Ајде, бујрум, на маса. Зашто од народ кој што барабар се борел со македонците против српскиот окупатор (Охридско востание), народ кој што со Гоце Делчев се борел за слободна Македонија, одеднаш албанците се дежурниот кривец. Дека мојот одговор тешко дека би ти бил прифатлив. Кажи го ти твоето мислење прво или па да не идеме офтопик, слободно контактирај ме по порака или мсн.
Тргнувајќи лично од мене,причините се следните:
1) Повеќето Македонци ве сметаат за сепаратисти(сметам дека одлично подразбираш што сакам да кажам,имајќи го предвид случајот со осамостојувањето на Косово)
2) Повеќето Македонци сметаат дека кај вас сеуште важи олд-фешн стилот,,крвна одмазда,, а многумина веруваат дека ако пра-пра-пра-дедото на едниот го убил пра-пра-пра-дедото на другиот,соодветно нивните чукун внуци треба да се испоубијат заради правилото на ,,крвна одмазда,,
Тоа ме наведува да сметам дека оттаму доаѓа предрасудокот од типот на ,,нецивилизиран народ се Албанците,,
3)Самата историографија од блиското минато дава објасненија дека Албанците биле колаборатор на фашизмот(т.нар.балисти)кои дополнително го отежнале македонскиот отпор против фашизмот.
4)Самата историографија од по-далечното минато објаснува како македонското население мака мачи од албанските племиња(Гегите по-конкретно),кое е опеано во Сердарот-дело на Григор Прличев.
5)Конфликтот кој беше направен во 2001 година од страна на албанска терористична организација(ај нека не биде терористична,да речеме дека се бори за правата на алб.население).Конфликт кој остави многу деца-Македончиња без родители.
6)Присилното одземање на недвижнини на Македонците,и тоа по пат на уцена(Јас сум Албанец,ти давам на тебе-Македонецот 100 000 евра за куќата,или исели се доброволно или ти ја палам куќата)
7)Македонија прими и даде државјанства на 150 000 народ од Косово,во време кога Милошевиќ беше подготвен да ве избриши од лицето на Земјата,покрај тоа што ги прими и ги удоми и засолни од теророт на Милошевиќ,сепак на Македонија и се врати на крајно неблагодарен начин,како што веќе спомнав-конфликтот во 2001г.
8)Можеби еден од порелевантните фактори-сосема различната култура,традиции,обичаи и секако вероисповеста(си викам дека доколку бевте Христијани,можеби немаше Македонците да имаат толку многу предрасуди кон вас и можеби сите тие аспирации од страна на Албанците ке поминеа на потивок начин)...
9)*Ова е нешто што најмногу ме нервира до ден-денешен:насекаде низ светот(благодарение на вашето лоби) Албанците беа претставени како угнетуван и мачен народ, а ние бевме агресорите...што секој нормален човек на овие простори добро знае дека не е така.
10)Нешто што уште повеќе ме откачува:Мора ли на секоја една церемонијада го веете американското знаме?
И јас би го веел,ама не до тој степен светот и соседите да знаат дека сте роб на американската политика...што излегува дека е така...
Оти,Америка е непредвидлив кошмар:денеска ви вика ,,Земајте си го Косово,, ама утре ништо чудно да им рече на Србите:,,Си го сакате Косово назад?,, Па ајде пак нова војна на Балканот...оти тоа е политиката на Америка,да си кажеме реално.
Па сметам дека доволно кажав од своја страна,повели сега ти кажи си го својот став.
Поздрав.