Клонирање

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

Клонирање?

  • За

    Гласови: 44 37,0%
  • Против

    Гласови: 43 36,1%
  • Воздржан

    Гласови: 32 26,9%

  • Вкупно гласачи
    119
...умирале на 30 и помлади од забоболка :)
...дегенеративниот процес на човештвото не е последица на научните и медицински достигнувања,туку конзумот на истите е сосема погрешен
...а конзумот е прашање на личен избор
 
Ок, кога веќе ги спомна моите предци пред 300 и јаче години, кажи ми како се хранеле нашите предци во камено доба? Каков накит носеле?
Гладијаторите биле вегетаријанци, значи може и така да се преживее. Видиш ја со години така се хранам... и доста сум здрафф а и убафф ( бар така ме лаже златцето ).

Не само накит, користеле и дилдоа од коска.

Да се убедуваме нема, на крај на ден повеќето работи шо ги прајме се од ќеф, не неминовност.
 
Како ќе експериментирате на педофили и силувачи! Не секој педофил е престапник и не секој силувач е де факто виновен. Бевме сведоци на неколку лажни сведочења за силување. Тоа е групата која во овој момент се наоѓа најдоле на општествената скала т.е. група за која на никој не му е грижа. Историски гледано, такви тестови се правеле и врз Евреите, лицата со попреченост, педерите, зависниците и затворениците (за потребите на науката!). Едно време имаа идеја вакцината за Ковид да се тестира во Африка! Моето вистинско прашање е до каде е дојдена вашата морална свест? Насилнички мерки, независно од тоа дали имате милост за нив или не. Ваквите ставови не враќаат во средниот век.

Клонирање, сум За. И јас за нешто да бидам За.
 
Гладијаторите биле вегетаријанци, значи може и така да се преживее. Видиш ја со години така се хранам... и доста сум здрафф а и убафф ( бар така ме лаже златцето ).

Не само накит, користеле и дилдоа од коска.

Да се убедуваме нема, на крај на ден повеќето работи шо ги прајме се од ќеф, не неминовност.
А гладијаторите против што се бореле?!

"Умот секогаш постоел, само не секогаш во умен облик", така рекол Карл Маркс. :vrtioci:
Автоматски споено мислење:

Моето вистинско прашање е до каде е дојдена вашата морална свест? Насилнички мерки, независно од тоа дали имате милост за нив или не. Ваквите ставови не враќаат во средниот век.
Знам дека е повреда на човекови права, ама немам милост за таков профил на луѓе (со своите постапки веќе прекршиле нечии човекови права).
 
Последно уредено од модератор:
А гладијаторите против што се бореле?!

"Умот секогаш постоел, само не секогаш во умен облик", така рекол Карл Маркс. :vrtioci:
Автоматски споено мислење:

Знам дека е повреда на човекови права, ама немам милост за таков профил на луѓе (со своите постапки веќе прекршиле нечии човекови права).
Против други говеда докторке.

Боље е да ми кажеш " и Хитлер бил веге па видовме " на шо ќе ти кажев Да, се повеќе го разбирам.

Можда е подобро нјуеџер виган да е човек они се изгледа по во љубофф, кумбаја вуву... можда они ќе ја спасат планетава.
 
Одиме надвор од темата и ветувам дека нема да задавам ниски удари. Подобро да се префрлиме на друга тема.

Нема врска ова само со човековите права, зборувам за некоја основа на моралот. Утре истата логика може да се користи и за оние што земаат социјална помош да речеме- "ај бар некако да придонесат за општеството"! Тие општествени групи се менуваат, ама ништо не го немува фактот дека тоа не е човечка мерка. Треба да останеме на овој механизам кој го имаме сега- доброволци да ја примаат вакцината.
 
Против други говеда докторке.

Боље е да ми кажеш " и Хитлер бил веге па видовме " на шо ќе ти кажев Да, се повеќе го разбирам.

Можда е подобро нјуеџер виган да е човек они се изгледа по во љубофф, кумбаја вуву... можда они ќе ја спасат планетава.
Боље ти да кажеше дека си про Хитлер и Менгеле настроен, а конс експериментирање на животни.

Фашизам во 21 ви век.
 
Пред се, извини за оф топик, само едно прашање.
Дали тие животни сега да бидат ослободени и пуштени во дивината ќе преживеат? И кој процент од нив ќе преживеат?

Кажи ми ти без помош на модерната медицина колкав процент од човештвото ќе преживее? Еден пеницилин да не се измислеше бројот на население ќе беше помал за 30%, камоли нешто друго.
Месото кое го конзумира човекот е од домашни животни, со години наназад "удомени" за да служат на потребите на човекот. Но постои голема разлика во домашна фарма и фармите за масовна продукција на месо. Во тие фарми животните немаат никаков квалитет на живот, буквално се едни над други, најбитно е да се разможат, да родат и да ја достигнат потребната тежина за да бидат заколени. Побарај некое видео на интернет и ќе ти стане јасно.

Не е злонамерно експериментирање врз животни, доколку човештвото има бенефит од тоа.
Менгелеевски муабети. Ја би тестирала на педофили, силувачи, сериски убијци.

