jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Знам, сосема е јасен ставот дека не треба јас и ти тука на форум да ги оправаме работите, туку дека нашата држава треба да се погрижи за тоа. Но, нашата држава како и за многу работи не функционира како што треба (вина на сите од 1991 до сега).
Но, Геро не е сам. Види го нивниот сајт за она Граѓани за Европска Македонија (ГЕМ). Тоа е една поголема група, а бог знае кој стои зад нив. Многу пари, многу интереси и многу валкани игри.
На пропаганда (која во МКД ја имало од 19 век па навака), најдобро се одговара со контра-пропаганда. Затоа идејата за една независна (во однос на нашите политички партии) и силна ТВ мрежа или издавачка мрежа би била совршена за таква работа. Да се каже вистината!!!
Кај нас намерно се уништи МТВ кога им се дозволи на пиљари и селски магнати да формираат телевизии, и намерно се уништи Нова Македонија, за сега ситуацијата е да имаме весници како Дневник-Утрински-Вест (ВАЦ-германски капитал), Вечер (Ѕинго), Нова Македонија (Минчо). ТВ мрежите и весниците се во раце на луѓе кои си тераат само ситен интерес без многу желба за заштита не на националните, туку на државните (како Република Македонија) интереси.
Сакаш да кажеш дека се тие помоќни од државата ? Ако е така тогаш овој народ е заложник на нивната игра. Тогаш немаме демократија и ред е и да си го признаеме тоа, а не се залажуваме. Во тој случај ние сме тие што треба да се жалиме на амбасадорите.
Инаку во нормални земји, ако постои сомнеж за дело, постои истражен судија кој ќе треба да оцени дали да се пушти пријава, ако све тоа иде по нормална процедура, тој може да се жали кај сака, и кај обама и кај папата и кај мајка му, џабе му е. Тој не ги почитувал законите, ако нему не му се свиѓаат тие закони, тогаш постои легитимен пат како да се сменат (се оформува партија, се поднесува петиција итн). Секое кривично дело мора да се казни, па и ова. Во спротивно самата држава се укинува себеси, пошто една отстапка носи низа други.