Неиздржлив е притисокот за корупција од функционери на ДУИ

  • Креатор на темата Креатор на темата Gorco
  • Време на започнување Време на започнување

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Првиот човек на Општата болница во Куманово Селвер Јашари денеска е сменет од функцијата директор. Разрешувањето од должноста уследило на негово барање, поради големите несогласување со раководството на ДУИ во Куманово и Министерството за здравство.

"Осум месеци колку бев на чело на кумановската болница бев изложен на постојани притисоци за корупција од страна на високи функционери во огранокот.Тоа беше невидена тортура да работам по нивни правила за обезбедување на личен профит. Не им дозволив да заработуваат преку грбот на граѓаните и преку фамозните тендери и поради тоа почнаа да ме обвинуваат по сите основи за потклекнам на нивните притисоци"- рече Јашари.
Тој оставката ја поднел лично на лидерот Али Ахмети, а не на министерот за здравство. Јашари негира дека ќе премине во партијата на Селмани и вели дека тој секогаш ќе остане во ДУИ, но очекува таа да се реформира.

Според Јашари неговата непопустливост е причина поради што во кумановската болница се стопирани сите проекти од Министерството за здравство, а буџетот е намален за 14 милиони денари. Не се обезбедени дополнителни средства за предизборните 66 партиски вработувања, платите на вработени се зголемени за 10 насто од постојните средства, а не им се исплаќаат ни заработените средства од Фондот за здравство. Но и покрај тоа болницата имала резултати во своето работење.

"Јас не сакам заради моето присуство во Општата болница во Куманово, вработените да немаат плата, а пациентите лекови, бидејќи сме блокираат од сите страни"- рече Јашари.

Во своето осуммесечно директорување Јашари ќе биде запамтен по домаќинското работење и воведувањето на ред и дисциплина кај вработените, но и по двојазичните натписи на албански и македонски јазик на болницата и беџевите на вработените.

Не обезбедени дополнителни средства за предизборните 66 партиски вработувања, поради не наместени тедери. Намален буџет, нема лекови за пациентите, но сепак има покачување од 10% за вработените. :tapp::drk::tv::sekss:

На сите ни е јасно, без разлика на (не)партиска вероисповест, дека имаме неозбилно-корумпирано-политички без-културно општество, но сепак, оваа вест е една од ретките шлагови во нашата ауто-гето држава!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom