Малку информации, многу изјави

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
НАБЉУДУВАЊЕ НА МЕДИУМИТЕ
Малку информации, многу изјави Македонските медиуми немаат пристап до официјални информации во врска со спорот со името со Грција, па јавноста го креира мислењето под влијание на изјавите на претставниците на македонските и на грчките власти, се констатира во извештајот на НВО Инфоцентар и на Македонскиот центар за европско образование за февруари и за април. Освен известувањето за името, со надзорот се опфатени и информирањето за евроинтеграциите, претседателските и локални избори, визната либерализација и ИПА-фондовите. Анализирани се написи во Утрински весник, Дневник, Вест, Вечер, Време, Нова Македонија и во Шпиц, како и прилози на телевизиите А1, Канал 5, Сител, Телма, МТВ, Алфа и Алсат.
- Овој надзор покажува дека во македонското новинарство отсуствува анализа и истражување и се уште се присутни грешки како недоволно познавање на евроинтеграциите и несоодветни и нерелевантни извори на информации - рече на вчерашната прес-конференција Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.
Невладините организации кои го вршеа набљудувањето апелираат до македонската влада да го подобри пристапот до информации за в иднина да се избегнуваат грешки.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1713&ArticleID=114452

Стојна ТОДОРОВСКА
Не се лаже лесно
Невозможно е да ги прелажете големите играчи во меѓународната политика, велејќи им дека сте спремни да преговарате за компромис за името, доколку во истиот момент го праќате својот министер за надворешни работи да ја подготви тужбата против соседот со кој треба да преговарате. Ова се коментари на познавачите, откако власта уште пред една недела доби груба шлаканица од првиот човек на НАТО во заминување, Јап де Хоп Шефер. Според нив, изјавата на Шефер е загрижувачка, поради што и сугерираат на владата да го промени тврдиот став во спорот за името ако сака во Алијансата.
„Не сум оптимист, по она што го слушнав од владата во Скопје“, беше коментарот на Шефер за впечатокот кој му го оставила власта за време на неговата неодамнешна тричасовна посета на земјава.
За аналитичарите е уште пострашно што тој тоа го изјави веднаш по официјалната посета на Атина и во време кога веќе седум месеци преговорите се во застој. Иако во Скопје тој со дипломатски речник и порача на владејачката гарнитура да го реши единственото отворено прашање со Грција, деновиве и од неговиот портпарол повторно се слушнаа слични зборови, кои, според познавачите, навидум требаше да ја ублажат острината на критиката на Шефер.
- Поканата за НАТО не е на дофат затоа што во Македонија нема дух за компромис во решавање на спорот за името - рече Џејмс Апатурај.
Поради тоа, експертите потсетуваат дека уште на самитот во Букурешт, во завршниот акт беше посочено дека само од разврската на спорот ќе зависи членството на земјава во НАТО. Тие сметаат дека бидејќи мандатот на Шефер истекува набрзо, тој сега решил отворено и без маска да ја искритикува власта.
- Шефер е човек кој 20 години беше пратеник. Човек кој важи за проамерикански ориентиран. Тој е „добро нахранет“ со информации директно од Белата куќа, поради што загрижува неговиот лош впечаток. Но, Шефер, не еднаш бил кај нас, и не еднаш сме му биле на гости. Познати сме му - велат доброупатени извори.
Според нив, како и според некои опозициски политичари, ваквата оцена доаѓа поради различните изјави на премиерот, од кои едните се резервирани, за, како што велат, очите и ушите на народот, а другите за меѓународните претставници.
- Ваквите проблеми кај нас доаѓаат од таму што власта испраќа различни пораки. Едни во јавноста, други разменува зад затворени врати со странците. А тоа, пак, само создава какофонија, која и одговара единствено на Грција. А, токму по таквата средба, Груевски очигледно го испровоцирал Шефер и го принудил да ги извади дипломатските ракавици - коментира Радмила Шеќеринска, претседателка на Националниот совет за евроинтеграции.
Слични размислувања пласираа и в.д. претседателот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, како и либералдемократот Андреј Жерновски.
- Јасно е дека владата не е подготвена за решавање на овој проблем. Макар што тие велат дека отстапуваат од двојната формула, најверојатно си остануваат на претходниот став, кој и досега ги кочеше преговорите - вели Заев.
За Жерновски, пак, изјавата на Шефер не е ништо ново, бидејќи, според него, таквиот впечаток за нашата позиција во преговорите со Грција во Брисел постои веќе подолго време.
- Ние сме навикнати само декларативно да посакуваме компромис и решение, но всушност немаме таква намера. И поради тоа, не треба да се лутиме поради изјавата на Шефер, кој ни ја кажува вистината - истакна Жерновски.
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=856&ArticleID=33536
:salut:
 
- Ние сме навикнати само декларативно да посакуваме компромис и решение, но всушност немаме таква намера. И поради тоа, не треба да се лутиме поради изјавата на Шефер, кој ни ја кажува вистината - истакна Жерновски.

Како бе ваков пресврт сега?

Нели до вчера друг беше муабетот.

И делот кој што ме насмеа:

Невозможно е да ги прелажете големите играчи во меѓународната политика, велејќи им дека сте спремни да преговарате за компромис за името, доколку во истиот момент го праќате својот министер за надворешни работи да ја подготви тужбата против соседот со кој треба да преговарате.
Ова се коментари на познавачите, откако власта уште пред една недела доби груба шлаканица од првиот човек на НАТО во заминување, Јап де Хоп Шефер.

:sekss:

Смешно, навистина. Како овие центри на моќ-медиумска ги презентираат работите.

Невозможно велат било, ние да ги прелажеме нив “големите“.
Хех... а обратното, можно а?
:sekss:

Кои.. познавачи, пуста земјо запустена... кои се тие “познавачи“, не вредат ни имињата да им ги спомнувам бидејќи од прв поглед на текстов се намирисуваат нивните цели.

Груба шлаканица, според Руските политиколози и аналитичари на нивниот Институт за Политичко Истражување, добија западните дипломати односно НАТО и ЕУ, при посетата на Скопје односно Брисел.

Најдобро би било и Русиве да отворат една фондација кај нас и да си платат “ познавачи“ за да немаме монопол врз информациите.

:helou:
 
шпиц дот ком :pos:
дај не заебавај :tapp: која е тоа установа :pos2::pos2::pos2:
 
Ова ќе да е вториот дел од планот на здружението за евроинтеграции и Героски.
 
Кралот Марко .. Алекс ...
суштината на текстов видете ја ... баталете Шпиц срање ова она .. сите знаеме дека е срање ...

Невозможно е да ги прелажете големите играчи во меѓународната политика, велејќи им дека сте спремни да преговарате за компромис за името, доколку во истиот момент го праќате својот министер за надворешни работи да ја подготви тужбата против соседот со кој треба да преговарате

- Ние сме навикнати само декларативно да посакуваме компромис и решение, но всушност немаме таква намера. И поради тоа, не треба да се лутиме поради изјавата на Шефер, кој ни ја кажува вистината - истакна Жерновски.

се уште мислам дека преговараме онака формално демек ...
има сепак нешто у текстов ..

Марсовка дали ова сакаше да ни го потенцираш дека владата нема намера да дојде до компромис туку само глуми преговори? :wink: или не :)
 
Кралот Марко .. Алекс ...
суштината на текстов видете ја ... баталете Шпиц срање ова она .. сите знаеме дека е срање ...

се уште мислам дека преговараме онака формално демек ...
има сепак нешто у текстов ..
Марсовка дали ова сакаше да ни го потенцираш дека владата нема намера да дојде до компромис туку само глуми преговори? :wink: или не :)

Незнам за марсовка, ама јас како обична овоземска..бетонска цигла...одамна тврдам , не дека нема намера, туку не ни трепнува..нашава "влада" и фирерите у неа.....тие имаат само една задача , да го замајуваат и успиваат народецов...додека не се разбуди...едно убаво сончево утро..... дел во Бугарија, другиот во Албанија...
А бидејќи им кажале дека сите ќе се топтан во Европа......Гwујо и другарите..ич не се сакалдисуваат....само си полнат бисаѓите , скапотија е во Европа...
 
Како уплав да имаш од Бугарија.Секој пост во Бугариа се будиш.Спи спокојно.Ич не ви и искаме.:smir:
 
Незнам за марсовка, ама јас како обична овоземска..бетонска цигла...одамна тврдам , не дека нема намера, туку не ни трепнува..нашава "влада" и фирерите у неа.....тие имаат само една задача , да го замајуваат и успиваат народецов...додека не се разбуди...едно убаво сончево утро..... дел во Бугарија, другиот во Албанија...
А бидејќи им кажале дека сите ќе се топтан во Европа......Гwујо и другарите..ич не се сакалдисуваат....само си полнат бисаѓите , скапотија е во Европа...

Вие власите многу се загриживте за Македонија, дури се залагате за ист компромис како вашите пријатели „Грци“.

Ќе бидеме дел во Албанија и дел во Бугарија ако го смениме името и си ја деноминираме нацијата, како што бара Грција и твоите од СДС, зошто народот е носител на сувереноста, а ако нема посебен македонски народ, нема да ја има ниту оваа држава. Тоа е познато на секој правник.

