M
marsovka
Гостин
МАКЕДОНЦИТЕ ТОНАТ ВО КСЕНОФОБИЈА И ВО НЕТОЛЕРАНЦИЈА, И СЕ ПОЛНИ СО СТЕРЕОТИПИ
Мразиме се! Валентина Стојанчевска
Македонските граѓани се повеќе тонат во ксенофобија и во нетолеранција, и се полни со стереотипи кон речиси сите маргинализирани групи, покажуваат социолошките истражувања. Според пројавените ставови, Македонците се релативно конзервативни, се противат на развод, на абортус, на еутаназија, а во голем број случаи преферираат смртна казна за тешките кривични деликти. Нетрпеливи се кон хомосексуалците и кон наркозависниците, а, според социолозите, тоа ја прави земјава една од најконзервативните во Европа, потчинета на традицијата и затворена за светските трендови. Стручњаците тврдат дека ова е последица на традиционалното воспитување и на живот во големи семејства со генерациски јаз. Ситуацијата е посложена во малите градови во кои најмногу се цени мислењето на соседите.
Затвореноста и нетолерантноста на Македонците ја потврдува и последното истражување направено по барање на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Резултатите покажале дека повеќе од 80 проценти од граѓаните не ги одобруваат разводот, абортусот, еутаназијата и хомосексуалноста. Анкетата покажува дека и мажите и жените се еднакво конзервативни, без разлика на која партија се членови или симпатизери. Дури 76 проценти од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ биле против развод, абортус, еутаназија и хомосексуалност. Од поддржувачите на СДСМ, 67 отсто се против овие појави.
Социологот Илија Ацевски тврди дека Македонците му пркосат на модерното време и тешко прифаќаат различности.
- Социолошките истражувања покажуваат дека живееме во конзервативна средина, а граѓаните во голема мера му противречат на модерното време. Врз ваквиот однос влијаат степенот на развиеноста, долгогодишната транзиција и економската криза. Долгогодишната затвореност на земјата придонесува во последните 5-6 години, наместо да одиме напред, да се враќаме кон минатото и кон традицијата и целосно да се затвораме пред модернизацијата - изјави Илија Ацевски, социолог.
Иако Македонците се конзервативци по природа, сепак од година в година значително расте бројот на разводи и на абортуси. Социолозите оваа контрадикторност ја објаснуваат со фактот дека граѓаните го осудуваат сето она што им се случува на другите луѓе и имаат предрасуди кон нив, но кога проблемот ги засега лично, тогаш имаат повеќе разбирање за сопственото однесување.
Истражувањето покажало, пак, дека Албанците се поконзервативни од Македонците.
Од Македонскиот центар за меѓународна соработка сметаат дека треба да се обрне поголемо влијание на тоа што 3,1 процент од испитаниците прифаќаат насилство врз жената, а 6,9 отсто го оправдуваат ќотекот како педагошка мерка врз децата. Загрижувачки се и податоците според кои дури 19,9 проценти од Албанците биле за тоа да ги тепаат своите деца. Истражувањето покажало дека и околината влијае врз формирањето на ставовите бидејќи 60 отсто од жителите на Скопје имаат конзервативни сфаќања, што е за 17 отсто помалку отколку жителите во помалите средини.
Анкетата била спроведена во март, на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници постари од 18 години, од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, за потребите на Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Link>http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1704&ArticleID=113823
Nema da коментирам :salut: