Пред некоја недела возејќи се со такси накај едно село не застана полиција и инспекција од Скопје. И сега инспекторот рече да излеземе сите од кола и да застанеме на страна ( што по малку делуваше како апсење ) и да извадиме лични карти или нешто за идентификација. И сега доаѓа полицаецот и мене прв ме прашува име, презиме, адреса...А јас пак го прашувам него зошто ќе ме запишува ( мислам дека имам право да знам барем тоа ) а тој почна да вика како мислиш сум најголемиот криминалец и почна да се заканува дека ќе ми ставил лисици и ќе ме носел во станица дека дури и да сум бил малолетен имал право да ме држи 1 ден. И тука таксистот што не возеше почна да се расправа со него да не не малтретира нас дека сме биле малолетни деца и дека не сме направиле ништо. Но овој сељакот полицаец го тргна човекот на страна и мене и четворицата другари не запиша и се јави во станица да прашува дали сме дале точни информации, и после тој разговор рече дека не не пуштал да одиме додека не дошол некој родител. Им кажа на тие во станица да се јават кај сите дома и да ни ги викнат родителите да дојдат. Кога пристигна татко ми целиот исплашен не знае што се дешава и зошто не викаат во полиција почна и тој да се расправа со нив и конечно после 2 часа малтретирање не пуштија сите да си одиме. Мислам дека поради вакво малтретирање без никаква потреба треба веднаш да се пријави тој полицаец или да се преземат некој други мерки.
