Дали преговорите би оделе помазно со Јоргос Папандреу?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Поразот на Караманлис ги одложува преговорите за името


Дали преговорите би оделе помазно со Јоргос Папандреу, кој пред неколку години индиректно го поддржа уставното име на Македонија, а сега го критикува Караманлис дека не е доволно „тврд“ за името?




Турбуленциите на грчката политичка сцена по поразот што го доживеа владејачката партија Нова демократија на изборите за Европскиот парламент ја исклучуваат можноста Македонија и Грција летово да стигнат до решение за името. Откако најголемата опозициска партија ПАСОК победи на европските избори, во Грција се најавуваат предвремени парламентарни избори што би се одржале во септември или октомври годинава.
Дотогаш не може да се очекува значаен напредок во преговорите за името.

Политичките калкулации покажуваат дека Македонија навива во идната премиерска фотелја во Грција да седне Јоргос Папандреу, лидер на ПАСОК, кој победи на изборите за Европски парламент.

Оние што лично го познаваат тврдат дека тој има порационални ставови за името од оние на актуелниот грчки премиер Костас Караманлис. Сепак Македонија не може да се надева дека бившиот министер за надворешни работи Папандреу ќе биде попустлив за прашањето за името, кое е од национален интерес за Грција.

- Папандреу е поинаков ков на политичар за разлика од Караманлис. Сепак Груевски греши ако се надева дека Папандреу ќе попушти за името, затоа што тој ќе сака да си ја загарантира победата и ќе ја продолжи веќе познатата грчка политика. Со Папандреу единствено може да се очекува забрзување на преговорите - вели Владо Бучковски, кој е пријател со Папандреу. Бучковски вели дека Папандреу лани сакал да дојде во Скопје за да го навести грчкото вето во Букурешт. Лидерот на ПАСОК е единствен висок грчки политичар што ја посети Македонија по заладување на односите со Грција поради тоа што САД го признаа нашето уставно име. Токму при последната посета во 2006 година, Папандреу изненади со изјавата дека името треба да нé спојува наместо да нé раздвојува.

- Дијалогот е единствениот пат што води кон мир и благосостојба. Треба политичка волја за да ги оставиме зад себе горчините и крајностите и двата народа да се чувствуваат гордо за решението, сфаќајќи ја чувствителноста на другиот. Ние сме тие што ќе живеат еден покрај друг, а следните генерации нема да ни судат според минатото, туку според тоа каква иднина им креираме - изјави тогаш Папандреу како гостин на сестринската партија на ПАСОК, СДСМ. И покрај тврдењата дека токму со Папандреу како шеф на грчката дипломатија Македонија била најблизу до решение на спорот, денес лидерот на ПАСОК има идентични ставови за името со владејачката Нова демократија - име со географска одредница за севкупна употреба. Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, кој тврди дека со Папандреу во 2002-та биле блиску до решение, објаснува дека тој е поприемчив од премиерот Караманлис.

- Папандреу има поразбрана позиција и амбиција да биде лидер на процесите на Балканот. Затоа ќе гледа да го оконча процесот што побрзо - вели Чашуле, кој има пријателска релација со Папандреу. Чашуле оценува дека дури и да не се одржат предвремени избори во Грција, со поразот што го доживеа Нова демократија пропаѓа најавата дека САД во јули ќе донесат нов предлог. Васил Тупурковски, кој исто така важи за пријател на Папандреу, смета дека ќе претстои интересна ситуација ако ПАСОК победи на предвремените избори.

- Папандреу нема да води политика што не им одговара на грчките национални интереси. По изборите во Грција ќе порасне притисокот врз двете страни да постигнат решение - смета Тупурковски.

Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=69934931472&id=9&setIzdanie=21707
 
Утопија.
Влегоа во филм, господ не ги вади.
Пре војна ќе има со нив одколку тие да не остават како Р.Македонија.
 
Грција ништо не губи, ама баш во буквална смисла на зборот: нит туристи, ниту нејзините инвестиции во Македонија страдаат, ништо. Едноставно Грција може да си ја игра играва до бесконечно.
 
пффф само кај нас постојат ниајнсите помеко, шатро потврдо, тврдо.
Нормална земја со нормален народ не знае ни за меко ни за лабаво.
 
Koito i lider da doide na vlast vo Grzia ,nema da ima smena na stava spremo Makedonija.Sporot e vo vakva faza sto seka odstapka ke se talkuva kato nacionalno porajenie..
 
... ИМЕТО МАКЕДОНИЈА НЕ Е НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС НА ГРЦИЈА ...
... АКО БЕШЕ ТАКА , ТАА ВЕДНАШ ЌЕ СЕ ПРЕИМЕНУВАШЕ ВО МАКЕДОНИЈА .


... И УШТЕ НЕШТО :

НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА НИ ГО СМЕНИ ИМЕТО !
 
Iako e socijalisticka partija imeto PASOK na grcki prvata bukva e Pan-hellenic znaci sve helenski. Taka da mozi uste poke problem drugo nisto ne.
 
Дали преговорите би оделе помазно со Јоргос Папа...
Да доколку во нив се употреби количество на вазелин.
За оние кои че му ја седнат да преговарат за нашето
 
Преговорите идат мазно со било која грчка партија на власт,ама не поради грците ,него поради нашите политичари кои се дебело подмачкани со вазелин од позади па иде мазно без проблем со било кој:toe:
 
За разлика од "некои" Грците знаат што значи НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, и не се заебава со него кој како ќе му текне кога ќе дојде на власт, бидејќи глави летаат за такви работи.
 
... ајде и кај нас да летат :) ...
 
Татко му на Јоргос у многу слична ситуација на онаа во која што,ко за пример се наоѓа Гwујо у моментов:
Па вие сами проценете колку `мазно` ќе одат преговорите. :)
 
Грк си е Грк, додека анархистите не дојдат на власт (контрадикторно), Македонија нема аир да види.

Најголемата грешка на Македонија е тоа што за време на Југословенската Федерација, Македонија и Македонците не ја експлоатираа Грција до максимум... да се надеваме дека кога ние ќе сме во по-поволна позиција, нема да им простиме толку лесно за ова што ни го прават денес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom