесуваат децата дека пишувањето постови на Кајгана и програмирањето е исто?
4. ......
5. ......
Направи и 8.000.000 милиони €,тоа ли да го земеме како ветување?!
Еми за касарната се спремат тие што виореа знамиња,мислиш ли дека ќе ја добие таа фирма?пеер не мора да се ги вработат сите 1.200 как шо кажах и у друг пост и 50 да вработат е арно... а може веке ак ги местат у касарната цела касарна е празна...
Еми за касарната се спремат тие што виореа знамиња,мислиш ли дека ќе ја добие таа фирма?
Да излезеше некој представник од фирмата можев да поверувам колку толку ама штом политичарите се мешаат таму кај што не им е местото тогаш сето тоа ќе биде ГОЛА ВОДА!
Не сум политички настроен ама не сакам некој да ме тегли за носот,нека вработат барем 10 од тие 1.200 ќе биде добро,доста беа лажи дека ќе дојде подобро утре ама утре пак ќе го кажеме истото и се ние ќе си чекаме утре...бате секој си има своо мислење ама как шо гледам..малко си политички настрооон тка да скини ГА
Не сум политички настроен ама не сакам некој да ме тегли за носот,нека вработат барем 10 од тие 1.200 ќе биде добро,доста беа лажи дека ќе дојде подобро утре ама утре пак ќе го кажеме истото и се ние ќе си чекаме утре...