Клонирање

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

Клонирање?

  • За

    Гласови: 44 37,0%
  • Против

    Гласови: 43 36,1%
  • Воздржан

    Гласови: 32 26,9%

  • Вкупно гласачи
    119
Воздржана сум. Од една страна можеби е добро, ама од др. не.

За човечко клонирање не сум била никогаш за. Што кога тој клон ќе порасне и ќе дознае дека не е настанат како нормално човечко суштество, дека е само КОПИЈА на некој др. Верувам на никого не би му било убаво да дознае дека е нечија копија. За клонирање на животни, до некаде е ок. Така би се зачувале некои животни што се на работ на исчезнување...а во денешно време мн. ги има.

Но што станува ако гледаме од др. аспект. Убаво има кажано Блек Фајр, не сме ние тие што треба дасоздаваме...за тоа постои Господ. А за тоа со црквата...не се согласувам. Во минатото црквата мн. работи не дозволувала и сметала дека се неморални, па сепак обратно излегло. Земете го само примерот за Галилео Галилеј. Црквата тогаш сметала дека неговото предавање за тоа дека Земјата е топка и дека се врти, се сметале дека се против црквата. значи сметам дека клонирањето не е против црквата, туку против етиката и Господ како наш создавател.
 
:pos: :pos: Добар си ... !!!

Не сум зависен знам доволно работи за да бидем верник ... сум бил на многу места на кој ти не можеш ни да замислиш.
Kako се пости ... ај ти првин кажи ми зашто се пости ??, па после ќе ти одговорим ја .
Збориш за 21 век , да у право си технологијата напредува , но да немавме вера во Господ мислиш сево ова ќе беше вака ?!?! ...

За девојка немам ...
Не сум верник и сум многу против црквата, затоа те прашувам да ме просветлиш сакам, ете ја како неук/глуп и ретардиран.
За болдираното БРАВО ШТО ЌЕ ПИЕШ :smir:
 
Не сум верник и сум многу против црквата, затоа те прашувам да ме просветлиш сакам, ете ја како неук/глуп и ретардиран.
За болдираното БРАВО ШТО ЌЕ ПИЕШ :smir:

Не го реков тоа ја ....
Што мислиш човечки е да се клонира ?, тргнија црквата и верата
 
Не го реков тоа ја ....
Што мислиш човечки е да се клонира ?, тргнија црквата и верата
Да човечки е. И премногу човечки, исто така човечки е и да се греши. Свати малце и погледни на разни страни, прогуглај кои се предностите на клонирањето и едуцирај се, доста ве лажат дека сме од кал создадени.
 
Да човечки е. И премногу човечки, исто така човечки е и да се греши. Свати малце и погледни на разни страни, прогуглај кои се предностите на клонирањето и едуцирај се, доста ве лажат дека сме од кал создадени.

Ти го рачунаш клонирањето како напредување на светот нели ?!
Но нее све во добра смисла ...
 
Ти го рачунаш клонирањето како напредување на светот нели ?!
Но нее све во добра смисла ...
Забегуваш на погрешни теми друже. Ама ај ќе ти кажам.
Да клонирањето е добро т.е. предобро за општеството, со развитокот на технологијата се случуваат и лоши работи. Оружја за масовно уништување и ред бутур ствари.
НО според тебе црквата кажува како што треба нели? А војните кои настанале со причина ЦРКВА? Поделбата на Католичка и Православна? Пак војна, пак ВЛАСТ......ама јас тука фино ќе прекинам да коментирам за црквата, затоа што темата е за клонирањето. И останувам на тоа ДА ЗА КЛОНИРАЊЕТО. Фри Тибет:)
 
Ти го рачунаш клонирањето како напредување на светот нели ?!
Но нее све во добра смисла ...
A според тебе во што е напредокот на светот, ако истото не е напредокот на науката и технологијата?
 
клонирање да сум за ама не за цели луге туку на пример само органи пример луге на кои им треба ново срце а нема донатор да му го исклонираат неговото со тоа што може да се модифицира да се одстрани и излечи болеста
 
Да сум за клонирањ зш да не?Замислете Чак Норис(т.е.јас)што може да направи!
Е сега замислете што може да направи дивизија од Чак Норриси?!:pos2:
А иначе стварно зошто да не?На пример можат да тестираат лекови на Клоновите-некој ќе рече не е хумано-а хумано е да дозволиме милиони луѓе годишно да умираат од некоја болест?
 
Со две раце потпишувам за клонирањето:)
Дури се давам јас да ме клонираат х10 пати. Па да си отворам едно фирмиче :)

А што да не? Не гледам некоја посебна причина против клонирањето. Баш сега у брзо време не се сеќавам точно ама што клонираа некои клетки на една девојка и незнам од што точно беше излечена. Значи има супер перспектива.

Џејми бато, а што на светов се користи само за позитивни цели?

епа срцка, еве ти баш си го кажа тој пример, со клонирање излечиле од некоја болест, значи сигурно може да се прошири некоја болест(по намера) преку клонирање. За тоа што го велиш што веке се користи само за позитивни цели... Зошто да има уште една негативна работа(при толку многу)?
 
Дали сте за или против клонирањето?
воздржан....
Во светот има жолчни дискусии за тоа дали клонирањето е етички или не. Според вас етички ли е?
па...
глеј сеа...ке можат да се клонираат само богатите луѓе....
германците повторно ке напраат чист германец, и ке го клонираат...
русите ке се клонираат...
американците исто така(за да не останат покуси)...
тоа е околу клонирањето на воен план...
______________________________________
е сеа, да неможе да се користи за војна (шо не ми се верува) тогаш е до негде океј...да се користи во случаи кога си пред смрт...дур да излезе потполно успешно клонирање, ке излезе и трансплантација на мозок...така да луѓе ке се клонираат, и ке си го префрлаат мозокот...иначе јас забегав малце, али сума сумаре НЕ!!! Не за клонирањето....

Поточно, не за клонирањето луѓе, а за животни сум за....лајф тајм саплај оф фуд...башка нема веке да изумираат видови на животни....
Хипотетички дали вие би сакале да бидете клонирани?:)
хмм...НЕ :)
 
Немам видено досега ваква тема и затоа ја отварам.:)

Треба малку подобро да прокопаш низ тоа архивата, јас сум сигурен дека едно два три поста имам пишано на тема во врска со клонирање.
 
Сум за клонирање ама само на човечки органи, би можеле да се спасат животите на многу луѓе, а и би помогнало многу во медицинските научни истражувања,да се откријат патофизиологии,етиологија и третман за многу болести.
 
До 4та година средно професорката по биологија не` лажеше дека не е можно хуманото клонирање :tapp:
 
Неможе да се сопре развојот на науката и технологија. Може само да се успорува или да се одржува нелегално- тајно.

Клоновите се веќе реалност.

Како и сите работи и струјата, барутот, железото кои се основни елементи, имаат позитивни и негативни страни.
Според истата логика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom