Нема втора шанса за тинејџерите злосторници

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ги подржувате ваквите жестоки казни за тинејџерите злосторници

  • Вкупно гласачи
    28
Девојче ја уби мајка си во Турција

Едно 11-годишно девојче од Адана во Турција ја уби изутринава својата мајка поради тоа што не и дозволила да учествува на приемниот испит за средни училишта.
Малолетната Р.А., ученичка од седмо одделение на основно училиште, сакала да учествува на контролниот испит за проверка на знаење за учениците на завршните одделенија на основните училишта.
Сепак, мајка и Сонѓул А., која веќе три месеца не ја пуштала да оди на училиште, и забранила да оди на контролниот испит чии поени од последните три години се собираат за упис во средните училишта.
По непроспиената ноќ, откако претходната вечер имала караница со мајка и, Р.А. изутринава во 5.30 часот го земала пиштолот од нејзиниот татко, кој како железничар критичната ноќ бил во трета смена, влегла во собата во која спиела мајка и и испукала еден куршум во глава.
Откако ова го сторила, Р.А. го ставила пиштолот во чанта и се пријавила во полициска станица, каде што изјавила дека пукала во мајка и затоа што не и дозволила да излезе на контролен испит.
Полицајците кои веднаш излегле на местото на настанот ја затекнале Сонѓул А. сета во крв и тешко ранета. Таа итно била префрлена в болница, каде што и покрај лекарската интервенција починала.
која е таа чудовишна снага дете дури и по мајка да посегне. Од друга страна дали девојчето е малтретирано и дали општеството сторило нешто во врска со тоа?
 
Девојче ја уби мајка си во Турција

која е таа чудовишна снага дете дури и по мајка да посегне. Од друга страна дали девојчето е малтретирано и дали општеството сторило нешто во врска со тоа?

На темава интересен коментар на сајтот на А1:

Е не ќе си играме играчки. Кога не ви даваат пари дома , земајте пиштоли тепај се живо :) , се зафркавам. Страшна вест , навистина на каде оди светот...се нема респект кон родител,тоа ти е разгалени деца.

Интересно е како некој ги гледа работите.
 
Е не ќе си играме играчки. Кога не ви даваат пари дома , земајте пиштоли тепај се живо :) , се зафркавам. Страшна вест , навистина на каде оди светот...се нема респект кон родител,тоа ти е разгалени деца.
Хм, коментар достоен за хорор филм. Како некои особи размислуваат. На таква трагедија не треба ситење, никој не ја знае иднината што носи.
 
како прво тие се во тинејерски години, а како друго скоро сите се злоставувани на некој начин. Според мене не заслужуваат таква казна. Тие заслужуваат да зборуваат со некого, некој што ке им помогне. А многу е лесно да фрлиш дете во затвор и ај терај работа. Не е фер, заслужуваат друга шанса
 
Да, но пак се враќаме на почеток на муабетот. Дали тој што е отепан од тоа дете заслужува да биде отепан? Без разлика на тоа дали е злоставувано, ако е нека го казни, нека го пријави тој што го злоставувал. Наместо тоа затвора десетина фамилии засекогаш, им ја решава судбината за век и веков. Тоа е фер од негова страна?

Дали ако дома некој те изнервира-се карате неколку денови по ред, излегуваш и му кршиш рака на комшијата? Онака ладнокрвно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom