Пубертет

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Пубертет е процес низ кој под дејството на хормоните, телото на девојчињата и момчињата се менува и созрева. Вашето дете ќе созрее од дете во жена односно маж.

Кога се јавува?
Обично, кај девојчињата започнува порано отколку кај машките. Постои широк ранг на возраст, на која може да започне. Кај девојчињата најчесто започнува помеѓу 9 и 13 години. Кај момчињата помеѓу 10 и 16 години. Најчесто започнува во исто време како што било кај родителите.

Кои промени се очекуваат кај девојчињата?
  • Обично прво се зголемуваат градите.
  • Се појавува влакнетост на пубичната регија ( подрачјето помеѓу нозете) и под пазувите.
  • Мирисот на телото станува посилен.
  • Кожата станува помасна. Се јавуваат бубуљици (акни).
  • Започнува да добива во тежина, особено околу колковите.
  • Започнува забрзано да расте во висина.
  • Потоа ја добива првата менструација и започнува менструалниот циклус. Обично ова се случува, во тек на 2 години откако започнале да растат градите.
Кои промени се очекуваат кај момчињата?
  • Расте пенисот и тестисите (јајценцата). Ова е обично првата промена.
  • Станува влакнест на рацето, лицето, нозете и во пубичното подрачје (подрачје помеѓу нозете).
  • Кожата станува помасна. Може да му се јават мозолки (акни).
  • Мирисот на телото се засилува.
  • Пораснува во висина. Рамената му се прошируваат.
  • Започнува да добива во тежина.
  • Гласот се задебелува.
Колку трае пубертетот?
Може да трае и до 8 години. Кај некои луѓе завршува побрзо. Кај други тече поспоро.
 
Најомразен период во мојот живот ми е пубертетот :(

Не ме прашувајте зошто оти ќе ме носите на душа :cry:
 
Пубертет
s.gif


Многу е забавно
s.gif

girls2_200020497-001.jpg
s.gif
Во пубертет, некои промени се случуваат само кај девојките, а некои само кај момчињата. Ако си девојка, кои промени може да ги очекуваш?




Што е пубертет?
s.gif

Пубертет е процес на промена кој се случува додека раснеш и стануваш физички зрела и способна да имаш деца.
s.gif


Колку трае пубертетот?
s.gif

Кај девојките, обично настапува во периодот од 10 до 16 години. Некогаш порано, а некогаш подоцна. Кај секого е различно... и не постои баш никаков начин тој да се забрза (избегне).
Прекрасното, единствено човечко суштество што постои во тебе нема да се промени. Но, ќе се променат многу други работи.
 
Почести прашања на девојките кои се во пубертет

Колку денови ќе ми трае менструацијата?
s.gif

Помеѓу 2 и 8 дена кога си помлада. Подоцна, најверојатно е да трае помеѓу 3-7 дена.

Еден месец менструацијата ми е навистина послаба по интензитет, а следниот пообилна. Треба ли да се грижам за тоа?
s.gif

Не, воопшто. Ова е нормално во првите 2-3 години од менструацијата.

Дали е точно дека не треба да пливам кога имам менструација?
s.gif

Не, не секогаш. Убаво е да се плива, особено кога немаш обилна менструација. Само стави нов тампон пред да влезеш во вода и замени го кога ќе излезеш.

Дали е точно дека жената може да добие менструација на иста возраст како и жените од нејзиното потесно семејство?
s.gif

Да, постојат и истражувања кои го потврдуваат ова.

Имам болки во стомакот помеѓу две менструации. Дали е тоа во ред?
s.gif

Доколку имаш грчеви, тоа не е загрижувачки, но ако имаш вистински болки кои траат подолго од неколку часа и во последователни денови, тогаш тоа не е во ред. Овулацијата не треба да е болна. Консултирај се со твојот доктор.

Не можам да поднесам допир на моите гради пред и за време на мојата менструација. Тие навистина ме болат.
s.gif

Вообичаено е твоите гради да се чувствителни, особено пред и за време на менструацијата и како старееш, тоа ќе се намали. Бидејќи твоите гради се способни да произведат млеко за доење, тие се многу чувствителни на сите хормонални промени во твоето тело.

На која возраст обично започнува менструалниот циклус?
s.gif

Било која возраст помеѓу 9-16 години. Просечната возраст е 13 години.

Како машката сперма влегува во женската вагина?
s.gif

Кога момчето е сексуално возбудено, пенисот се стврднува. Тоа овозможува лесно да се внесе во женската вагина.

Сите зборуваат за хормони во пубертет, но јас не знам што се тие?
s.gif

Хормоните се хемиски супстанци кои твоето тело природно ги произведува. Тие поттикнуваат голем број важни телесни функции.

Имам вагинален исцедок. Значи ли тоа дека имам инфекција? Никогаш сум немала сексуален однос.
s.gif

Нормално е девојките да имаат вагинален исцедок во периодот кога треба да добијат менструација. Вагиналниот исцедок не се јавува секој ден, понекогаш ќе биде послаб, а понекогаш поизразен. Неможеш да имаш СПБ ако не си имала сексуален однос, но можеш да имаш габична инфекција и треба да се консултираш со доктор.

Имам акни и тоа ми го прави животот мизерен. Точно ли е дека пилулите можат да помогнат?
s.gif

Да, точно е. Пилулите можат да ги исчистат акните кај повеќето девојки. Може да се земат дури и доколку се уште немаш потреба од контрола на раѓањето.

Имам навистина јаки грчеви кога имам менструација. Како најдобро да се справам со нив?
s.gif

Некои девојки патат од силни болки за време на циклусот. Често, прошетките, можеби некои вежби или некој слаб лек против болки, може да ги олесни. Доколку се многу силни, прашај го твојот доктор, дали пилулите можат да помогнат.

На која возраст треба да почнеш да имаш сексуални односи?
s.gif

Тоа не е прашање на возраст, бидејќи различни луѓе созреваат во различни периоди. Но, треба да си во љубовна врска со некого кого доволно долго го познаваш за да бидеш сигурна дека се грижи за тебе.

Што е итна контрацепција?
s.gif

Тоа е пилула која ги содржи истите хормони како и контрацептивната пилула, но во поголеми количини.

Преплашена сум дека менструацијата ќе ми започне додека сум во училиште. Што да сторам доколку тоа се случи?
s.gif

Не грижи се. Само треба да носиш со себе тампони во случај да се случи тоа.

Можеш ли да забремениш ако имаш менструација?
s.gif

Да, сигурно дека можеш.

Безбедно ли е да земам пилули во моите тинејџерски денови?
s.gif

Постои широко медицинско убедување дека започнувањето со пилули во тинејџерските години нема да му наштети на твоето здравје на било кој начин. Користењето пилули неколку години не влијае на способноста за забременување подоцна во животот. Прашај го твојот доктор за совет.

Некои луѓе велат дека пилулите помагаат при акни, а други дека само ја влошуваат сосотојбата. Што е точно?
s.gif

Постојат нови нискодозирани орални контрацептивни пилули кои целосно ќе ја исчистат кожата за само неколку недели и ќе ги држат акните настрана.

Мојата кожа и мојата коса се ужасни. Може ли пилулите да помогнат?
s.gif

Во основа сите типови на пилули имаат позитивен ефект на твојата кожа. Но, постојат посебни пилули кои се препорачуваат кај жени со прекумерно лачење на себрум. Тие значително го намалуваат прекумерното лачење, и ја подобруваат состојбата на кожата и косата.
 
Преран пубертет опасност за децата

Преран пубертет опасност за децата

Психологот д-р Арик Сигман откри дека денешните девојчиња влегуваат во пубертет 18 месеци порано од своите мајки и скоро две години порано од своите баби.

Попрецизно, пубертетот на денешните девојчиња започнува просечно на возраст од 10,25 години.

deca7.jpg
Некои претходни истражувања имаа уште пофрапантни резултати.

Научниците од Бристол во 2000 година кажаа дека секое шесто девојче влегува во пубертет пред да наврши осум години.

Некои стручњаци сметаат дека овој преран пубертет се должи на хормонот „лептин“ кој се лачи во масното ткиво, кое се формира од јадење на слатки и брза храна која не ретко е збогатена со хормони.

Но освен тоа, новите генерации повеќе сакаат да патуваат т.е. да се движат со автомобили отколку пешки. Д-р Сигман вели дека и физичките вежби се крајно запоставен момент во животите на младите генерации.

Прераниот пубертет претставува ризик за девојчињата. Тој може да биде предизвикан и од нездравите односи во домот. Научно е докажано дека девојчињата кои живеат со очуви порано влегуваат порано во пубертет. Стресот исто така доведува до прерано „созревање“ на децата. Емоциите на овие девојчиња се ранливи и често патат од депресија, проблеми со однесувањето, пиење, пушење дрога и сл.

Девојчињата кај кои прерано започнал процесот на созревање не можат да ги контролираат своите сексуални пориви (кои неприродно се јавуваат на таа возраст) за разлика од они кои влегуваат во пубертетот во точно определеното време од страна на биолошкиот часовник.
 
mene ova pubertetov nema da me pushti dur ne napunam 25 :))))))
 
Јас на мојот не му давам да ме пушти. Пубертет, колку е тоа убаво и убаво звучи.
 
Абе ебати пубертето од се, влакна брада, јаболка круши.. само курето не ми порасна,...ај..ај.. чечекам до 20инекоја :)
 
Што се разбацава со тампони оваа дофтуркава во Q&A, горе. Ја би идела на влошки поише.
 
Pubertet...strasna rabota...vtor pubertet takozvan starinski pubertet..uzasssssssssssssssssssss!!!
 
Не знам, сериозно, јас мислам дека мажите, кои се послободни и малку пооткачени во почетокот на пубертетот никогаш од него не излегуваат потполно, само прават транзиција во старост.
 
Garfield напиша:
Не знам, сериозно, јас мислам дека мажите, кои се послободни и малку пооткачени во почетокот на пубертетот никогаш од него не излегуваат потполно, само прават транзиција во старост.
Ова е дефинитивно најголемата вистина што е кажана на оваа тема! Ако тргнам од себе, 100% е точно. Ок, пубертетот како физичка појава кај секого од нас е врзан со времетраење за некој пероид од животот, но гледано од друга страна некои луѓе се цел живот во него.
-И на ова што го цитирам од Гарфилд само уште нешто би додал:
Не е тоа случај само со мажите, и ако поретки се случува но и за жените важи истото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom