M
marsovka
Гостин
Партиите ги радикализираат Албанците
Регионализација,нов договор меѓуМакедонците иАлбанците, се' до самоопределување со можност за отцепување и припојување кон други држави, се сценаријата што се во игра во албанскиот
политички блок
Регионализација, нов договор меѓу Македонците и Албанците, се' до самоопределување со можност за отцепување и припојување кон други држави, се сценаријата што се во игра во албанскиот политички блок ако забават евроатлантските интегративни процеси, проценуваат аналитичарите-Албанци.Според нив, разврската на проблемот со името како услов Македонија да стане членка на НАТО треба да се случи наесен оти крајот на годината може да биде предоцна, бидејќи расте напнатоста кај Албанците.
Во владејачката ДУИ вчера не сакаа да зборуваат кои се алтернативите на Албанците што ги најави потпретседателката Теута Арифи ако до крајот на годинава не се реши името и не се напредува во евроинтеграциите. Потпрестедателот Рафиз Алити вчера повтори дека нема бесконечно да чекаат да се реши проблемот со името и дека на премиерот Никола Груевски веќе му го испорачале рокот.
- Арифи упати јасна порака до ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, но и до тие во ДУИ, ако има такви што калкулираат дали треба и понатаму да бидеме дел од Владата ако не се затворат тие прашања. Друг пат за Македонија нема. Ако некоја релевантна партија од македонскиот блок мисли поинаку, чесно би било да им каже на Албанците која е алтернативата, односно каде оди Македонија - вели Алити.
Според него, ако целосно не се спроведе рамковниот договор и ако не се придвижат евроинтеграциите, ДУИ ќе нема аргументи пред гласачите зошто е во владината коалиција. Страхуваат дека ќе го изгубат кредибилитетот кај Албанците оти гостиварскиот градоначалник Руфи Османи, лидерот на ДПА Мендух Тачи, а претходно и Невзат Халили веќе се изјаснија дека е потребен нов договор помеѓу двете најголеми заедници. Алити вели дека роковите што му ги поставиле на Груевски не се уцена или страв оти ВМРО-ДПМНЕ и нив ќе ги потроши, туку дека се во интерес на перспективата на земјава. Алити сепак признава дека ДУИ е најголем губитник од откажувањето на посетата на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу.
- На ВМРО-ДПМНЕ и' даваме шанса заради перспективата на земјава. Лидерот Али Ахмети го згасна жарчето по незадоволството во ДУИ од ситуацијата со Сејдиу. Да беше пожесток, во истиот момент ќе требаше да ја напуштиме Владата. Но, сега не е момент за тоа - вели Алити.Албанските аналитичари сметаат дека и покрај целосната подреденост на ДУИ во однос на коалицискиот партнер, Ахмети сега не ја напуштил Владата, бидејќи тоа ќе нема ефект пред консолидирањето на македонската опозиција. И аналитичарот Алберт Муслиу смета дека ВМРО-ДПМНЕ мора до есен да го затвори проблемот со името за да се забрзаат евроинтеграциите, бидејќи расте напнатоста во албанскиот политички блок. Според него, ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема оправдување зошто би се одолговлекувало решението за името, зашто цела власт е сконцентрирана во нивни раце.
- Алтернативите што се споменуваат треба да ги анализира Владата оти сите сценарија се можни во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите. Ако има понатамошно забавување на економијата и евроинтеграциите, албанските партии ќе бараат други алтернативи. Сметам дека напнатоста ќе се зголеми во септември и оти е оптимистичка најавата дека тоа ќе се случи кон крајот на годинава. Можни се сите сценарија, дури и крајната опција - барање за самоопределување до отцепување. Со оглед на состојбите во регионот, ова не е ниту малку наивно, ако се има предвид дека такви барања веќе има во Босна и во Косово. Можно е тоа да се рефлектира и во Македонија - вели Муслиу и додава оти тие теми сериозно ќе бидат присутни.
Тој истакнува дека најавите на Руфи Османи и на Мендух Тачи за нов договор не треба да се потценат оти тие се сериозни политички играчи кои имаат поддршка кај Албанците и дека ДУИ не ќе може да стои на страна од случувањата.Муслиу го оправдува барањето на албанската опозиција, Косово и Албанија на Македонија да и' вратат со иста мерка, откако Сејдиу ја откажа посетата, бидејќи „Албанците на тоа гледаат како омаловажување на релевантноста на Косово како субјект“.
- Можеби реакцијата на ДПА ќе беше претерана ако македонската дипломатија признаеше дека згрешила и ако утврдеше одговорност за тоа. Помала е штетата и ако некој изгуби работа, кога тоа е во интерес на добрососедските односи меѓу двете држави. Но, ноншалантноста на нашата дипломатија ја премина секоја мерка - смета тој.
Мариела Трајковска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1BFF6C4AF11EAF428EE48AEA6222936A
Ајде на здравје размонторање на државава дел по дел
П.С.ако има слична тма нека се спои или канта(се извинувам на модераторите )