Да се деноминиравме, уште веднаш по деноминацијата ќе бевме поделени. Босна која никогаш немало нација бошњаци си создаде бошњачка нација, како носител на сувереноста на БиХ и покрај 40% срби и 20% хрвати во БиХ. Поради тоа, по меѓународните закони мора да постои БиХ.

Проблемот е што инсистирате да ја деноминирате македонската нација, што води кон уништување на Р. Македонија, па уште ширите неосновани стравови како поделба на Македонија, изумирање на државава. Додека сум јас Македонец и сакам да имам моја држава и да ме нападне и окупира било кој, јас повторно во 5 години од окупацијата ќе имам моја држава. Добога, живееме во 21 век.

И да остане еден град со Македонци, никој не смее никаде да го приклучи кон некоја држава, ако тоа не е воља на мнозинството Македонци.
 
Незнам за марсовка, ама јас како обична овоземска..бетонска цигла...одамна тврдам , не дека нема намера, туку не ни трепнува..нашава "влада" и фирерите у неа.....тие имаат само една задача , да го замајуваат и успиваат народецов...додека не се разбуди...едно убаво сончево утро..... дел во Бугарија, другиот во Албанија...
А бидејќи им кажале дека сите ќе се топтан во Европа......Гwујо и другарите..ич не се сакалдисуваат....само си полнат бисаѓите , скапотија е во Европа...

Значи по твојата “циглеста“ логика, Груевски би требало да прифати безусловна смена на името (идентитетот), како не би се остварила твојата “влажна“ верзија!?

Почнуваат да се издаваат годините... препорачливо е прошетка низ природа, можеби купување на некој домашен миленик, помалку маснотии во исхраната и сл.
 
За жал нема лек против гркоманството :toe:

Ќе не` плашат за да ја остварат грчката намера за деноминација на нашата нација.
 
Значи по твојата “циглеста“ логика, Груевски би требало да прифати безусловна смена на името (идентитетот), како не би се остварила твојата “влажна“ верзија!?
Mojata "ciglasta" logika ti kazuva deka Gwujo BAS TOA GO PRAVI :) ja prifaka "uslovenata" PROMENA NA IMETO so sto IZCEZNUVAAT MAKEDONCITE..........koi za golema zalost na od strkot pogresno isporacaniot "Bitusanec"......ke si stanat barabar folkloren prizrak kako i vlasite u MKD...:)
Почнуваат да се издаваат годините... препорачливо е прошетка низ природа, можеби купување на некој домашен миленик, помалку маснотии во исхраната и сл.

cekaj be si poranil...:)...za toa tvoite preporaki zdravstveni...ke mora da pocekame edno 30-40 godini...:) do togas kolaj bilo...muabetive ke ni bidat neaktuelni.... :vozbud:
 
Mojata "ciglasta" logika ti kazuva deka Gwujo BAS TOA GO PRAVI :) ja prifaka "uslovenata" PROMENA NA IMETO so sto IZCEZNUVAAT MAKEDONCITE..........koi za golema zalost na od strkot pogresno isporacaniot "Bitusanec"......ke si stanat barabar folkloren prizrak kako i vlasite u MKD...:)

cekaj be si poranil...:)...za toa tvoite preporaki zdravstveni...ke mora da pocekame edno 30-40 godini...:) do togas kolaj bilo...muabetive ke ni bidat neaktuelni.... :vozbud:

Грујо дефинитивно не е политички елоквентен а уште помалце моќен да влијае на големи одлуки...

Што е уште потрагично верувам и дека неговиот личен патриотизам не е на доволно високо ниво за да вложи и разум и срце во одбрана на честа на едно име.
 
Brat, Bitushe, of topici???
Ajde, sami da si sredite postovite.
Plus, nikoj ne e grkofil samo zatoa sto ne se klanja na likot i deloto na Gwujo tapoto.

A, a temata:

Nie ne ja tuzime Grcija za imeto, nie barame sudot vo Hag da se proiznese dali Grcija ja prekrsila spogodbata ili ne, za ako slucajno kaze deka Grcija ja prekrsila spogodbata, da ja nateraat da ja ispocituva i d ane ne koci vo NATO pod referencata.

Novinari, piskarala.

P.S. Inaku, se ceka euforicen moment za da se bapne referendumot za imeto kade ke padne posledniot trag makedonstina vo voda i nepovrat.
Takov moment moze da e ukinuvanjeto vizi i clenstvo vo NATO itn.
Kolku da vi e jasno deka e se polit. maarketing za rejting, a ne od ljubov kon tatkovinata.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom