Велешанец (КАЈГАНЏИЈА!) исчезна во водите на Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата аце_шваба
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Пронајдено е телото на дваесетгодишниот велешанец Љупчо Солев, кој пред две недели исчезна во реката Вардар.
Го забележал рибар вчера доцна попладне, на десетина километри од Велес, кај селото Кочилари, кој веднаш пријавил во полиција. По увидот, еден од родителите го препознало момчето.

„Екипа на СВР Велес излезе на местото на настанот, лешот е изваден од водата и од страна на еден родител е извршено препознавање на удавениот. Се работи за Љупчо Солев од Велес“, изјави Димитрија Андонов, портпарол на СВР Велес.Љупчо Солев исчезна на 22 мај, откако со својот врсник Бобан Спасов вдишувале миризба од лепак.

Во еден момент Љупчо станал, направил неколку чекори кон водата и паднал во реката. Замелушен од лепакот, неговиот другар не успеал да му помогне.
Потрагата по Љупчо траеше неколку дена. Две недели по настанот, водите на Вардар го исфрлија телото на удавеното момче, кое по наредба на истражен судија е предадено на обдукција.

Извор: А1.

Според информации од велешани, Љупчо е погребан денес во 13:30 во црквата Св. Пантелејмон во Велес. Нека почива во мир.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom