- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.948
Дејан Ристовски
Непознати сторители синоќа го запалиле единствениот пешачки мост кој го поврзува селото Крушопек со населбата Ѓорче Петров. Жителите на селото велат дека ова не е првпат некој да се обиде да го запали мостот и секогаш пожарот бил подметнуван од странaта на Ѓорече Петров, а без него како што рекоа тие ќе бидат изолирани од градот.
- Утрово кога се рабудив ме викна синот и видовме, мостот уште чуреше. Ова е единснтвениот пешачки мост кој го имаме – вели жителот на Крушопек, Абдула Сулејмани
- Не е проодно сега жени поминуваат и може да паднат во Вардар, а нема од каде друго место да поминуваат, вели Самет Абдула од истото село
Мостот бил запален со неколку автомобилски гуми кои сторителите ги поставиле под столбовите, најверојатно за да предизивкаат поголема штета. Селаните од Крушошпек и другите околни села утрово беа приморани мостот да го преминуваат по веќе изгорените даски и со импровизирани скали од едниот крај. Дополнителен проблем, како што велат тие, е што многу од децата во селото настава посетуваат во училиштата во Ѓорче Петров до каде немаат организиран превоз. Ниту од полицијата засега не знаат кој и зошто го подметнал пожарот, од таму информираа дека извршиле увид на местото и работат на откривање на сторителите.
http://www.telma.com.mk/vest.aspx?vest=4753