Документарци

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Овие од Дизни што излегуваат секоја година на денот на планетава по еден. Многу ми се јаки, наратори се на Oceans - Пирс Броснан, на Earth - Џејмс Ерл Џонс (американската верзија) и Патрик Стјуарт (англиската верзија), и African Cats - Семјуел Л. Џексон.
Dude дај линкои за даунлоад од горенаведениве...
 
Документарец кој објаснува многу феномени кој го изменија интернетот. :D

Everything and Nothing, Nothing (2011)
од професор Jim Al-Khalili, британски теориски физичар.

Вториот дел од серијалот, кој објаснува дали може да постои ништо во определен простор. Употребувајќи ги Дираковите равенки и современата технологија, Ал-Калили (наводно) докажува дека ништо не може да постои и дека и во простор кој го нарекуваме вакуум, материјата е способна да се произведува од ништото, произведувајќи истовремено антиматерија.

Овие ставови во целост се поклопуваат со тврдењата на Стивен Хокинг дека универзумот е способен да се создава себе си од ништо.
Документарецот изобилува со експерименти и вреди да се погледне (59 мин.). Верувам кај повеќето кои го гледале, им го сменил начинот на конвенционалното гледање на светот.
 
Vaccine Nation (2008)

Документарка која само што ја гледав и која кај мене предизвика чуство на неопислив револт.

Во САД, бројот на вакцини кои едно дете треба да ги прими пред да појде на училиште, достигнува до 36!
Вакцините кои таму се инјектираат во децата содржат: жива, формалдехиди, антифриз, олово, алуминиум, абортирано ембрионално ткиво, живи вируси...
Во првите неколку недели од раѓањето, секое дете прима по 7-9 различни вакцини одеднаш.
До својата втора година, секое американско дете преку вакцини прима по 250 микрограми жива.
Секоја година, над 6.000 американски бебиња умираат како последица на запаление на мозокот, крварење во мозокот и проблеми со градниот кош како последица на вакцините со тиoмерзол (кој содржи жива).
Бројот на бебиња кои починале по неколку часа по вакцинирањето (од непознати причини) е огромен. Над 3.000 Амери издржуваат доживотна казна затвор заради предизвикување излив на крв во мозокот на сопственото бебе, кој наводно настанал од тресење на бебето, а всушност е резултат на воспалението предизвикано од вакцините.
Пред 30 години, стапката на аутизам меѓу децата била 1:10.000. Денес таа е 1:94 до 1:150!!!

Зошто некој би сакал нечии деца да се вакцинираат со толку многу штетни вакцини, додека (со документи потврдено), нивните деца и внуци ги чувале настрана од нив? Кои сё последици ги предизвикуваат вакцините?

Аутизам.
Autism_i_USA.gif

autism_rates_by_nation_map_by_leekduck-d2zdl4d.jpg
 
Топ 10 документарци кои треба да излезат наредната година

http://www.pbs.org/pov/blog/docsoup...=Facebook&utm_medium=fanpage&utm_campaign=pbs

Едит: Пардон мислев оваа година, вака звучам како nescafe :DD

Американците од се' можат да направат документарна. Овој Салинџер може ќе биде добар.
 
Американците од се' можат да направат документарна. Овој Салинџер може ќе биде добар.

И јас го пикирав документарец за Селинџер пошто Игра во Ржта ми беше омилена книга во тин фазата и уште ми е пошто сум емоционално зелен, исто и број 20 со LCD Soundsystem би требало да биде интересен. Останатите горе долу не сум нешто посебно заинтересиран.
 
Vaccine Nation (2008)

Документарка која само што ја гледав и која кај мене предизвика чуство на неопислив револт.

Во САД, бројот на вакцини кои едно дете треба да ги прими пред да појде на училиште, достигнува до 36!
Вакцините кои таму се инјектираат во децата содржат: жива, формалдехиди, антифриз, олово, алуминиум, абортирано ембрионално ткиво, живи вируси...
Во првите неколку недели од раѓањето, секое дете прима по 7-9 различни вакцини одеднаш.
До својата втора година, секое американско дете преку вакцини прима по 250 микрограми жива.
Секоја година, над 6.000 американски бебиња умираат како последица на запаление на мозокот, крварење во мозокот и проблеми со градниот кош како последица на вакцините со тиoмерзол (кој содржи жива).
Бројот на бебиња кои починале по неколку часа по вакцинирањето (од непознати причини) е огромен. Над 3.000 Амери издржуваат доживотна казна затвор заради предизвикување излив на крв во мозокот на сопственото бебе, кој наводно настанал од тресење на бебето, а всушност е резултат на воспалението предизвикано од вакцините.
Пред 30 години, стапката на аутизам меѓу децата била 1:10.000. Денес таа е 1:94 до 1:150!!!

Зошто некој би сакал нечии деца да се вакцинираат со толку многу штетни вакцини, додека (со документи потврдено), нивните деца и внуци ги чувале настрана од нив? Кои сё последици ги предизвикуваат вакцините?

Аутизам.
Autism_i_USA.gif

autism_rates_by_nation_map_by_leekduck-d2zdl4d.jpg
Да може од негде да те чита Саган, од гробот ќе стане и ќе те дави.
 
Се мислев дали да ги пишам документарциве во Последен гледан филм, ама мислам дека многу посоодветено место им е тука;)

Значи со ред.

1. Freddie Mercury, The Untold Story

Конечно го изгледав документарецов, посветен на една од најголемите музички легенди на сите времиња. Прашањето е дали го сметам за соодветен и добар? Искрено, му давам просечна оценка. Режисерот можеби имал добра замисла во која би го прикажал Фреди надвор од сцената, преку приказната за неговото детство во Занзибар, арт училиштето и секако изјавите на неговите најблиски, но не може човек да не забележи дека овде нешто фали. А што фали? Најбитното, Фреди Меркјури. Тврдам дека денешните генерации, како и оние кои биле мали кога Фреди царувал на сцена, никогаш не би можеле да го согледаат како личност само преку приказните на пријателите и роднините. Фалеа исечоци од интервјуа со него, неговите изјави, фалеа оригинални снимки од зад сцена, од Фреди во своето секојдневие. Тој Фреди го немаше во овој документарец.

Со овој документарец ќе ја научите приказната за младиот Фарук Булсара, кој бил неверојатно срамежлив и повлечен, освен кога ќе застанел на сцена. Немаше никаков жар во приказната за Фреди, а ваква легенда сметам дека заслужува многу повеќе. На многу моменти човек ќе се заборави што гледа и ќе му стане здодевно. Ама хеј, приказната е за Фреди и не е најлошиот документарец на светот, па не е лошо ниту да го погледнете. Јас сметам дека единствено му фалеше Фреди повеќе да го има во него.

2 Talihina Sky: The Story of Kings of Leon.
talihina-sky-movie-poster.jpg

Praise Jesus! Ако оваа мисла не му се врти на секој еден кој го изгледал документарецов, јас глава сечам. И тоа не од добра перспектива. Не да ја утнал работата режисерот, комплетно се изгубил. Наместо да го прикаже создавањето и подемот на еден од најпопуларните бендови денес, тој ги измешал брзините целосно. Јасно ми е дека идејата е да се прикаже опкружувањето во кое израснале тројцата браќа ( Кејлеб, Нејтан и Џеред) со нивниот братучед Метју, ама ова што го видов повеќе личеше на религиозна пропаганда отколку на документарец за рокенрол бенд. Религозното воспитување на момциве комплетно го опседнал режисеров. Ама апсолутно ништо друго нема да видите.

Ваквите документарци бараат приказ на тоа како се создадени песните, музиката, текстовите. Овде го имате само опкружувањето во кое дечкиве израснале. Богами израснале во мизерија. Во памет ќе ми остане изјавата на Кејлеб, кој велеше дека до толку биле сиромашни како деца, што сите тројца спиеле на ист кревет, најчесто биле гладни, а тој и Нејт имале само два пара пантолони кои си ги менувале секој ден, не смееле да гледаат телевизија итн итн. Овде не да имате основа да направите бомбастичен документарец, просто да се чуди човек како е волку просечно изведено се. Од синови на свештеник кои сметале дека рокенролот е ѓаволска музика, да станат токму тоа што најмалку се очекувало. Како сега некој бенд од Долно Дупени да ја наполни Борис Трајковски и да прави турнеи со полни сали низ цел Балкан. Мене искрено ме импресионира од каква основа, до каде дошле. Да дојдеш од толку затуцано место, сосем загушени како деца во секој поглед и да направиш таков пробив заслужува почит. КОЛ се вистинска романтичарска рокенрол приказна, и од почит кон нив, нема премногу да им мрчам, па дури и ќе го препорачам документарецов на оние кои ги слушаат.

Ми остана да го изгледам уште документарецот за Pearl Jam. Е од него очекувам доста.;)
 
Интересен трејлер за документарец во кој се зборува дека наводно Југославија имала вселенска програма. Иако малку ми личи на мокументарец наместо документарец, останува да почекаме до 2013.
 
Многу често разноразни неписмени гомнари од обата македонски политички полови се обидуваат да си ги перат гнасните муцки со Уго Чавез, па еве го во прво лице во документарецот на Оливер Стоун и него и Ево Моралес и уште неколкумина Јужноамерикански државници...
--- надополнето: 31 јануари 2012 во 12:11 ---
war-on-democracy-in-maldives.jpg

А еве и Џон Пилџер што има да каже на истата тема. Линк до филмот на YouTube со српски титлови....
 
Гледан, одличен филм, ја прикажува „другата страна“.
 
Еве уште малку на темата надворешна политика на САД:

watch
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom