Безвизен режим "малку морген" - Македонија во пакет со Црна Гора и Србија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Безвизен режим малку морген

Една од причините е противењето на Германија поради тоа што Белград им издава српски пасоши на Албанци од Косово, а Србија е во чекалницата со нас и со Црна Гора




Визната либерализација повторно доцни. Наместо во јуни, по завршувањето на европските избори, како што најави комесарот Оли Рен, Европската комисија (ЕК) својата препорака до земјите-членки за укинување на визите за Македонија, Србија и најверојатно за Црна Гора, нема да може да ја донесе пред крајот на септември или октомври, дознава „Дневник“. Главна причина за ова ново одлагање се парламентарните избори во Германија кои се закажани за септември, но и проблемот со издавањето српски пасоши за Албанците од Косово. Тоа значи дека целиот процес се одолжува за три до четири месеци, а во практика визната либерализација нема да може да почне да се применува пред април или мај 2010 година. Досега, според процедурите, можеше да се очекува слободен визен режим за почетокот на наредната година.

- Оптимизмот во ЕК е прилично опаднат околу препораката за визна либерализација и тешко е да се предвидува. Причина за тоа се сигналите што доаѓаат од Берлин, кои велат дека треба да се почека да заврши изборниот период во таа земја, но и големите резерви на Берлин и на други земји-членки кон издавањето српски пасоши за Албанците од Косово - вели извор во ЕК.

Белград, од политички причини, им издава без проблеми пасоши на сите Албанци од Косово кои го бараат тоа, но и одбива да ја признае независноста на новата република. Европските предвидувања се дека бројот на издадени пасоши ќе се зголеми доколку Србија биде ослободена од визен режим.Постојат надежи дека ЕК би можела да препорача, за почеток, само Македонија да биде ослободена од визен режим.

- Македонија ги исполнува речиси сите услови, но, без пакет со Србија, освен Германија, Македонија против себе би ги имала Франција и Шпанија. Мадрид нема да прави проблеми само ако препораката оди во пакет со Србија и Црна Гора - вели европски дипломат.Сепак, како што беше предвидено, ЕК својот извештај за напредокот во визните реформи ќе го објави во мај, иако не е исклучено и тој да биде „поттурнат“ до јуни.

Комисискиот извештај за визните реформи за Македонија е без поголеми дамки. Се' уште постојат извесни забелешки на експертите кои ќе треба да се поправаат. Меѓу нив се наведува донесувањето на законот против дискриминација, но и лесниот начин на кој во Македонија едно лице може да го смени својот идентитет доколку сака. Во земјите на ЕУ таа процедура трае по неколку години, додека во Македонија, велат во Брисел, едно лице може многу брзо, за само неколку седмици, да го смени идентитетот. Тоа се забелешки што, сепак, не би требало да го закочат процесот и се верува дека во текот на месеците до крајот на оваа година нашата земја ќе ги приврши и овие реформи.

- Наведените одлагања беа и очекувани и затоа Брисел бараше од политичарите во Македонија да не излегуваат со датуми, односно да не прават сметка без дуќанџијата - велат дипломати.


Извор Дневник...
 
опаа .. бугарска шема праи белград а :)
толку од патриотизмот :toe:
 
Зошто само на Европа не и пречеше бугарската шема...???
Или со ова јасно кажуваат дека проблем за безвизен режим не се Македонците , Србите или Црногорците туку Косовците...
Сакаа да ги изолират во Косово , но ние и Србите не успеавме да се заштитиме од нив, па затоа ќе кркаме стап...
 
Е шо па сега проблем Косоварите???Па Германците гордо го признаа независно Косово,ги штитеа од лошиот чичко Милошевиќ,без никава дозвола од ОН ја нападнаа Југославија.Од каде бре сега за Немците се проблем Косоварите????:tapp:
 
Е шо па сега проблем Косоварите???Па Германците гордо го признаа независно Косово,ги штитеа од лошиот чичко Милошевиќ,без никава дозвола од ОН ја нападнаа Југославија.Од каде бре сега за Немците се проблем Косоварите????:tapp:


Се појасно е дека идејата за признавање на Косово беше изолирање на Косовците...
А на нас никој не ни е крив што неможеме да си ја обезбедиме границата...
Ова е многу јасна порака од Германија...
 
noEU_320.png
 
- мразам кога сум у право , мразам штрумфови а најмногу ги мразам пе.....е европски.толку од розовата перспектива за Македонија.:jaj:
 
- мразам кога сум у право , мразам штрумфови а најмногу ги мразам пе.....е европски.толку од розовата перспектива за Македонија.:jaj:
НЕ....ние ке ја направиме самите...полека но сигурно
 
Много зависи,как вашите политичари ке си изиграт картите.Ако настоjaват да не одите во пакет,а да се оценува това,което е направила РМ,то тогава нема да ви пречи това со србите и косоварите.Затова се е во ваши раце.
 
На времето, Саф имаа една песна Сафра во која имаше стих:
Тестираат издржливост на балканското заморче, па ајде кажи дали те боли бре Македонче....

 
Мене ми е малце чуден текстов искрено, не дека верувам дека ќе добиеме визна либерализација, туку причиниве кои се наведени ми се глупави.
 
Драги членове,навистина много е интересно,дека сметате като падне визниот режим и се ке биде добре.Практиката покажува друго.Кога падне визниот режим на границите не ти барат виза,но започнуват неписаните критериуми-налични пари да покажеш,да си се прибирал во РМ последните 6 месеци и уште и уште....
Ке започнат црните печати на граганите на РМ и забраната да влегуват за 1-2-3,а некаде и за 5 години.
Визата поне е гарант за влизане во една држава,а падането на визниот режим не е гарант дека ке влезеш.Да навистина е много подобре да не бараш виза,но проблемите во некои случаи стават МНОГО повеке.
Слагането на РМ во един пакет со другите држави е заслуга на владата на РМ,заштото ние имавме истиот проблем и имаше можност да ни турат во пакет со Романиja и заради истата да не ни биде укинат визниот режим.Слава богу политичарите успеха да извадат државата ми от този пакет.Сега е време владата на РМ да ja извади от този пакет!
 
НЕ....ние ке ја направиме самите...полека но сигурно
- а имаме ли друг избор ? јасно е како бел ден дека ако самите не си помогнеме никој нема да ни помогне.
-мислата ми беше дека заврши , се надевам , продавањето на магла од типот розова перспектива на земјата во замена за владеење со монополите во неа.
-ова само кажува дека кај нас нема што повеќе да се земе , се позначајно е во нивни раце.
-од тие причини процениле дека не се обврзани ниту да ветуваат и се додека има мраз на гренланд ние не ги исполнуваме условите за во европа.:toe:
 
- а имаме ли друг избор ? јасно е како бел ден дека ако самите не си помогнеме никој нема да ни помогне.
-мислата ми беше дека заврши , се надевам , продавањето на магла од типот розова перспектива на земјата во замена за владеење со монополите во неа.
-ова само кажува дека кај нас нема што повеќе да се земе , се позначајно е во нивни раце.
-од тие причини процениле дека не се обврзани ниту да ветуваат и се додека има мраз на гренланд ние не ги исполнуваме условите за во европа.:toe:

абе италијанска мафија мава по џеб тије за него крадат да го здебелат...да почнат така и казната затвор да биде мала ама на лицето да им се тетовира јас сум корумпиран или јас сум провалник а и цел имот конфискација секако:vozbud:


само така ке си помогнеме истото од италија се случува и во германија таму ако во пекара не издадеш фискална ти го затвораат и кафичот...значи треба принципиелност пријателе:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom