Средба Груевски - Саркози

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Грција како е должна,плус во економска криза испреплетена со секојдневни диверзантски акции на левичарите тешко дека ке може да го издржи договорот со Франција за откупување оружје,каде што е обврзана да исплати милијарди.Така да можеби затоа почнавме да комуницираме со Франција,всушност историски гледано Франција и Грција отсекогаш имале спротивни гледишта на "големата шаховска табла"
 
Premierot imase sreka izbegna avionska nesreka... nasive makedonski politicari ,,ednas" godisno se kacuvaat vo avion i obavezno neso im se desava
Е ова нее точно.Знаеш зошто само на нашиве политичари им се случува ова?Затоа што не се слезени од авиони.Еден брату си иди друг оди.Само Илинка коќе заминеше со недели не можевме да ја вратиме.Знаеш Илинка тигрицата.Еден Обама или Буш ќе направи една турнеја во 5 год.Нашиве ко корзо да му е.Еве кажи например Медведев досега колку пати е излезен од Русија?
 
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Никола Саркози. На средбата во Елисејската палата, Груевски ќе побара поддршка од Франција за што поскоро симнување на шенгенската визна бариера за македонските граѓани, за старт на преговорите за членство во ЕУ и за деблокада на интеграцијата на Македонија во НАТО.
7E703CDA2F69A149B2FE2C444DDD11A9.jpg

Се очекува да го повтори ставот искажан и на вчерашните средби во Брисел со еврокомесарот Оли Рен и високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана, дека Македонија го заврши својот дел од работата во врска со визната либерализација и оти ќе ги исполни и критериумите за добивање датум за преговори.
Груевски ќе го информира Саркози и за позицијата на Македонија за спорот за името, што Грција го наметна како аргумент за блокада на македонската интеграција во НАТО, но и за тврдите и максималистички ставови и барања на Атина во однос на тоа прашање.
Визната либерализација ќе биде во фокусот и на средбата што шефот на македонската Влада ќе ја има со францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Ерик Бесон, во чија надлежност е проблематиката со визите.
Дводневната посета на Париз, премиерот Никола Груевски, ќе ја заокружи со средби со претставници француското здружение на стопанственици МЕДЕФ и со првите луѓе на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД Хозе Анхел Гуриа и на Меѓународната организација на Франкофонијата Абду Диуф.


Извор: kajgana.com



Како го оценувате ова, ќе произлезе ли нешто добро од ова или само повеќе ќе затупиме? :toe:





Боже Господе,ова ти е средба Фидел Кастро-Хитлер :pos2:

Многу голема подршка од Франција и неможе да се очекува,тие си се заљубени во Грците и тоа си е факт неоспорен....туку ајде да ,,попушеме,, и таму,уше таму остана.... :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom