Ти на нив универзитет, тие на тебе БЈРМ

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Студентите на ДУТ повикуваат на бојкот на инаугурацијата на Иванов
11/05/2009 15:47:00
Големина на фонт:

Претседателот на студентите на Државниот универзитет во Тетово денеска ги повика партиите на Албанците во државава, но и претседателот на Албанија Бамир Топи, да ја бојкотираат утрешната инаугурација на Ѓорге Иванов.

Според нив, Иванов не ја почитува волјата на Албанците во Македонија.

„Почитувани албански политички субјекти во БЈРМ, почитуван претседател на ДУИ Али Ахмети, почитуван претседател на ДПА г. Мендух Тачи, почитуван претседател на НД г. Имер Селмани. За да се почитува волјата на Албанците во БЈРМ, ние студентите на ДУТ апелираме да не учествувате на инаугурацијата на претседателот Иванов. Бараме од вас да го бојкотирате овој “претседател“, како што го бојкотиравме на изборите од 5 април, бидејќи овој претседател од првиот ден не ја почитува волјата на албанскиот народ во БЈРМ. Вие претседател на Албанците, г. Бамир Топи не дозволувајте да бидете дискриминирани уште повеќе со вашето присуство на инаугурацијата на таканаречениот претседател Иванов. Ние студентите од ДУТ сугерираме вие г. Бамир Топи да не учествувате на оваа инаугурација со единствена цел да претставувате над шест милиони Албанци“ изјави Гадаф Узаири, претседател на студентската унија на ДУТ.


Извор А1


И што да се каже на ова....
Јас незнам што да очекувам од обичниот Албанец кога Академците се до коска радикализирани...
 
А која е причината?

Бараме од вас да го бојкотирате овој “претседател“, како што го бојкотиравме на изборите од 5 април, бидејќи овој претседател од првиот ден не ја почитува волјата на албанскиот народ

Па уште не ни седнал на фотеља чоеков амаааан! Плус вика ние го бојкотиравме на изборите каде што како претседател не ја почитувај волјата. Па не беше претседател тогаш! Аман дали ова стварно студентите или се под влијание на партија стварно незнам али важно е безмислено.
 
Играат двојно седат на два стола :toe: само да знаат дека на два стола не се седи ама изгледа ќе научат на потешкиот начин
 
Ko prvo: univerzitetot nit tie samite go dobija, nit nekoj radi kejf go dade, tuku albanskiot narod se borese i go zasluzi.

Ko vtoro: ista pesna se site studentski sojuzi.... so ke diktira sefot toa go kazuvaat... :toe:
 
Не е толку што некој им дал универзитет, секој заслужува образование на свој мајчин јазик, пред се тоа е добро за државата, но треба да сфатат, дека на овој начин, со вакви потези, ги губат ставовите на Македонците, кои веруваат дека со малку труд и соживотот ќе биде возможен. За да има соживот, најпрвин треба сите да ја почитуваме државата во која живееме, а со вакви испади, тешко.
Никој не го тера да живее во “БЈРМ“. Комотно нека си оди. Вакви изјави не треба да се толерираат. Радикализмот е најлошо нешто за нашава климава демократија и медиумите треба да ги заобиколуваат и игнорираат ваквите, кога ќе видат дека едноставно не заслужуваат внимание, можеби ќе престанат со вакви глупости.
 
Леле го дотепаа човекот уште не станал претседател а сите само за бојкотирање зборат...Абе остајте го на мира нека се среди ден два човекот сепак не е лесно да станеш претседател на една држава колку и да е мала и да има лоша политика. А на тие што не им се допаѓа овде во "БЈРМ" немора да седат бе овде нека си одат во друга држава кај што е поарно. Па што сакаат албанците? Цел век ли бе со нив ќе се расправаме? Значи што и да се прави за нив ништо не им е доволно секогаш бараат повеќе. Ај да ги ставиме нив поглавари само они да диктираат што и како треба да биде. Дека имаат права исти како македонците и се им е дозволено па и уште сакаат. Ај нека се гонат...
 
Сеа сите албански партии се во фазон кој ќе се направи поголем Албанец. Кога ќе чуеме од нив нешто за економија или толку им фаќаат лејките?
 
Едноставно ваквите радикални испади од страна на албанските студенти треба да се игнорираат. Никој не ги прашува што тие мислат за штотуку избраниот претседател, нити пак за државата кои тие ја именуваат така ко што ја именувале, со самото тоа што тие го потенцираат само повеќе го навлекуваат гневот на Македоците, а така луѓе не се гради соживот, баш напротив.
Колку за компарација: Што треба да прават Македонците кои живеат во општини кои градоначалници се албанци и за кои Македонците не гласале? И тие ли треба да го бојкотираат, да не плаќаат даноци и сл?
Ма дајте ви се молам, ова е само една голема глупост! :uvo:
 
Какви академци...смешки...

Едноставно луѓе без осет за демократија и политички незрели.
 
Quark, Iksi, ajkulturno oladete malku, oti ke ima reakcija od nasa strana. Temava ja zavrtevte vo najglup mozen pravec.

A na temata? Sto da se kaze, debilna rabota, najstrasno e sto sobiraat politicki poeni, za na kraj da ni dojdat d ani solat pamet vo parlament. Studentarija koja mesto da se zurka, da iskaca, da seta, da brka sojki, se zanimava so politika. Obezkurena mladina.

Me potsekjaat na Filip Petrovski i kompanija vo '97-ta koga drz-nedaj, rikaa, skokaa i si se isponamestija vo Parlament, a svetot ni se smeese.

Do koga ke dozvoluvame golocepkovci da si irgaat kurtasak?

Ovie treba samite albanci da gi grabnat i da gi podzamlatat da ne im tekne pa da ne brukaat.

Koga skeoj bi si gi sreduval svoite, pesna ke bide.
 
Студентите на ДУТ повикуваат на бојкот на инаугурацијата на Иванов
11/05/2009 15:47:00
Големина на фонт:

Претседателот на студентите на Државниот универзитет во Тетово денеска ги повика партиите на Албанците во државава, но и претседателот на Албанија Бамир Топи, да ја бојкотираат утрешната инаугурација на Ѓорге Иванов.

Според нив, Иванов не ја почитува волјата на Албанците во Македонија.

„Почитувани албански политички субјекти во БЈРМ, почитуван претседател на ДУИ Али Ахмети, почитуван претседател на ДПА г. Мендух Тачи, почитуван претседател на НД г. Имер Селмани. За да се почитува волјата на Албанците во БЈРМ, ние студентите на ДУТ апелираме да не учествувате на инаугурацијата на претседателот Иванов. Бараме од вас да го бојкотирате овој “претседател“, како што го бојкотиравме на изборите од 5 април, бидејќи овој претседател од првиот ден не ја почитува волјата на албанскиот народ во БЈРМ. Вие претседател на Албанците, г. Бамир Топи не дозволувајте да бидете дискриминирани уште повеќе со вашето присуство на инаугурацијата на таканаречениот претседател Иванов. Ние студентите од ДУТ сугерираме вие г. Бамир Топи да не учествувате на оваа инаугурација со единствена цел да претставувате над шест милиони Албанци“ изјави Гадаф Узаири, претседател на студентската унија на ДУТ.


Извор А1


И што да се каже на ова....
Јас незнам што да очекувам од обичниот Албанец кога Академците се до коска радикализирани...





Rani kuce da te lae:toe:
 
Абе што има да се замараме со некој клошари што не нарекле БЈРМ. Кривична пријава за ширење етничка нетрпеливост, завршена работа.

Тоа шти ниеден Албанец нема да го осуди таквиот чин само покажува што и мислат на државата.
 
Pa ne mora da odat, koj gi ebe i bez niv ke pomine.
 
албанска работа... После пак нека ги вработат во администрација со 4 одд :) ој куку нонеее
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom