Во Собранието се фалсификуваше гласање

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Сме виделе секакви циркуси во собранието, но ова е нешто ново...





Во Собранието се фалсификуваше гласање


Некој од место гласаше за Мисовски за Законот за прекршоци
Во парламентот вчера се случи скандал откако некој од пратениците си дозволи да го фалсификува гласањето и да гласа во името на пратеникот Горан Мисовски од НСДП, иако тој воопшто не беше присутен во собраниската сала.

Најкуриозитетно е тоа што скандалот се случи при јавното поименично изјаснување и за малку ќе поминеше незабележано доколку не изреагираа пратениците од ЛДП. А, бидејќи се покажа дека гласот на Мисовски, всушност, бил одлучувачки за усвојувањето на измените на Законот за прекршоци, овој двотретински закон (се носи со минимум 80 гласа) не ја доби собраниската верификација. Сега ќе мора да се чека најмалку шест месеци за неговото повторно влегување во собраниска процедура.

Инаку, пратениците вчера за споменaтиот закон најпрво гласаа електронски, при што позитивно се изјаснија 77 парламентарци од владиното мнозинство и од СДСМ, а тројца пратеници од ЛДП беа воздржани. По ова координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, побара поединечно гласање. Во моментот кога собранискиот службеник го прочита Мисовски, некој од место во негово име кажа „за“ и тоа беше регистрирано. Така што излезе дека Законот добил 80 гласа „за“.

Следуваше реакција од пратеничката група на ЛДП, од каде што забележаа дека Мисовски воопшто не беше присутен на гласањето. Во меѓувреме дојде и Мисовски и зачудено прашуваше како може да биде евидентирано неговото гласање кога не бил во салата. Спикерот Трајко Велјаноски ја прекина седницата и свика координација со пратеничките групи. На состанокот било договорено во иднина, секој пратеник при поединечно гласање да стане од место и да го каже својот став.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=416BC4815B486242A75A6F1D96CD8C0F
 
Е што се прави. А виновникот од 120 души никој не го виде и не го фати. А да не споменувам дека се се снима. ПА тој треба во затвор да оди за вакво нешто.
 
Време беше и за нешто такво. Ме чуди како до сега не смислија вакво револуционерно откритие. :)
 
Море другиве имаат да учат од нас брееееееееееееееее!!!
 
Тој “некој“ треба да се протера од парламент,да му се забрани еднаш засекогаш да се занимава со политика,и да се казни парично,за да ја надомести штетата при одржување на две седници.Во спротивно парламентот ќе си остане само една обична “спрдачина“.:toe:
 
А бе ко мали деца во градинка ни се овие пратенициве во Собрание :tapp:
 
Тој “некој“ треба да се протера од парламент,да му се забрани еднаш засекогаш да се занимава со политика,и да се казни парично,за да ја надомести штетата при одржување на две седници.Во спротивно парламентот ќе си остане само една обична “спрдачина“.:toe:

На наша голема жалост тој одамна е само една обична “спрдачина“.....полн со такви пувливи пратеници може да биде само тоа......, а провев никаде....
 
На наша голема жалост тој одамна е само една обична “спрдачина“.....полн со такви пувливи пратеници може да биде само тоа......, а провев никаде....

Они се претставници на овој народ... Факт е дека глобално ни фали достоинство и култура во однесувањето.

Етичка одговорност треба и мора да постои. Дефинитивно отказ!!!
 
:pos2: уште да почнат и да препишуват од ливчиња :pos: не ми се верува до каде стигнале...
 
е затоа не не бива... нас македонците
 
Vazno e da se prati direktivata na vladata.Zakonot mora da se donese pa makar i da laziraat glasanje.Prerodbata nema vreme za cekanje a najmalce za demokratija.Ednostavno im se moze.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom