Македонија ќе биде зафатена од силно невреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Laze_14
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 октомври 2008
Мислења
48
Поени од реакции
1
Денеска во Македонија преовладува сончево време со умерена облачност. Локално има појава на нестабилна облачност. И до крајот на денот ќе продолжи развојот на нестабилната облачност со локален пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Наместа ќе има ретка појава на невреме. Температурата ќе се движи од 24 до 32 степени. Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност во текот на претпладнето со умерен јужен ветер, а попладне ќе има интезивен развој на нестабилна облачност. Ќе биде нестабилно со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со интезивен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и град ( наместа ветерот може да предизвика поголеми штети, а градот да наврне и неколку центиметри над земјата). Температурата ќе се движи од 22 до 30 степени. Поголеми услови за невреме ќе има во четврток кога преку целиот ден ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи и грмежи, појава на град и засилен северен ветер. Температурата ќе опадне за 10 степени и ќе се движи од 15 до 22 степени. Во петок ќе има мало стабилизирање, но и понатаму локални ќе има поројни врнежи и грмежи. Температурата ќе се дцижи од 15 до 24 степени.

НАПОМЕНА: НЕВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА ДЕНШНИОТ ДЕН ЈА ЗАФАТИ ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА И ВО НЕКОИ МЕСТА НАПРАВИ СЕРИОЗНИ МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ПОРАДИ ВЕТЕРОТ КОЈ ДУВА СО БРЗИНА ПОГОЛЕМА ОД 150 KM/H. ОВА НЕВРЕМЕ УТРЕ ПОПЛАДНЕ ВЕЌЕ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ХРВАТСКА И ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ДВИЖИ КОН ЈУГ. ВЕЌЕ НОЌТА МЕЃУ СРЕДА И ЧЕТВРТОК И ВО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ ЗАФАТЕНА И МАКЕДОНИЈА ОД НЕВРЕМЕТО
 
за мерак. после земјотресите уште ова фалеше
 
:oftopic: Че стаиме од тоа семафорите на граница и че запалиме црвено светло и не мењаме . Се че стое на црвено.


Он топик. Да се надеваме дека постепено силата ќе му се намалува па и да има невреме да биде некое кое што нема да направи некакви проблеми.:cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom