Чив беше ти мали?

  • Креатор на темата Креатор на темата B. Boop
  • Време на започнување Време на започнување

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
САМО МАНУ И МАМА ЗНАЕ!

Чив беше ти мали?

Од извршени дваесетина анализи годишно за испитување на татковството, двајца до тројца татковци во земјава констатираат дека некој друг место нив е биолошки родител на нивното дете

4F6ED361392E754BBE6EDAA17ADEA5DC.jpg


Двајца до тројца татковци во земјава годишно откриваат дека тие не се биолошкиот татко на својот син или ќерка.
Вакви се показателите на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Според Академик Георги Ефремов годишно од 15 до 20 испитувања се вршат во нивната генетска лабораторија, конкретно на барање на еден од родителите, најчесто таткото.
-За среќа разочарување има за мал дел од татковците, бидејќи анализите потврдуваат дека кај најголем дел токму тие се биолошкиот родител-вели академик Ефремов. Тој појаснува дека на барање на судовите за докажување на татковството годишно имаат од 20 до 30 случаи. Татковциите вообичаено во судските случаи одбиваат да плаќаат алиментација за децата и токму поради тоа не доаѓаат во Центарот да дадат примерок на крв и да ги направат потребните анализи. По извесно време овие судски предмети се враќаат назад во судовите и како завршуваат во Истражувачкиот центар не се запознаени.
Во оваа врвна лабораторија која работи по сите светски протоколи и стандарди татковството се докажува преку анализи на крвта на двата родитела, мајката и таткото, но и на детето. Постапката се плаќа приватно, таа не е дел од услугите кои се договорени со Фондот за здравствено осигурување, бидејќи тоа не е неопходна здравствена услуга. Цената на услугата достигнува 18.400 денари, односно по 100 евра од секое лице.
По двегодишна пауза деновиве лабораторијата во МАНУ повторно почна да работи со сини картони. Тоа значи дека обновен е договорот со Фондот за здравствено осигурување за давање на здрвствени услуги на осигурениците во специјалистичко-консултативна услуга.
Со потпишувањето на договорот меѓу двете институциии осигурениците плаќаат само партиципација во износ од 10 проценти за извршената лабораториска анализа. Останатиот изност е на товар на Фондот, а досега (изминативе две години) лицата што ги правеа анализите ХПВ тестовите, за Хепатит Ц ги плаќаа приватно, од свој џеб.
-Со потпишувањето на новиот договор лабораторијата презеде и обврска за врши и лабораториски анализи за потребите на здравствените институции, кои исто така се на товар на Фондот, велат од Истражувачкиот центар при МАНУ.
Се работи за лабораторија која што е единствена од ваков вид во земјава, каде работи врвно обучен кадар кои ги подготвува речиси 80 проценти од анализите што се прават во земјава.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=12C685AECC02D74E84FE3E4B36FF9469

Ситуација во која не би сакала да се најдам во никаква улога, нит како дете, нит како родител. Искрено, изненадена сум дека има толкав број на барања за испитување на татковството. :icon_conf

Значи, замислете си ситуација каде во одреден момент од вашиот живот (под претпоставка дека изминале повеќе години од бракот) дознавате дека детето за кое цел живот знаете дека е ваше, наеднаш се испоставува дека не е.
Која ќе биде најмудрата одлука што треба да ја донесете имајќи предвид дека што и да се одлучи од моментот на дознавање на такво нешто се` е поинаку.
Дали ќе останете во брак и покрај фактот што некој ве предал или ќе се спакувате и ќе си заминете, притоа жртвувајќи и бракот и детето (и покрај фактот што не е биолошки ваше).
Напишете се` што би направиле, само немој да ја убивате жената. :) Иако на многу од нас првата реакција би им била таа, сепак, да не се оди до крајности.
 
Е то е то.Од пусти страв да не те убие сопругот ќе ја криеш вистината и ќе ги лажеш сите наоколу....:icon_lol:Инаку ептен е неферски и спрема сопругот и спрема биолошкиот татко и се разбира спрема детенцето.Сите ите како заслужуваат да ја знаат вистината и фаламу на бога што постојат вакви современи методи за докажување на татковство.:helou:
 
Значи, замислете си ситуација каде во одреден момент од вашиот живот (под претпоставка дека изминале повеќе години од бракот) дознавате дека детето за кое цел живот знаете дека е ваше, наеднаш се испоставува дека не е.
Или да ти дојде некое дете и да ти рече ти си мојот вистински татко???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom