ПОРАДИ ДОСИЕТО ТАБАКЕРА ПРЕТЕПАН СИНОТ НА РИСТО ШИШКОВ

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Таквите, ушким (`македонци`) како тебе ќе ја растурат Македонија.
:toe:
ДеПеБеНеО нема капацитет да биде движечка сила и обединувач.
Него нажалост се разиденувачи,такви кои што место да наметнат идеја и да водат,делат 2 милиони луѓе на преку 30 категории,нации,националности... луѓе.

Албанци,турци,цигани,срби,бошњаци,црногорци,санџаклии,бугари,грци и уште мал милион... `категории`.
За арам да ви е.


Нешто слично тврди и Concrete,меѓувпрочем :)

Каква е оваа омраза спрема македонската нација, па кратенката дпМне (демократска партија за македонска национално единство), го преименуваш во дпБНе?

Каков е тој српски национал шовинизам, па Македонците не ги признаваш и ги правиш бугари?


ВМРО има 60% застапеност во Собранието, што е доказ дека е обединувачка сила во Македонија :helou:
 
Васил Шишков: Ќе им вратам!

- Досието го добив од полицијата пред неколку месеци. Се вика Табакера и има 600 страници. Самото досие потврдува дека мојот татко не бил само обичен пијаница, актер во МНТ и глумец во некои македонски филмови. На првата страница од Табакера стои дека Ристо Шишков е македонски националист, сепаратист, шовинист. Според досието татко ми бил државен непријател на СФРЈ - вели Шишков

39D7D288C4A5D44BB2A7DC32534E73EC.jpg
Полициското досие Табакера е причина за физички напад на синот на познатиот македонски глумец Ристо Шишков, Васил Шишков. Ова вчера го тврдеше актерот Васил Шишков. Според него, Табакера е досие на неговиот татко Ристо.
- Досието го добив од полицијата пред неколку месеци. Се вика Табакера и целото досие има 600 страници. Го чувам во банка, бидејќи претпоставував дека ќе имам проблеми и закани. Самото досие потврдува дека мојот татко не бил само обичен пијаница, актер во МНТ и глумец во некои македонски филмови. Мојот татко се борел за кауза. На првата страница од Табакера стои дека Ристо Шишков е македонски националист, сепаратист, шовинист. Според досието татко ми бил државен непријател на СФРЈ, поради што бил следен постојано - вели Васил Шишков.
Тој е убеден дека во вторникот наутро во 9 часот и 10 минути бил нападнат и брутално претепан заради досието. Смета дека тоа било обид за негова ликвидација.
- Сакаат да ме замолчат, но нема да можат. Тие штотуку ја отворија пандорината кутија. Нема да ги оставам на мира. Ќе ги обелоденам сите еден по еден. Не им се плашам. Ќе им вратам - изјави вчера Шишков за ВЕЧЕР.
Според него, во досието Табакера се наоѓаат голем број имиња кои и се познати на јавноста. Доколку го заштити државата, Шишков тврди дека веднаш јавно ќе ги каже имињата на сите кои го следеле и се заканувале на неговиот татко Ристо Шишков. Ристо Шишков остана запаметен како контроверзна личност против која се водеа судски спорови. Во еден спор на Шишков му се судеше поради пцост во која го спомнал Јосип Броз Тито.
Шишков бил нападнат кај основното училиште Ј.Х.Песталоци. Вели дека не должи никому, ниту пак има приватни проблеми со некој за да има причина да биде така брутално претепан.
- Се сеќавам дека ме удри автомобил и јас паднав. Што се случувало потоа не се сеќавам. Но очевидци велат дека ме тепале со безбол палки. Со Брза помош ме однесоа во Клинички Центар. Таму дојде полиција. Имам повреди на вилицата, на окото и целиот сум со модринки - раскажува Шишков, кој има видливи повреди по лицето.
Во МВР вчера ни потврдија дека по пријава од Болницита полициски инспектори извршиле разговор со повредениот актер. Тој на полицајците им изјавил дека на последното што се сеќава е дека паднал. На нивното прашање дали некој го тепал или му се заканувал Шишков рекол дека и да го тепал тој не им се плаши.
Во Клиничкиот центар велат дека го примиле Шишков во вторникот наутро со видливи повреди на лицето. Било констатирано дека има повреди на горната и долната вилица, повреда на главата и лицето, но бил надвор од животна опасност. Бил упатен на максилофацијална хирургија.
Адвокатскиот тим на Шишков тврди дека од МВР побарале да го проверат случајот и истиот детално да биде преиспитан.
Досието на Шишков беше споменато и во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш оваа партија објави дека актерот Петар Арсовски кој беше носител на советничката листа на СДСМ бил соработник на тајните служби во поранешниот режим. Според нив Арсовски во 1979 година директно учествувал во конструкцијата на обвинението против неговиот колега Ристо Шишков. Наводно во сведочењето пред судот, Арсовски го клевети својот колега, дека изјавил дека го мрази другарот Тито, а во прилог на тоа се заколнал и во своето дете. Тогаш тие побараа лустрациската комисија кога ќе почне со работа да го преиспита овој случај.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=35428&page=3
 
Каква е оваа омраза спрема македонската нација, па кратенката дпМне (демократска партија за македонска национално единство), го преименуваш во дпБНе?

Каков е тој српски национал шовинизам, па Македонците не ги признаваш и ги правиш бугари?
Не ги правам јас...
:toe:
сачувај Боже.
Него тоа `раководните кадри` о(т)д ДеПеБеНеО-то сами се издаваат па малку-малку промовираат :
де бугарска историја (архив на Р.Македонија) :kesa:
де бугарски азбуки (Милошоски)
де бугарска припадност (Силвана Бонева и муж и).

А ти,поправи ме со факти и со име и презиме ако грешам.
:toe:
 
Не ги правам јас...
:toe:
сачувај Боже.
Него тоа `раководните кадри` о(т)д ДеПеБеНеО-то сами се издаваат па малку-малку промовираат :
де бугарска историја (архив на Р.Македонија) :kesa:
де бугарски азбуки (Милошоски)
де бугарска припадност (Силвана Бонева и муж и).

А ти,поправи ме со факти и со име и презиме ако грешам.
:toe:

Абе мислев дека проблемите на Васко со дрогата се минато време,ама во случајов и не се толку битни,колку што се битни фактите за досието од 600 страници.Инаку зошто некој би “прегазил“ наркоман кој и не е толку насилен ебаго?Друг е фактот што можеби не си го размислил,и кој може да биде навистина релевантен во случајов на вмешаност од УДБАшките структури кој се потрудиле во минатото Васко да посегне по наркотични супстанци онака колку да биде отфрлен од општеството,пред да “загази“ во нивниот двор како неговиот татко.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom