неможам веќе да ве смислам ...
секоја подршка и пофалба кон Македонија за вас е кур се тресе ...
секоја плуканица по Македонија за вас е важна и и давате на значење ...
пу да ви ибам луѓето ...
По ова Марк Тачер целосно се посвети на бизнис. Со своите зделки постојано предизвикуваше лавина од обвиненија од кои најчестото е дека го злоупотребува името и влијанието на неговата мајка. Најпрво беше обвинет дека соработувал со саудискиот дисидент Мухамед Кхилевиј и со британскиот парламентарец Тем Далиел, дека примил провизија од 20 милиони фунти за договорот за испорака на оружје во Саудиска Арабија. Овој договор во 1985 година го потпиша неговата мајка – британската премиерка. Сепак, за ваквите случувања Маргарет Тачер коментираше: “Јас се борам за Британија”.
Една анегдота вели дека во 1987 година Марк Тачер го прашал Бернард Ингхам, советникот на неговата мајка, што може да направи за да & помогне на својата мајка да го добие и третиот мандат. Советникот му одговорил: “Напушти ја оваа земја”.
Тачер токму тоа и го направи, се пресели во САД, односно во Далас, и се ожени со ќерката на богат тексашки трговец со автомобили. Потоа од овде тој се пресели во Јужна Африка, а во тој период во Британија повторно беше отворена истрагата за сомневањето за продавање оружје во Саудиска Арабија. Но, новиот премиер Џон Мејџор го запре понатамошното развивање на истрагата. Во Јужна Америка Тачер се занимаваше со уште поинтересни професии – лихварство. Главни клиенти му беа јужноафрикански полицајци, војници и државни службеници.
Во јуни 2003 година почина таткото на Марк Тачер, лордот Денис Тачер, од кого Марк ја наследи титулата. Во една прилика Марк ќе изјави: “Среќа што мојот татко е мртов и не може да го види овој срам”. Медиумите велат дека неговото богатство, кое се проценува на најмалку милион евра, не е загрозено со неговиот притвор во Јужна Африка. Му останаа хидроецентралите во Малезија, консултантската фирма во Хонг Конг, но и продажбата на оружје во Африка и на Средниот Исток.
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=65&EditionID=448&ArticleID=9002