A nikoj od vas ne zaprimeti deka i temava e so naslov koj povikuva na omraza? Nikoj ne ja cita temata, ami samo po naslovot odgovarate kako telinja.
Насловна страница на бројот кој го купив јас: АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Е АЛБАНЕЦ, интервју со Али Ахмети.
Пеки, в ред е. Има науки кои се занимаваат со тематиката и јас нема да навлегувам во тоа. Мене ми беше индикативно тоа што Али Ахмети тој свој став го изјави во едно интервју за Алсат (ми се чини), т.е. дебатна емисија во која кажа дека Олимпија, мајката на Александар имала илирско потекло и така натака, знаеме како се развива таа теорија.
Емисијата беше пред година и пол, сигурно.
Имаме нов магазин СЕГА, кој СЕГА отвора некоја таква тема, сигурно не затоа што немало нешто поинтересно за пишување. Ама за новинари од сензационалистички ков со аверзија према одредена политичка структура, со агенда и комплекси - топ тема на неделата, насловната страна ја одведе топлата вода на Али Ахмети.
И шо да коментирам повеќе за неделникот?
Паралела: Фокус во претходниот број на насловна го имаше албанецот кој го направил Витал, магичниот пијалак “кој го продолжува животот и лечи болести“. Во медиумите постои нешто што се вика спонзорирана статија, спонзорирано објавување. Јас верувам дека Фокус насловната ја продаде за добри пари, кои инвеститорот ги гледал како одличен маркетинг за производот кој го увезува.
Исто сметам дека некој инвестира и во насловната на СЕГА.
Тој „некој“ каква агенда има, веќе може да дискутираме; еве за конкретниот случај може да анализираме момент во кој прво политичарот вади некаков став (мислам на Ахмети, а моментот е факинг преговори со јужниот сосед за историското право врз истиот Александар), понатаму новинарот кој нели, „објективно“ информира и го става на насловна...
Одговорот најчесто доаѓа кога ќе се проанализира конечниот профитер од евентуален развој на настаните испровоцирани од факинг насловната на СЕГА (или било кој друг медиум). Најчесто, не мора секогаш.