Средба Груевски - Саркози

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Никола Саркози. На средбата во Елисејската палата, Груевски ќе побара поддршка од Франција за што поскоро симнување на шенгенската визна бариера за македонските граѓани, за старт на преговорите за членство во ЕУ и за деблокада на интеграцијата на Македонија во НАТО.
7E703CDA2F69A149B2FE2C444DDD11A9.jpg

Се очекува да го повтори ставот искажан и на вчерашните средби во Брисел со еврокомесарот Оли Рен и високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана, дека Македонија го заврши својот дел од работата во врска со визната либерализација и оти ќе ги исполни и критериумите за добивање датум за преговори.
Груевски ќе го информира Саркози и за позицијата на Македонија за спорот за името, што Грција го наметна како аргумент за блокада на македонската интеграција во НАТО, но и за тврдите и максималистички ставови и барања на Атина во однос на тоа прашање.
Визната либерализација ќе биде во фокусот и на средбата што шефот на македонската Влада ќе ја има со францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Ерик Бесон, во чија надлежност е проблематиката со визите.
Дводневната посета на Париз, премиерот Никола Груевски, ќе ја заокружи со средби со претставници француското здружение на стопанственици МЕДЕФ и со првите луѓе на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД Хозе Анхел Гуриа и на Меѓународната организација на Франкофонијата Абду Диуф.


Извор: kajgana.com



Како го оценувате ова, ќе произлезе ли нешто добро од ова или само повеќе ќе затупиме? :toe:
 
Хаха тоа ќе биде смешна глетка. Грујо и Саркози двајца Наполеон уанаби комплексаши еден до друг.
 
За прв пат Саркози не мора да се „поткачува“ за да изгледа повисок.

Може и ќе се договорат нешто, нема да биде оптоварен со висината...
 
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Никола Саркози. На средбата во Елисејската палата, Груевски ќе побара поддршка од Франција за што поскоро симнување на шенгенската визна бариера за македонските граѓани, за старт на преговорите за членство во ЕУ и за деблокада на интеграцијата на Македонија во НАТО.
7E703CDA2F69A149B2FE2C444DDD11A9.jpg

Се очекува да го повтори ставот искажан и на вчерашните средби во Брисел со еврокомесарот Оли Рен и високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана, дека Македонија го заврши својот дел од работата во врска со визната либерализација и оти ќе ги исполни и критериумите за добивање датум за преговори.
Груевски ќе го информира Саркози и за позицијата на Македонија за спорот за името, што Грција го наметна како аргумент за блокада на македонската интеграција во НАТО, но и за тврдите и максималистички ставови и барања на Атина во однос на тоа прашање.
Визната либерализација ќе биде во фокусот и на средбата што шефот на македонската Влада ќе ја има со францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Ерик Бесон, во чија надлежност е проблематиката со визите.
Дводневната посета на Париз, премиерот Никола Груевски, ќе ја заокружи со средби со претставници француското здружение на стопанственици МЕДЕФ и со првите луѓе на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД Хозе Анхел Гуриа и на Меѓународната организација на Франкофонијата Абду Диуф.


Извор: kajgana.com



Како го оценувате ова, ќе произлезе ли нешто добро од ова или само повеќе ќе затупиме? :toe:
Cisto protokolarno 15 min...nisto pojce...za pojce treba Gjole...
 
Cisto protokolarno 15 min...nisto pojce...za pojce treba Gjole...

Најавената денешна средба требало да трае 1 ЧАС, а утрешната ќе видиме :vozbud::vozbud:

Он топик: Ахх колку само интересни коментари ќе им после квачката ќе не нарече ФИРОМ а нашиве треба да се смеат :sekss: не виден ама мора да се добијат визи
 
Premierot imase sreka izbegna avionska nesreka... nasive makedonski politicari ,,ednas" godisno se kacuvaat vo avion i obavezno neso im se desava
 
Како што е Грујо бивши боксер нека го акне на тоа француско педерче еден бокс, го има заслужено како шеф на држава која е еден од најголемите противници на Македонија во спорот со името.
 
Mnogu smesno deluvaa hahha..mislis personalna unija ke pravat:tapp:
 
Nishto i od taa sredba,Grujo kje mora da vitka kichma za imeto ako saka bezvizen rezhim.Tipichen dpBne-ovski neuspeh.
 
Франција го поддржува укинувањето на визниот режим за Македонија, истакна францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Ерик Бесон по денешната средба во Париз со македонскиот премиер Никола Груевски.


- Франција ќе ја поддржи визната либерализација веднаш штом Европската комисија даде таква препорака. Сите индикатори говорат дека Комисијата ќе поднесе позитивен извештај за Македонија. ЕУ ги забележува постигнувањата на земјата и затоа на тоа поле сме оптимисти, изјави Бесон.

Македонија го заслужува своето место во ЕУ и Франција е подготвени да и помогне во тоа, посочи францускиот министер надлежен за визната проблематика. Париз, рече Бесон, ги нотира и поддржува напорите на земјата за укинување на визниот ѕид со ЕУ, и за воспоставување добро владеење и регионална стабилност.

- Дефинитивно Франција застанува зад визната либерализација за Република Македонија, оцени македонскиот премиер Груевски. Потсети дека во изминатиот период Македонија направи многу реформи, исполни стандарди и постигна прогрес, а сите оценски мисии од Брисел дадоа позитивни извештаи.

Македонија, додаде Груевски, воопшто не е проблематична земја во однос на имигрантските политики не само за Франција, туку и за другите земји од ЕУ, така што и од тој аспект нема никаков проблем за визната либерализација.

- Во ЕУ следуваат настани на кои ќе се носат одлуки во врска со визната либерализација. Цврсто веруваме и се надеваме дека тоа ќе заврши до крајот на годинава и ќе биде донесена конечната одлука за укинување на визите за македонските граѓани, рече македонскиот премиер.

Sarkozy-Gruevski-455px.jpg


Поддршката од Париз, вели Груевски, е од исклучително големо значење и високо се цени. - Франција е голема и многу значајна земја во Европа и отсекогаш била мотор во водењето на земјите од Балканот кон ЕУ. Во различни форми Франција и досега и помагаше на Македонија и се надеваме дека тоа ќе продолжи и во иднина, рече македонскиот премиер.

На билатерален план договорено е да биде подготвена спогодба за имиграција што ќе биде потпишана за време на посетата на Бесон на Македонија во октомври годинава.

Шефот на македонската Влада попладнево во Елисејската палата ќе се сретне со францускиот претседател Никола Саркози. Освен за визната либерализација, Груевски од Саркози ќе побара подршка и за старт на преговорите за членство во ЕУ и за деблокада на интеграцијата во НАТО. Ќе го информира и за позицијата на Македонија за спорот за името.

Дводневната посета на Франција ќе ја заокружи со средби со првите луѓе на ОЕЦД Хозе Анхел Гуриа и на Меѓународната организација на Франкофонијата Абду Диуф.

Извор Кајгана.
 
Неверојатно колку си личат кога стојат еден до друг...
Штета што не се дружат почесто...
 
Добро е за имиџот на Македонија да има почесто вакви средби со високи државници на угледни и влијателни земји во светот и Европа, меѓутоа се ми се чини дека Саркози глуми некаква објективност во процесот на преговорите за името, иако тоа не би требало да го засега, сепак е на погрешната страна. Погрешното е во самото тоа што зазел страна.
Мислам дека визната либерализација ќе се случи со едно големо НО од француска страна, во превод дополнителни обврски и бенчмаркови.
 
Добро е за имиџот на Македонија да има почесто вакви средби со високи државници на угледни и влијателни земји во светот и Европа

Neli bre Francija se vo Kurvata Vavilonska,neli nekjime EU?Sho bara Gruevski vo Francija ne mi e jasno.Aha,mi tekna,da go prodava imeto.

Неверојатно колку си личат кога стојат еден до друг...

Komunjar do komunjar.
 
Neli bre Francija se vo Kurvata Vavilonska,neli nekjime EU?Sho bara Gruevski vo Francija ne mi e jasno.Aha,mi tekna,da go prodava imeto.

Аман бе зошто мора да бидете толку посемисти? Ова е добро за Македонија без разлика дали Франција не подржува или не. Би требало и многу почесто да се организираат вакви средби со светски политичари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom