- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Александар е Македонски во блокбастерот „Вочмен“
Автор: Јасна Франговска
- Ти си инспириран од Исус?
- Не, инспириран сум од човек што е роден 300 години пред Исус. Неговото име е Александар Македонски, но вам ви е веројатно попознат како Александар Велики.
Вака суперхеројот на најновиот холивудски блокбастер „Вочмен“ во една сцена ја објаснува својата лична мотивација за дејствување, правејќи патем прецизна дистинкција од грчкото инсистирање за нивното ексклузивно право на апсолутна сопственост врз митот за големиот антички војсководец.
Како извршен директор на „Јунилајф магазин“, Македонецот Ѓоко Муратовски го изгледал „Вочмен“ на претпремиерна изведба во Австралија, каде што е докторант по корпоративни комуникациски стратегии и дизајн на Универзитетот на Јужна Австралија.
- Кога ја видов оваа сцена, прво ми падна на памет дека македонското лоби мора да е исклучително силно штом успеало во ваков филм, за кој сум убеден дека ќе биде еден од најдобрите во годинашнава светска продукција, да обезбеди ваков т.н. продакт плејсмент - вели Муратовски, кој деновиве престојува во родното Скопје.
За ваков пласман на свој продукт во ТВ-серии и филмови светските компании и корпорации обично плаќаат исклучително високи износи.
- Станува збор за големи пари, кои се движат од неколку стотици илјади долари до милиони долари, зависно, нормално, од моќноста на нарачателот и од продукцијата во која тој сака да го вметне својот продукт или неговото лого - вели Муратовски.
Според маркетиншката практика, ваквите пораки, вметнати во филмски и ТВ-продукции, кои редовно имаат исклучително многубројна публика низ целиот свет, наидуваат на одличен прием што потоа се одразува и на нивниот понатамошен пласман. Поради тоа, без оглед на скапо платената цена за вакви продакт плејсмент-практики, тоа се речиси секогаш доброинвестирани пари.
- Со оглед на продукцијата и на нашата позиција како држава, ова е класично честење за Македонија - вели Муратовски.
Дејството на „Вочмен“ е сместено во алтернативна 1985 година во Америка, во која костумирани суперхерои се дел од секојдневниот социјален живот. Во услови на филмска тензија меѓу САД и СССР, еден од костумираните одмаздници ќе биде брутално убиен. Повторно обединетите херои, пензионирани една декада претходно, се среќаваат за да го истражат убиството, но откриваат подлабок и поѓаволски вековен заплет и заговор што може да ја смени рамнотежата на силите во светот, кој не е поинаков од нашиот.
Филмот, базиран на истоимениот стрип од 1986-1987 година на Алан Мур и Дејв Гибонс, го режираше Зак Снајдер, чиј претходен зафат беше филмот „300“, попознат како „300 спартанци“, во кој беше искористена (бесправно) музиката од македонската народна песна „Зајди, зајди“. „Вочмен“ почнал да се снима во септември 2007 година во Ванкувер. Продуцент на филмот е „Варнер брос“, а „Парамаунт“ е меѓународен дистрибутер.
Неговото прикажување започна во март годинава и по првиот викенд „Вочмен“ веќе спечали 55 милиони долари. До 21 април неговата заработувачка веќе изнесува 180 милиони долари. Критиката е поделена. Едни го фалат поради мрачниот и единствен приод кон жанрот филмови за суперхерои, додека другите го исмејуваат поради комерцијализацијата на исклучителниот стрип.
Стрипот „Вочмен“, според кој е направен филмот на Снајдер, има одлична репутација во својот домен.
- И во стрипот од 80-тите години, Александар е Македонски, а не Велики - вели Муратовски.
По отворањето на апсурдниот грчко-македонски спор за името, во кој Грција пред меѓународната заедница се наметнува како единствен наследник на севкупното античко наследство, не исклучувајќи го ни античкомакедонското наследство, па дури и митот за Александар, зачестено е избегнувањето на придавката „Македонски“ во неговото именување и користењето на епитетот Велики или Мегалос.
Прецизната дистинкција што ја прави суперхеројот на „Вочмен“ во реплика од филмот ја сублимира сета историја на негирање на припадноста на античкиот војсководец, чија митска величина со текот на вековите стана универзално, општочовечко наследство.
Во поновата историја на филмската продукција, која поради својата седостапност бездруго е еден од најмоќните медиуми на денешнината, нема многу вакви примери, кои го разјаснуваат вмешувањето предизвикано со грчкото инсистирање за право на севкупната античка историја.
Филмот „Александар“, кој во 2004 година го режираше Оливер Стоун, уште повеќе ги заплетка линиите на потеклото на митскиот антички војсководец, кој во филмот беше и Македонец и Грк, а се бореше со грчка војска.
Куриозитет
Филмот, базиран на истоимениот стрип од 1986-1987 година на Алан Мур и Дејв Гибонс, го режираше Зак Снајдер, чиј претходен зафат беше филмот „300“, попознат како „300 спартанци“, во кој беше искористена (бесправно) музиката од македонската народна песна „Зајди, зајди“.
Izvor NOVA MAKEDONIJA...