Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Да прашам присуството на часови и вежби дали влијае во испитната сесија, затоа што кај некој предмети имаш право на 1-3отсуства ако го надминеш тој број немаш право да излезеш на колоквиум дали исто имаш забрана да излезеш на испит?
 
Без положен колоквиум не можеш да полагаш испит.Генерално е така.
 
Да прашам присуството на часови и вежби дали влијае во испитната сесија, затоа што кај некој предмети имаш право на 1-3отсуства ако го надминеш тој број немаш право да излезеш на колоквиум дали исто имаш забрана да излезеш на испит?
Испитот на сите факултети освен медицина не е поврзан со колоквиум/редовност со новите измени, сега можеш на некој факултети да паднеш прв колоквиум и да имаш поени од редовност и проекти/домашни да одиш на втор колоквиум (потребни се над 102 поени, од двата колоквиуми за да добиеш 6ка, или да речиме прв колоквиум добиваш 30 поени од колоквиумот и 10 поени од редовност, следниот колоквиум втор, треба да собереш над 62 за да имаш 6ка)
 
За испитите не е битна присутноста така?
Може да не сум присутен на ниту еден час да научам дома и да го положам?
 
Дечки ве молам мислење за Наставна Географија на ПМф Скопје и за Географија на УГД Штип ако студира некој нека ми сподели искуства.
Пишав овде бидеќи не добив одговор во другата тема .
 
Каде треба да се поднеси барање за апостил печат на диплома и уверение од градежен факултет од Скопје? Дали треба покрај оригиналот, да се достави и обична копија од документите или копија заверена на нотар? Во колку примероци треба да се копиите? Колку чини тоа барање?
 
Некој што се разбира Електронски Скокови за 4 - та година средно нека ми пише у ПП, ќе ви објаснам што треба.
Автоматски споено мислење:

Едноставно само пребарај на google, не замарај со глупости.
Инаку средив за тоа.
Кај баш сега им текна у последен тренутак да прават група на Classroom. Не натрупаа со материјали незнам што попрво да решам веќе...
 
Нејќев да отварам тема, па тука ќе си прашам.
Оти ситуацијата е неизвесна. Бројот на забоелни/заразени ќе се намали, и бројот на излечени се зголемува.
Зошто ова го зборувам? Оти има врска со државната матура. Од многу причини, 90% од учениците како мене се за да се укине државната матура само оваа година.
Неможе бе, другите држави (повеќето европски) ја укинна.
Германија, Холандија, Белгија, Франција....
Едните од ВМРО се за против матура, другите од СДСМ исто така.
Е ајде де, ваш е министерот, зошто сега он викаше и у Јули можело да се оддржи. Така ако утне некој, ќе треба дури следна година да чека за да полага матура.
Нема шанси јас цела година без факултет да седам...
Викаа они едно време да гледаме по примерот на другите европски земји, дека многу работи почнале да се применуваат по европска пракса... е ајде де сега, оти да не се уќине и матурата. Сите други ја уќинаа само ние у Јули....

Дајте да продискутираме.
Јас веќе и не следам вести толку многу па незнам што се случува, оти преку глава ми е се едно исто, де едниот вака кажал, де другиот така, овие краделе, другите исто така, дндр дндр....

Мојот став си е кажан, не сум за матура да се оддржи од многу причини. Не ми е проблем да учам, ама при ваква ситуација дали попрво да се чувам, да решавам домашни и тестови, да помагам на други што појма немаат, и уште што не...
 
Здраво, размислувам да се запишам на смерот Родови студии па ако може некои искуства да споделите, каде можеш да работиш после, со која титула се стекнуваш и сл
 
... го слушам Министеров за обрзование, а и новинарите во своите инфо портали укажуваат дека ќе се даваат „Дипломи“ на средношколци што ќе завршат оваа година (единствено А.Џ. од ДПА правилно напишано)... факт дека тие што завршуваат средно образование се матуранти, како може да се даде „дипломи“ на истите, кога дипломи добиваат дипломци т.е. тие што завршуваат повисоко образование од средното!?
...изразување со погрешна терминологија ме збунуваат тотално или јас нешто не сум во тек?
... или медицинска сестра е студент и добила 10 оценка, дали се знае што е студент или и за ова не сум во тек? со средно образование не може „да се дипломира“ и не се добива „диплома“ затоа што се матуранти, а не дипломци!
...баш ме интересира некој да ми го протолкува, ама како треба, а не како слушнал или знае!
 
Постојат ли моментално некои ваучери од државава при купување компјутер за студент, и ако има кои се условите за да добиеш ваучер?
Порано знам даваа со "компјутер за секој студент" околу 200 евра државава ти покриваше.
 
Дали може патики да ми ги заменат за друга боја , а скоро земени ?По кoнкретно од Buzz
 
Дали може патики да ми ги заменат за друга боја , а скоро земени ?По кoнкретно од Buzz
Сигурно можи ама ќе треба да си доплатиш за замената (каргото).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom