До кога најмилите ќе ни страдаат од неквалитетно здраство?

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Во државава се е поважно од нашето здравје. Се инвестира во градење на цркви, споменици, филхармонии, во билдање на администрацијата и с триста други чуда, а не се посветува ни најмалку внимание на нашето здраство. Прашањето е до кога?

Еве најновата сторија за жал вакви ги има стотици.
Мојот татко ќе беше уште жив доколку лекарката од итната медицинска помош реагираше веднаш и му пружеше соодветна медицинска помош, обвинува Зоран Атанасовски, во јавноста познат како Монси.

Се почнало на 4-ти јуни попладнето, кога неговиот татко Трајко, местејќи ја светилката паднал од столчето и удрил со главата во бетонот. Од ударот добил крварење во мозокот.

Неколку часа подоцна кога се јавиле првите симптоми. Го повикал својот син, а тој итната медицинска помош.

„Им објаснивме дека станува збор за пад, дека повраќа, дека му е лошо, дека се поти. Докторката го погледна не многу заинтересирано, му измери притисок“, вели Зоран Атанасовски - Монси.

„Значи, не му ги погледна ниту зениците, му даде Дијазепам и Ласекс и ми кажа да ја изгаснам струјата и да лежи во темно и дека се ќе биде во ред“, објаснува Монси.

Ситуацијата се влошила два часа подоцна. Повторно била повикана итната медицинска помош.

„Ми кажаа дека станува збор за мозочен удар и да му ставам „Памперс“ бидејќи ќе мокри и наутро во 8 часот повторно да им се јавам да дојдат да го покријат со терапија“, рече тој.

Брзата помош дошла и на третиот повик. Биле револтирани. Немале носилка, па во ќебе го изнеле Трајко кој веќе запаѓал во кома. Шоферот го предупредил Зоран да земе кесе и крпа за да го чисти подот од повраќање, да викне и пријатели, бидејќи на клиника нема кој да ја турка количката.

На неврохирургија веднаш била направена операција на мозокот, но веќе било доцна.

„Откако ги виде снимките дека се работи за масивно крварење во мозокот, дека многу време се чекало да се донесе на клиника и дека е многу тешко да преживее“, објаснува Монси.

Доктор Кирил Лозанче кој ја извршил операцијата, за А1 изјави дека Трајко најверојатно ќе се спасел доколку бил донесен навреме.

Зошто таа ноќ лекарите трипати ја менувале дијагнозата - од лесен потрес на мозокот, до мозочен удар? Зошто не го однеле на клиника веднаш? Ќе се води ли истрага за случајот?

Одговорот го побаравме во Управата на итната медицинска помош. Веднаш знаеја за што се работи, не сакаа да кажат по која дијагноза бил третиран починатиот Трајко.

„Фамилијата на пациентот или пак пациентот доколку тој е во можност има право да си побара медицинска потврда од страна на службата во којашто ќе стои за сите интервенции“, изјави Мака Поповска од Управата на итна помош.

„Понатаму, ако има забелешки, се проследува целиот случај до комисија која ќе го разгледа случајот во однос на тоа дали имало неправилности во однос на работата на екипата“, рече Маја Поповска.

Семејството за несоодветно лекување и неукажување на медицинска помош ќе се жалат во надлежните домашни и странски институции.
 
Сум прочитал многу вакви стории, и запознаен сум со “заинтересираноста“ и “професионалноста“ на нашите лекари....Прашањето ти е на место...Но мислиш дека некој има одговор? Сите можеме само да нагаѓаме...
 
Комшијата кога умре кај мене пред десет години го најдовме на скали уште беше жив ама одвај. На брзата помош и требаш 45 минути за да дојде до нас. Само за споредба пешки од кај мене дома до кај нив се оди за 20 минути.
 
ммм...сочуство..ваљда...што требаше да значи ова? Верувам дека било така, ама што...како можеш ти да помогнеш? никако...како може било кој да знае како тоа ке се смени? никако...
 
ммм...сочуство..ваљда...што требаше да значи ова? Верувам дека било така, ама што...како можеш ти да помогнеш? никако...како може било кој да знае како тоа ке се смени? никако...

Се работеше за комшија така да не треба сочуство барем не на мене. и жена му почина за некоја година после тоа ама стари беа.

А за помагање може да помогнеме сите ние. Сепак мислам дека е редно време да се побуниме. Се бунтуваме за се за име (не викам дека не треба само кажувам), за цркви, за триста ијади други работи но за вакви работи од кои може утре да не зависи животот или животот на децата наши молчиме.

А здравството може да се реформира многу лесно, само треба да се има желба и волја.
 
Мислам дека бунтот нема да помогне, ама ич...Знаеш колку им е гајле на тие дека докторите се влечкаат буквално, и онака лефтерно прегледуваат пациенти??? Да бевме во некоја поразвиена земја, да се деси нешто такво, ке го тужиш, ке земеш пари...Ама ако резултира со смртен случај ни пари не помагаат. Ништо не го враќа...
Поентата ми е...џабе..(до негде)...
Како прво нема кој да не организира...На сите им треба водач, никој нејке да води во Македонијава, ако има обрвски, бегаат подалеку од тоа...
Второ, кој ке не слуша? Кај ке протестираме? Како ке бидат регулирани акциите на докторите и нивното ангажирање? Никако...
 
Коренот на проблемот е во тоа што докторите во нашата држава се третирани на најниско ниво, да не речам полошо и од обичните хигиеничарки.

Порано се знаело, докторите биле гледани со почит и сите биле како една глава повисоки од сите.

Денеска нема никакви услови во болниците, апсењето доктори како лов на вештерки, незантересираноста на владата да инвестира во тоа.
И уште мал милион примери...
 
Коренот на проблемот е во тоа што докторите во нашата држава се третирани на најниско ниво, да не речам полошо и од обичните хигиеничарки.
Да не бидам безобразен но...Медицина...Колку луѓе се упишуваат? Средно и факс? Многу? Да...Колку луѓе од нив завршуваат??? 90% ?? Да...Колку од нив стануваат доктори? (безразлика дали приватно или државно) Гоооолем дел...И? Ми ја сфаќаш поентата? Никој веќе нејке амал да биде...Сите сакаат доктор или менаџер некој, шефче да биде, со актовка и лаптоп на работа...Сите “научуваат“ за доктори, и доктори стануваат...
*чесни изузетци...
 
Затоа не треба да се реагира пред болници туку пред влада. Државата треба и мора да го реши овој проблем. Ова е процес кој поминал во десетици земји и денес е решен. Вакви работи како во Македонија нема ни во Куба, верувај сум гледал документарци и таму имаат подобро и поефикасно здраство.
 
Aбе и нашите снимај ги, кажи им дека ке ги има во документарец, ке видиш како ке трчаат...Во документарците се “расцветува“...
 
Коренот на проблемот е во тоа што докторите во нашата држава се третирани на најниско ниво, да не речам полошо и од обичните хигиеничарки.

Порано се знаело, докторите биле гледани со почит и сите биле како една глава повисоки од сите.

Денеска нема никакви услови во болниците, апсењето доктори како лов на вештерки, незантересираноста на владата да инвестира во тоа.
И уште мал милион примери...

Никој не ги брка докторите напротив тие се ставени во златно звоно па затоа и се случуваат овие арботи кои се случуваат денес. Да не беше така досега десетица доктрои ќе лежеа во затвори. ако не се лажам во Македонија се уште нема ниту еден доктор осуден.

А не ми е јасно како тоа мислиш лошо се третирани. На кој начин? Кој ги третира толку лошо?
 
Да не бидам безобразен но...Медицина...Колку луѓе се упишуваат? Средно и факс? Многу? Да...Колку луѓе од нив завршуваат??? 90% ?? Да...Колку од нив стануваат доктори? (безразлика дали приватно или државно) Гоооолем дел...И? Ми ја сфаќаш поентата? Никој веќе нејке амал да биде...Сите сакаат доктор или менаџер некој, шефче да биде, со актовка и лаптоп на работа...Сите “научуваат“ за доктори, и доктори стануваат...
*чесни изузетци...
Јасно ми е тоа, ама ако видиш кој го потикнува тоа создавање на строго квалитетни и високо образовани кадри, денеска некако мода е сите да бидат доктори и економисти.

Пак ке кажам државата е крива, затоа што знае кои се нашите најголеми слабости а воедно и нашите најголеми квалитети... е сеа финтата е што тоа кај што сме најдобри не се форсира.

Ако им смалиш квота, а реално треба да се смали затоа што премногу студенти го запишуваат тоа, под услов сите и да го завршат нема да можат да се вработат дека нема толку капацитети.
Е сеа ако им смалиш нели 21 век е, демократија па тука протести ке има како смеат они така и слично.

Факт е дека сме држава со изместени вредности, потребно е менување на целото наше општество од корен.
 
Да не бидам безобразен но...Медицина...Колку луѓе се упишуваат? Средно и факс? Многу? Да...Колку луѓе од нив завршуваат??? 90% ?? Да...Колку од нив стануваат доктори? (безразлика дали приватно или државно) Гоооолем дел...И? Ми ја сфаќаш поентата? Никој веќе нејке амал да биде...Сите сакаат доктор или менаџер некој, шефче да биде, со актовка и лаптоп на работа...Сите “научуваат“ за доктори, и доктори стануваат...
*чесни изузетци...

Не завршуваат толку многу. Прашањето е кој завршува. Пред недела дена бев во на државно на ова заболекарскиот одел во Скопје. Што да видам. Сите нови докторки и доктори на спремање која од згодна позгодна. Како за мис да ги избирале. Сега прашањето е каде отидоа неубавите луѓе. не ги бива за заболекари или пак нешто не е во ред со сликава?
 
Непрофесионалноста на здравството кај нас ги минува сите граници.Примери милијарда.Мислам дека нема човек кој немал лошо искуство со здравствената услуга.Итен случај после полноќ-лекарите се лути зошто ги будиме молим ти се?
Тие земаат плата за да работат или да спијат?А тоа што се работи за сериозен случај не е воопшто битно него жестоко се расправаат и напаѓаат што сонот им бил прекинат?
Обичен лекарски преглед и доаѓа ред за зимање на крв од вена.Две сестри не можат да ја погодат вената добри дваесет минути и си боцкаат постојано, се додека особата не се онесвестува од болки поради преголемите модрици и отоци од безуспешното погаѓањето во целта.Навистина некој треба да се учи на некого, ама за лаборантите има пракса на фантоми...
Друга работа е со несоодвтноста на лекарствата што ги препишуваат и квалитето на вакцините.Точно е и тоа дека дури и една Америка има проблем со квалитетот на вакцините кои предизвикуваат премногу болести навесто да излечат и да спречат нешто, но сепак тоа не е оправдување.
Треба да се преземат сериозни мерки...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom