А
Ајсшутер
Гостин
:star:
50 годишен Французин со симптоми слични на опасниот грип АH1N1 е хоспитализиран на Инфективната клиника.
Тој денеска околу пладне граничниот премин Дојран на македонско-грчката граница влегол во земјава и се пожалил на температура и кашлица. Веднаш бил повикан лекар од Гевгелија.
Откако бил прегледан со кола на брза помош е донесен во Скопје. На пациентот му биле земени примероци од крв кои беа пратени на испитување во лабораторијата на Републичкиот завод за здравствена заштита. Пациентот на клиниката е изолиран се додека не бидат готови резултатите.
„По протоколот за третман на вакви случаеви, донесен е на нашата клиника, и поставен е во изолациониот центар, кадешто се направени сите иследувања, и испратени се примероци за испитување во РЗЗЗ. По добивањето на резултатите ќе ве информираме за што би можело да се работи“, изјави Бобан Тошевски, Инфективна клиника.
Првичните резултати до пред почнување на вестите не беа готови. Французинот додека влегуваше на клиниката бараше да стапи во контакт со француската амбасада и да биде известено неговото семејство. Додека лекарите го прегледуваа, пациентите и итните случаи чекаа пред врата.
Мајка со болно дете во тешка состојба останаа надвор. Прво од клиниката им рекоа дека ќе ги примат откако ќе направеле дезинфекција. По десет минути очајно тропање на таткото, детето беше хоспитализирано.