Инаку и ја го сакам моето милениче повеќе од некои луѓе...но сепак, човекот како суштество со највисоко развиена свест има предност пред другите суштества.

А кој ќе ја повлече границата околу тоа што е бенефит, а што не? Дали фактот што живееме во капиталистичко општество чија срж е константна иновација на нови продукти во борба за место на пазарот му носи некаков бенефит на човештвото? Не зборам тука за тестирања за лечење на рак, правам муабет за мал милион козметички продукти ( со горе долу исти ефекти врз крајниот корисник ) достапни на пазарот, секој од нив тестиран врз некое животно.
И не гледам зошто човекот би имал предност пред останати суштества, како што спомна некој ниедно друго животно пред нас не ја фрлил Земјата во таква непоправлива бездна продавајќи некој ефтини филмчиња за бенефит и добробит на човештвото.
 
Боље ти да кажеше дека си про Хитлер и Менгеле настроен, а конс експериментирање на животни.

Фашизам во 21 ви век.
Многу црно бело гледаш, еве пример се слагаме дека може да експериментираме со шљам, осудени докажани педофили, силувачи, убијци.... кај мене само дефиницијата за психопатија е поширока, контам од тоа се плаши @Dumbledore ...дека отвара врата за нов Хитлер...

Без гајле.. се зезам само... :)
 
А кој ќе ја повлече границата околу тоа што е бенефит, а што не?
Бенефит е промоција на здравјето и олеснување на егзистенцијата на човекот. Нели е тоа целта на суштествувањето? Да го направиш светот подобро место за живеење. А како би бил светот подобро место за живеење, ако сеуште се мачиме со детска парализа на пример?! Или ако немаме лек за болка?!

Воопшто не го промовирам експериментирањето на козметички продукти врз животни, само тврдам дека истото постои и е иронично и лицемерно да сме против експериментирање врз животни, а секое утро си ставаме кремче на лицето.
 
Многу црно бело гледаш, еве пример се слагаме дека може да експериментираме со шљам, осудени докажани педофили, силувачи, убијци.... кај мене само дефиницијата за психопарија е поширока, контам од тоа се плаши @Dumbledore ...дека отвара врата за нов Хитлер...

Без гајле.. се зезам само... :)
Види, зависи од тестирањето. Но ако зборуваме за тестирање на вакцини, тогаш сум против. Ако зборуваме за одредени сесии (во сферата на психологијата) тогаш сум за. Дали еден вид на тест може да биде обичниот разговор во вид на интервју? Мислам дека да. Ако зборуваш со 20-30 сериски убијци ти можеш да дојдеш до еден патент кој ќе ти креира одреден профил на сериски убиец, потоа категории, начин на размислување, постапување...тоа е добро за науката, но и за човештвото. Во тие разговори има и психолошки игри и тестови. Гледај го Мајндхантер.
 
Баш ќе кажев ми ја раскажа Мајндхантер... инаку дојдоа до профилот... и причинителот.... голема дисфункција на домот во рано детство... Џокер затоа беше и контроверзен нели.

Сега идеш чекор понатаму, а ако се на чекање смртна казна? Има уште негде тоа нели? Не сум у тек.
 
Ако ме прашуваш за серијата, до втора сезона сум. Кај книгата застанав некаде до 50та страна. Инаку тоа е процесот, не давам спојлери и чисто ја земав за пример. Тестовите можат да бидат и хумани во одредени сфери. :)
 
Најхумано е да им понудиш избор, а верувам дека ако е на ред за еутаназија за една недела, ќе прифати. И сега размислувам да се прошири смртната казна и на педофили и тако даље... ќе има повеќе за експерименти :D

Се извинувам за офтопикот, значи НЕ за клонирање!
 
Бенефит е промоција на здравјето и олеснување на егзистенцијата на човекот. Нели е тоа целта на суштествувањето? Да го направиш светот подобро место за живеење. А како би бил светот подобро место за живеење, ако сеуште се мачиме со детска парализа на пример?! Или ако немаме лек за болка?!

Воопшто не го промовирам експериментирањето на козметички продукти врз животни, само тврдам дека истото постои и е иронично и лицемерно да сме против експериментирање врз животни, а секое утро си ставаме кремче на лицето.

Човекот одамна не го прави светот подобро место за живеење :)
Постот ми беше насочен кон твојот коментар дека човекот е супериорен и суштината на постоењето на сите останати врсти е да му служат во исполнувањето секакви каприци. Додека е испитувањето во медицински цели, до некаде е оправдано. Ама за пуштање во употреба на 15366тата крема против брчки, not so much.

Не знам дали сте чуле за новата метода за едитирање гени, CRISPR. Мислам дека иноваторките добија и Нобелова награда за изумот.
Меѓутоа ова е нож со две оштрици. Верувам дека е креирано со добра намера, пример за креирање потомство кое нема да содржи гени кои се предизвикувачи на некој болести, но далеку поверојатно е дека ќе се користи во некој други цели кои не верувам дека ќе донесат некој бенефит.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom