bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Тетовец, сопственик на обложувачница, во саботата нападнал и претепал сограѓанин затоа што тој сакал да отвори обложувачница во неговата околина.
Инцидентот се случил околу 12.30 часот, во обложувачницата „Бет 365“, која се наоѓа на улицата Видое Смилевски-Бато, сопственост на Здравко Паунковски (32). Во тоа време во обложувачницата дошол Фазлија З. (41), викан Зеко, со уште едно лице чиј идентитет засега не е познат. Тој, револтиран оти се појавила конкуренција, која може да му го загори вносниот бизнис, со викање почнал да го бара сопственикот и, откако Пауновски се појавил, почнал да му се заканува.
- Не го познавам, но сум го видел неколку пати низ Тетово. Со него немам ништо ниту пак сум се замерил. Само што влезе внатре, веднаш почна да ми се заканува викајќи оти ова било албанска држава, што барам јас и кој ми дозволил да отворам обложувачница - раскажува Паунковски.
Насилникот незадоволен од реакцијата и одговорот на Паунковски, му се нафрлил удирајќи го со клоци и тупаници по главата и телото. Тоа го искористил и неговиот пријател, кој му се приклучил во ќотекот. Од ударите Паунковски паднал на земја, а насилниците продолжиле да дивеат низ објектот. Тие почнале да го кршат инвентарот и на крајот со столчиња го искршиле стаклото на излогот од обложувачницата. Задоволни од постигнатото тие на заминување му порачале на Паунковски оти имал 10 минути да си замине и никогаш повеќе да не се врати, затоа што ќе го кренеле во воздух заедно со обложувачницата.
Откако си заминале, Паунковски повикал полиција и бил пренесен во локалната болница, каде што му биле санирани повредите и бил пуштен на домашно лекување.
Како што дознаваме Паунковски е близок роднина на поранешниот министер за внатрешни работи и претседателски кандидат Љубе Бошкоски, но инцидентот немал политичка позадина.
Од локалната полиција информираат дека против Фазлија биле поднесени кривични пријави за физички напад и закани за ликвидација и додаваат дека сè уште трагаат по вториот напаѓач.
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=390&ArticleID=24268