- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Грција би можела да биде прогласена за перална на пари
Коментари (3)
12.05.2009 14:11
Грчкиот весник „Та Неа“ ги потврдува тврдењата на УСППФТ
Голема е веројатноста Грција наскоро да биде прогласена за перална на пари на светско ниво. Ова денеска го соопшти Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (УСППФТ).
УСППФТ се повика на резултатите од евалуацијата што ја спроведоа во Грција експерти на FATF (тело што ги евалуира единиците за финансиско разузнавање од светот), кои најавија дека ќе ја обелоденат неспособноста на оваа земја да се справи со едно од најголемите закани по економската стабилност во секое демократско општество - перењето на пари.
Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам неколку пати излезе во јавноста со тврдење дека Грција воопшто не соработува на полето на перење на пари и финансирање на тероризам.
Најновите пишувања на грчкиот весник „Та Неа“ не само што ги потврдуваат тврдењата на УСППФТ туку одат многу подалеку, тврдејќи дека грчките бизнисмени се први по учество во таканаречените „офшор“ компании.
„Та Неа“ додава дека постојат повеќе од 10.000 „офшор-компании“ со грчко учество, чиј обрт се проценува на околу 500 милијарди евра.
Според УСППФТ, најдобра потврда за тоа дека проблемот не е кај ситните бизнисмени, туку многу повисоко, е неодамнешното одбивање на грчкиот парламент да спроведе истрага за коруптивниот случај „Сименс“, за кој постоеја тврдења дека инволвира високи претставници од политичкиот живот на Грција.
Izvor A1
I posle MAkedonija nemoze vo EU poradi korupcija...
A vo Evropska i demokratska Gejlada milijardi se perat...
Tuku jas mislam deka bez ovie ispereni Pari Gejskoto opstestvo nemoze da opstane...