Култура и подигање на националната свест, или бизнис ?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам десетици другари Италијани кои ќе дадат интервју какво сакате...
:vozbud::vozbud::vozbud:
 
ЕКСКЛУЗИВНО интервју- вајарката Валентина Каранфилова - Стевановска, авторка на контрОвеРзниот споменик на плоШтадот македонија

Со Александар Македонски ми се оствари сонот

Валентина Каранфилова - Стевановска е вајарката според чие решение се работат фонтаната и коњаничкиот споменик на Александар Македонски на плоштадот Македонија, проект добиен на меѓународниот конкурс на Општина Центар во Скопје. Кога ќе се постави споменикот, сите што сега зборуваат лошо, а кои сe уште немаат видено ништо, што е малку неблагодарно, сепак ќе бидат воодушевени и горди на тоа што ќе го имаме во Македонија, вели таа
4F20F83C7279594E977BAA44112332CC.jpg
Валентина Каранфилова - Стевановска е вајарката според чие решение се работат фонтаната и коњаничкиот споменик на Александар Македонски на плоштадот Македонија, проект добиен на меѓународниот конкурс на Општина Центар во Скопје. Според нејзино решение ќе се работат и фонтаната и бронзениот споменик на Филип Втори во населба Автокоманда.
Валентина вели дека по сe што и се случува, се чувствува како да е во сон. "Верувам дека на комисијата и се допаднало решението за Александар, но не можам а да не помислам оти ми било пишано. Судбина било да го добијам токму овој грандиозен проект, историски за секој уметник", ни рече Стевановска.
B614973D52593D44B7F50EF56E412CE2.jpg
Комплексот за Александар се работи во Италија. Бронзените делови се леат во најпознати леарници во Фиренца кои добиле на тендерот за леење, а мермерните делови се изработуваат во Верона. На тендерот за изведувач добила фирмата"Бетон" од Македонија, која ја спроведува изработката на фонтаната, чие поставување е најавено за 2010 година.
Валентина завршила правна насока во средното училиште "Борис Кидрич", но желбата за скулптура надвладеала, и таа се запишува и го завршува Факултетот за ликовни уметности, отсек вајарство каде што и магистрира. Професори $ биле Бранко Коневски, Васил Василев, и ментор за магистерската Драган Поповски - Дада. Вели дека имала среќа да го фати времето на тројцата искусни вајари и професори и од сите нив да научи по нешто. Досега имала две самостојни изложби, повеќе групни. Конкурирала и на други конкурси, и добила на конкурсот на Министерството за култура за скулптурите во Скопје да изработи релјефи за скулптура "Порта". Скулптурата ќе биде во мермер, а локацијата сe уште не е утврдена. Во Општина Гази Баба победила на конкурсот за Филип Втори. Споменикот ќе биде од бронза, висок 5 метри, а пред него ќе има фонтана. Валентина сака да работи во дрво, на парчиња кои ги наоѓа во природата. Вели дека главен мотив во нејзините скулптури е мајка со дете, што може да се насети дури и кога ќе отиде подалеку во апстракција. Таа е мажена и има две деца, 7-годишен син и три и полгодишна ќерка.
-Честитки за добиената награда, историска шанса за секој уметник. Како почна приказната за овој проект?
5D7087760A2E364BAADE421655807281.jpg
Судбоносниот момент за мене се случуваше во времето кога го бранев магистерскиот труд. Се случи да морам да го сменам менторот, па бев префрлена кај професорот Жарко Башески. Во исто време траел конкурсот. Тој конкурираше за фонтаната и за коњаникот на Плоштадот, и тој ми кажа дека конкурсот е во тек. Тој ми кажа дека на Интернет и во весник било објавено. Јас отидов во Општина Центар, ја подигнав документацијата за конкурсот.
Во тој период бев целосно посветена на историјата околу Александар. Читав многу книги. "Гробот на Александар Македонски" е една од тие книги во кои на многу сликовит начин се опишува времето на Александар, тоа многу ми помогна да дојдам до ова решение.
Има и една можна случајност, која за мене е многу важна. Со многу емоции читав за смртта на Александар на 10 јуни, и сфатив дека токму тој дел од неговиот живот го читам на истиот датум - на 10 јуни. Како што бев целосно преокупирана со животот на Александар, тоа многу ме возбуди, го доживеав како нешто величествено, но, истовремено, многу ме растажи. Тогаш уште ја работев макетата за конкурсот. Отидов во црква и запалив свеќа за Александар.
Кога конкурирав, јас не ни помислував дека можам да победам. Сакав да се испробам, да видам колку можам да направам, да се слушне за моето име, да го види некој од комисијата. Не знам кој одлучуваше, но сум слушнала дека жири-комисијата била составена од уметници од Америка, некој, исто така неофицијално, ми рече дека тоа било така за да нема местење.
C8C5630E75C6B24E8FC2CDD0ED1282FD.jpg
Ова за мене е сон. Сe уште не знам што ми се случува. Радоста и среќата кои ми ди даде ова дело се нешто посебно, нешто што не можам да го опишам. Свесна сум за големината на ова дело, дека ќе остане за генерации. Посветив многу енергија и љубов. Цела година работам многу напорно. Мислам дека кога ќе се постави, сите што сега зборуваат лошо, а кои сe уште немаат видено ништо, што е малку неблагодарно, сепак ќе бидат воодушевени и горди на тоа што ќе го имаме во Македонија. Многу ми значи дека италијанските мајстори што работат на споменикот се воодушевени и од решението, и од пропорциите, и за нив е ова голема работа. Сето тоа ми дава голема сигурност дека добро сум направила. Не сакам да излегувам во јавност и да зборувам на невидено. Сакам да давам изјави кога споменикот ќе биде поставен.
