[/b]
Србија дури на 08.04.1996 ја признава Македонија
Слободан Милошевиќ беше против независноста и признавањето на Македонија, велат македонски политичари кои го познаваа поранешниот српски и југословенски претседател.
„Милошевиќ го попречуваше признавањето од страна на Србија на независноста на Македонија. Дури во април 1996 година се воспоставени дипломатски односи со Србија“, изјави Стојан Андов, пратеник и поранешен претседател на Собранието.
Се до 96-та Милошевиќ заговараше поделба на Македонија меѓу Србија и Грција, вели Слободан Чашуле, последниот Македонец што го виде Милошевиќ во Хаг.
„Му понуди на Мицотакис да ја делат Македонија. Мицотакис се двоумеше, а кога прифати, Милошевиќ не сакаше“, рече Слободан Чашуле, пратеник и поранешен министер за надворешни работи.
Милошевиќ ја призна независноста на Македонија откако тоа го направи и Грција, по склучувањето на времената спогодба за името.
[FONT="]Денеска само се помни дека Србија не призна под уставното име, вели поранешниот спикер Стојан Андов, кој додава дека и покрај признавањето, Милошевиќ се надеваше дека можеби Македонија ќе се врати во остатокот од поранешна Југославија, па го кочеше договорот за границата.[/FONT]
леле, во ова ти веруваш????? ц ц ц ц