- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
Утре, на 24 мај, на денот на сеславјанските и семакедонските просветители светите браќа Кирил и Методиј, во домот на културата во Пландиште кај Панчево, Војводина, се одржува првиот конгрес на Демократската партија на Македонците во Србија.
Се очекува Конгресот да избере нов претседател, централен комитет и надзорен одбор за наредниот четиригодишен период, како и да усвои извештај за досегашната работа на партијата. Демократската партија на Македонците во Србија досега има околу триесетина ограноци во исто толку градови низ Србија и Војводина и брои околу 12.000 членови.
- Очекуваме позитивна и активна интеграција на Македонците во институциите на системот во Србија и Војводина, затоа што тоа е единствен начин за заштита и афирмација на македонскиот идентитет во оваа земја. Законот за националните малцинства на Србија овозможува и политичко здржување. Ние таа можност ја искористивме и се надеваме на пратенички мандати во собранијата на Србија и Војводина. Наша цел е секако етнички квоти за малцинските етнички заедници во Србија. Македонците, како конститутивен народ на поранешната заедничка држава СФР Југославија, имаат историско право на неколку пратеници во Собранието на Србија и Собранието на Војводина. Ние сме лојални државјани на Србија, но не ги заборавме кашите корени во Македонија. Само со интеграција во институциите на системот ќе го афирмираме македонскиот јазик, култура и историја. Македонците во Србија се најголемите амбасадори на Македонија во оваа наша втора татковина, - изјави претседателот на Демократската партија на Македонците во Србија Драган Велковски
На конгресот на Демократската партија ќе присуствува висока делегација на Светскиот Македонски Конгрес и Матицата на иселениците од Македонија.
Покрај Македонската заедница во Србија којашто обединува околу 30 македонски здруженија од територијата на цела Србија и Националниот совет на Македонците во Србија како регулаторно законодавно тело на Македонците во Србија, Демократската партија на Македонците во Србија е трет важен политички сегмент на Македонската заедница во оваа соседна земја преку која ќе се артикулираат интересите на Македнците во институциите на системот, закондавната и извршната власт.
извор: Cител
Честитки и БРАВО за Демократската партија на Македонците во Србија
мојата прва тема ја посветувам на Македонците во Србија
инаку во местово имам поминато добри времиња и луди лета
годиниве наназад одлично го познавам и што е најважно поголемиот дел од населението се Македонци кои ги имаат сите права а што е уште подобро се очекува на наредните избори да се добие и Македонец за градоначалник