- Можеби сите реакции во јавноста се токму поради тоа што на јавноста $ се скусени повеќе информации околу споменикот?
Анимациите кои се појавија во некои медиуми не се точни, не содејствуваат со она што навистина ќе биде поставено, и како сето заедно - сите споменици и скулптури ќе изгледаат на Плоштадот. Затоа јавноста добива погрешна слика, и нормално е што реагира со негодување дека не $ се допаѓа. И мене не би ми се допаднало ако е онака како што излегува низ медиумите. Таму само коњаникот изгледа како да е висок 30 метри, што не е точно. Под коњаникот има фонтана, таа никаде не е прикажана. Според тие анимации изгледа дека на Плоштадот нема да може да се поминува. А не е така. Ние уметниците што имаме скулптура или споменик на Плоштадот, со Општината Центар се договоривме да се подготви соодветна 3 Д анимација како ќе изгледа Плоштадот. Така јавноста ќе може да ја знае вистината.
-Најмногу коментари и шпекулации, ми се чини, има за големината на споменикот?
Правев многу анализи откако го добив проектот. Приоритет ми беше големината. Тоа беше она на што прво се посветив. И убедена сум дека не згрешив. Тргнав онака како што се бараше во конкурсот, од фонтаната со придружни фигуративни елементи, и коњаникот. Според сите анализи кои ги направив, сите цртежи, 3Д анимација, мислам дека оваа димензија воопшто не е голема. Цветникот на Плоштадот е со дијаметар 30 метри, и мислам дека пропорционално со ширината на фонтаната, одговара и висината на столбот и на коњаникот. Згора на тоа, нашиот плоштад воопшто не е мал, тој е еден од поголемите. На тој простор, овој коњаник воопшто нема да изгледа голем. Направени се многу стручни анализи околу големината, пропорциите на столбот и на коњаникот, стручњаци ја мереа статиката, внимавав на пропорциите на сите елементи на фонтаната, и ве уверувам дека сe е професионално осмислено и оти споменикот нема да го задуши Плоштадот, како што некои сега велат. Мислам дека не сум згрешила и мислам оти кога ќе се постави, дури тогаш ќе се види вистинската слика. Верувам дека ќе биде многу убаво и оти сите ќе се гордееме.
- Немаме скица, па да се обидеме да опишеме што сe ќе има со споменикот на Александар?
Фонтаната е со кружна форма, исто како што е кругот со зеленило (цветникот) сега на Плоштадот. Ќе започнува со две скалила на кои на 4 страни ќе бидат поставени 4 лава на постамент. Лавовите се од бронза во седечка форма, и се свртени кон четирите страни на Плоштадот. Третото скалило од фонтантаната ќе биде со поголема површина и ќе биде шеталиште кое ќе завршува до ѕидот на фонтаната. Луѓето ќе можат да доаѓаат до ѕидот од каде што почнува фонтаната исполнета со вода. На ѕидот на четирите страни ќе бидат поставени 4 бронзени лавови кои ќе бидат на шеталиштето свртени кон водата и од чија уста ќе тече вода во фонтаната. На дното на фонтаната ќе има мозаик. Целата фонтана е во бел мермер. Мозаикот ќе биде изработен од мермерни камчиња во боја, а мотивите се од времето на Александар Македонски. Во средината на фонтаната се издига мермерен столб, висок приближно колку коњаникот, и тие пропорционално си одговараат. Во подножјето столбот ќе биде поширок, и таму во бронза ќе биде изработена круната на Филип со дабови листови. Тоа плато од почетокот на столбот ќе служи како постамент на војниците на Александар. Ќе има 8 бронзени војници, високи по 3 метри, кои ќе бидат претставени во различни пози. Тоа се поточно 7 војници, а еден е кралот Филип Втори. Тие фигури, на пример, сега во овие анимации што излегуваат во медиумите се толку неточно поставени и не се онакви како што ќе изгледаат.
Столбот во горниот дел има чинија, на која ќе биде поставен коњаникот. Од чинијата ќе тече вода и ќе создава водена завеса која повремено ќе се исклучува, а целиот столб ќе биде обложен со релјефи од мермер, длабок релјеф од 20 сантиметри, а на секој од нив ќе биде претставена некоја битка од Александар. Битките ќе бидат поделени со бронзени прстени.
- Ова е долниот дел на фонтаната и столбот, а колку што разбирам досега, коњаникот се издига над столбот?
Коњаникот е поставен на мермерната чинијата и е висок околу 12 метри, целата фигура со коњот целосно во пропорции одговара со фонтаната. Јас го работев Александар затоа што тоа се бараше на конкурсот. Комплетно се посветив да истражувам и се советував со историчар за да биде се историски издржано, и на војниците, на облеката, релјефите, на Александар. Коњаникот ќе биде свртен кон Исток, зашто сите походи на Александар биле кон Исток. Исто така, за мене е важно, според анализите кои ги правев, дека од сите страни кога ќе се погледне од околните згради, така поставениот споменик изгледа убаво. Среќна сум што Александар Македонски го оствари мојот сон, сон за кој секој уметник сонува - да направи и да остави толку вредно дело за генерациите што следат.
За да бидам задоволна од тоа што го направив од мене бараше голем ангажман, огромна работа и психичка и физичка околу која ми помогнаа колегите Никола Дрнев, Миле Брцески, Борче и Цане Димовски и други.
Се надевам дека фонтаната и споменикот на Александар ќе бидат вистинско освежување под нашето ѕвездено небо.
 
Не знам што е чудно... Во денешно време апсолутно сè е бизнис, па така и националната свест.

И можеби некој ќе земе пари од ова. Леарницата во Италија сигурно. И тоа е нормално.

Но, за разлика од поранешните бизниси, каде луѓе земаа пари да ја уништат Македонската национална свест, сега земаат пари за да ја зајакнат.

Ако некому му е криво што се занимавал со првиот начин на бизнис, а гледа дека вториот успева и тука и во целиот свет без никаква мака и никакви дополтинелни поткупувања, може да жали само дека ја промашил бизнис-стратегијата. Ништо повеќе. На пример, Грците дадоа силни пари, време и енергија да ја поништат Македонија и Македонската нација и ете пак не успеаја.

Значи, од чисто економски причини, почнете да се радувате што Македонската свест се развива, зашто влогот во овие споменици и тоа како ќе се врати (туризам, признавање на Македонија и Македонците, гордоста да се вее Македонското знаме насекаде итн.)
 
АБЕ ШОКИРАНИ КАКО НЕ..ДАЈ НЕКА МЕ ШОКИРА МЕНЕ НЕКОЈ СО НЕКОЕ МИЛИОНЧЕ
 
Бизнис, перење пари, дигање чалам, тоталитарзам, лечење комплекси, а никаде нема култура, продуховување и подигање на национална свест.Ова не е ништо друго освен онаа народната ќе те тепам ама не ти давам да плачеш. Пак народот ќе си биде со истото ниво на култура,гладен и напатен.

Ќе дојде ден кога државата ќе нема пари па ќе прави пак бизнис ќе си ја топи бронзата да си ја продаде:uvo:
 
Бизнис има, да не се лажеме; кој и колку не се знае и не е коректно да шпекулираме.

Да ви кажам право после толку многу пишување по форумов за дотичните скулптури од најголем противник ќе го сменам ставот во комплетно индиферентна состојба и ќе почекам да ги видам...

Можеби ќе ми „фатат“... :toe:

(ама ова чисто бидејќи лично немам егзистенцијални проблеми, инаку ќе ме држеше подолго :tapp:)
 
Добро де, па ја се буквално сфаќам :) Инаку лошо можеби се поклопи ова случување со кризава, па народот, страв, немаштија, малку му треба да е незадоволен и гневен... значи во вакви услови е и оправдано човек прво да гледа на егзистенција. Ама па ова не е ни прв ни последен ваков тендер. тендерите од нелуѓе луѓе направија, но ова не е измислица ниту на оваа влада, ни на опозицијата, ами е од претходниот општествен поредок... па и од пред тоа. Не треба да сме рамнодушни пред коруптивни зделки, напротив, но никој ништо досега не направил во овој правец. Дали не можел или не сакал, тоа е за друга тема најверојатно. А сето ова не значи дека сум против ваков споменик, туку сум против оној/оние кој ја вади маста од вакви зделки. Ама па кој не би макнал од маста? Има некој што не би земал, а да е во таква позиција? Ко ќе видиш... карванот си врви.
 
Добро де, па ја се буквално сфаќам :) Инаку лошо можеби се поклопи ова случување со кризава, па народот, страв, немаштија, малку му треба да е незадоволен и гневен... значи во вакви услови е и оправдано човек прво да гледа на егзистенција. Ама па ова не е ни прв ни последен ваков тендер. тендерите од нелуѓе луѓе направија, но ова не е измислица ниту на оваа влада, ни на опозицијата, ами е од претходниот општествен поредок... па и од пред тоа. Не треба да сме рамнодушни пред коруптивни зделки, напротив, но никој ништо досега не направил во овој правец. Дали не можел или не сакал, тоа е за друга тема најверојатно. А сето ова не значи дека сум против ваков споменик, туку сум против оној/оние кој ја вади маста од вакви зделки. Ама па кој не би макнал од маста? Има некој што не би земал, а да е во таква позиција? Ко ќе видиш... карванот си врви.

А ние ќе си лаеме ... :)
 
Значи вакви глупости ме вадат од кожа!!! Прво се мислев дали да се спуштам толку ниско и да ја коментирам оваа глупост но очигледно ќе има потреба :tapp: Значи Прилепскиот мермер и плочките кои ги ставаме по тоалети не е исто значи има разни начини на лиење. Прво дали е полно или шупливо. Потоа има и разни методи најпознати се Фиренинскиот и Францускиот метод. Значи квалитетно и неквалитетно па дури има и огромна разлика како ќе бидат заштитени после изработката. Пред да се почне со глупости тропање треба да се провери како се излиени тие споменици и кој ги лиел. Јас можам да ги направам скулптурите но јас и Томе Серафимовски не сме на исто ниво со познавање на оваа тема. Супер нашле алфа некој што ќе ја изработел поефтино. Прво не се пријавил, второ таа прашува хипотетички тој поим нема за што се работи па и одговара сосема нешто трето. Ај нека ја најдат целата документација значи како е се изработено па после дали вреди или не. (знам дека после свадба тапани не иде ама тоа е тоа)
 
На фабриката за перење на мозокот да и кажете да стави филтер на оџакот, секакви лајна излегуваат од него.
 
На фабриката за перење на мозокот да и кажете да стави филтер на оџакот, секакви лајна излегуваат од него.
Мислиш дека не треба ниту да се покрене дискусија за наводна измама од неколку милиони евра кога е во прашање ДПМНЕ ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom