

Што се очекуваше и така дојде. Се очекуваше повторливо финале како и ланското, и ете и дојде. После толку битна, Кил и Реал се среќаваа заедно и во групата заедно со Барселона и успеа да ја исфрлат Барселона па да се борат тие 2 клуба за Лигата На Шампионите, едни од најквалитетните и најдобрите клубови во светот.
Лани победе Реал, со стварно фантастична игра, можам да кажам дека лани не беа толку квалитетни Кил, не беа во топ форма играчите башка, Реал беше подалеку подобар. Оваа година како Кил да се молеше да дојдат Реал за да им се одмаздат. Овие два клуба се жедни за уште еден трофеј од ЛШ. Инаку во домашните првенства во Германија Кил има учинок со 28 победи 1 нерешена и 1 пораз, си се наоѓа на првото место и слободно ја славеше титулата за првак во Германија. Во спротивно Барселона е таа што владее во Шпанија не е многу разликата али Реал и Барса се јадат.
Не не интересире тоа не интересире финалето. Што мислите вие? Кој има подобар состав? Кој ке победи? Дали очекувате изненадување? Дали очекувате одмазда од страна на Кил или очекувате како лани?
Да кажам мое мислење. Навивам за Кил, многу некако ми се подобри од Реал. Ги мразам Реал еве си признавам многу ги мразам како тим, глупо ми е некако. И двата тима имат квалитетни играчи ке биде МНОГУ интересен овој меч, не заборавајте да гледате.

Кил има голем хендикеп тоа што нема да им игре горе-доле најдобриот играч моментално кај нив АНДЕРСОН. Си ја скрши раката и ке биде отсутен во финалето. Така читав дека му била скршена не верувам до тогаш да му се управи.
Останува на вас вие што мислите да кажете.
ВАЖНО: ВЕ МОЛАМ КОГА ПАСТИРАТЕ МИСЛЕЊЕ НАПИШЕТЕ ШТО МИСЛИТЕ ЗА МЕЧОТ НЕЈКАМ ДА КАЖЕТЕ СО ЕДЕН ЗБОР САМО ПРИМЕР: ''РЕАЛ КЕ ПОБЕДИ'' Сакам да ве чујам што мислите дали имате познавање нешто. Ако немате познавање подобро да не пишете. ВЕ МОЛАМ ПОЧИТУВАЈТЕ.