Реал Сиудад - Кил (33:27) Вкупно: 67:66

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е подобар? Кој ке победи?

  • Кил

    Гласови: 20 57,1%
  • Реал Суидад

    Гласови: 13 37,1%
  • Нерешено

    Гласови: 2 5,7%

  • Вкупно гласачи
    35
Статус
Затворена за нови мислења.
Одлична утакмица! Каков пресврт!!!! И покрај тоа што Реал беа отпишани, феноменално се вратија во игра и заслужено ја одбранија титулата! Голманот беше фантастичен !!!
 
ФАК. Незнам од кај да почнам ..
Најнапред ОДЛИЧНО финале, морам да пофалам судиите кои судеа одлично и после некои реакции на публиката беше само глупост. БРАВО ЗА СУДИИТЕ одлично ја завршија нивната работа немаше ниту една грешка.
Напочетокот Кил си рокаше ја си мислам играт со последните од Германската лига, ги немаше никаде Реал. Омејер ! :cuc::cuc::cuc:. Подобар голман нема никаков Штербик ма ништо не признавам. Човекот се утапа бранејки + тоа овој замор што го тепаше цела сезона напор и други работи и на крај успеа на едно големо финале да биде ФЕНОМЕНАЛЕН. 22 одбрани, луге шо е ова бе? И на тие одбрани екипа голема како Кил не успеа да го совладе противникот? Епа не заслужија трофеј! Морам да одвојувам играчи, и да пофалам што треба. Јиха !?!?!?! Го имаше некаде? Тој сигурно играше само за да биде 1 стрелец а не мотивација и за шампион дефинитивно. Карабатич? Што правиме ако не беше тој? Браво за него, дефинитивно најдобра игра покажа од сите на терен борбеност и се, се трудеше и во одбрана и во напад посебно во напад, од неизградени ситуации постигнуваше гол, се мачеше браво за него. Кавтичник? Браво човекот играше на најдобро ниво, немам зборови само жал ми е што неможеа да дојдат до победа. Лунд, само тој играше во одбрана! :(. Алм играше така-така. Абе како финале со мотивација со таков голман каде што го нема никаде во светот треба да ги згазат на Реал бе. Најнапред предност имаа од публиката, но не го спречи тоа Омејер да не му оди, туку играчите. Се убаво прво полувреме одлично повеке од сигурни беа сите дека Кил е најблиску до титулата. Што се очекуваше во второто полувреме, никој не смее да каже А за Омејер зошто не бранеше па што треба да направи на ваква СЛАБА игра на КИЛ? Само во напад гледат, во одбрана дупка. Морам морам да го пофалам ако не и најдобар беше крилото на Реал Калман дечково одигра ФАНТАСТИЧНО. Головите не му се бранеа ма да имаше и 4 голмани. Стварно многу ме изненади Калман ваков играч тешко се раѓе, барем ја така мислам како што гледав и се. АБАЛО ?!? Он го реши натпреварот? Може да се каже се премести на бек и одтогаш како да живне Реал, незнам стварно ме чуди зошто дозволиа така Кил да направат страшен прествт. Ја не ни помислував да им се долепат на 1 разлика а камоли да им заводат. Карабатич и Кавтичник, со среќа нека им е во Монпеље. Незнам што ке остане во Кил, едноставно само Бундеслигата да се борат. Штербик? Го немаше ниакде првото полувреме, успеа нешто да фати во второто полувреме беше добар стварно али кривицата беше од страна на пола да не речам и сите играчи на КИЛ. СРАМОТА!!!!

Честитки за РЕТКИТЕ фанови на форумов за Сиудад Реал. :(
win09_m.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Не ми се верува што се случи.
Браво за Сиудад, честито нека им е.
 
Мене Сиудад ми биле секогаш посимпатични од Кил најмногу заради Абало.Според натпреварите во полуфиналето и четвртфиналето каде што го гледав Кил си мислев дека непречено ќе го освојат трофејот,башка и победата во Германија.Ама Сиудад е тимиште и сосема заслужено победија во финалето,Кил се испука,ама кога беше најпотребно Реал покажа кој е кој во европскиов ракомет.
 
Честито победа Германциве две години по ред не можат да добијат финале.
 
Честито победа Германциве две години по ред не можат да добијат финале.
Богами неможат ни веке да освојат. Ке си оди Карабатиќ,Кавтичник мислам дека и Омејер ке си замине. Сите ке одат во Монтпеље, е другата година Монтпеље ке настапи на сцена. :) Ке пропадне Кил, богами ..
 
Богами неможат ни веке да освојат. Ке си оди Карабатиќ,Кавтичник мислам дека и Омејер ке си замине. Сите ке одат во Монтпеље, е другата година Монтпеље ке настапи на сцена. :) Ке пропадне Кил, богами ..

Па нели нешто се збореше за тие Некар(или како и да беа) дека имале доста пари а го сакаат Карабатич?
 
Па нели нешто се збореше за тие Некар(или како и да беа) дека имале доста пари а го сакаат Карабатич?
Да, газдата на Некал Ловен од Германија кажа дека ке го прави тој славен клуб со многу добри играчи. Точно е тоа дека се меѓу најбогатите клубови, али ова мислам дека беше трач, мислам имаше ваква понуда али не беше фокусиран Карабатич на тоа.

Инаку неговото заминување не е 100% дека ке оди во Монтпеље али таму му е првата гледна точка. Највероватно од таму дојде и таму ке оди, не верувам дека ке оди во друг ГЕРМАНСКИ клуб.

Летнавме малку оф-топик.
 
Да, газдата на Некал Ловен од Германија кажа дека ке го прави тој славен клуб со многу добри играчи. Точно е тоа дека се меѓу најбогатите клубови, али ова мислам дека беше трач, мислам имаше ваква понуда али не беше фокусиран Карабатич на тоа.

Инаку неговото заминување не е 100% дека ке оди во Монтпеље али таму му е првата гледна точка. Највероватно од таму дојде и таму ке оди, не верувам дека ке оди во друг ГЕРМАНСКИ клуб.

Летнавме малку оф-топик.
Имаше понуда,а Карабатиќ речиси сигурно заминуваше во Ловен,но неговиот претходен тренер Сердарушиќ поради недоразбирање не го превзеде кормилото во тимот на Ловен,па тоа по автоматизам значеше нереализирање на трансферот.Каде ќе замине сега тоа е сеуште непознато,но шансите за останување во Кил се минимални.
Он:
Значи и претходно го кажав мнението дека Суидад е мојот фаворит во овој финален двомеч,кој патем беше еден од најнеизвесните и најнапнати во последните години.Би рекол оти кој и да победеше не ќе беше незаслужено,бидејќи и двете екипи играат извонреден,европски и брз ракомет.
Кил во вториот натпревар влезе многу самоуверено,со сигурна игра,така што резултатот на полувреме во потполност им одговараше.Предноста што ја направија во вториот дел во почетните десет минути најавуваше титула за Кил,но Реал потоа покажаа карактер и истрајност,додека пак играчите на Кил несфатливо лесно им пропуштија предност.Според мене главен јунак во овој период беше Штербик,кој со неколку бравурозни одбрани ги откажа играчите на Кил.Дека имаше помалку одбрани од Омејер,да тоа е така,односот е 22-14 на сметка на Омејер,но доби и помала минутажа во која капитенот Хомбрадос запиша осум успешни интервенции.Впрочем улогата и заслугата на Арпад во овој натрпевар се виде и кога повеќето играчи на Реал тргнаа кон него веднаш по завршувањето на мечот.Клучни во кршењето на предноста беа и Абало,Стефансон и Калман.Кај Кил Карабатиќ и Кавтичник фантастични,но многу мал придонес даде Јиха,кој е одличен оваа сезона.Одбраната страшно потфрли последните дваесет минути,тоа мора да се напомене.
Криво ми е само што гледав снимка од мечот,без некоја поголема тензичност следејќи го,па се остана само на анализа на натпреаврот.Сепак повторно ќе кажам,еден од најдобрите ракометни мечеви што сум го гледал во последно време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom