- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Безвизен режим малку морген
Една од причините е противењето на Германија поради тоа што Белград им издава српски пасоши на Албанци од Косово, а Србија е во чекалницата со нас и со Црна Гора
Визната либерализација повторно доцни. Наместо во јуни, по завршувањето на европските избори, како што најави комесарот Оли Рен, Европската комисија (ЕК) својата препорака до земјите-членки за укинување на визите за Македонија, Србија и најверојатно за Црна Гора, нема да може да ја донесе пред крајот на септември или октомври, дознава „Дневник“. Главна причина за ова ново одлагање се парламентарните избори во Германија кои се закажани за септември, но и проблемот со издавањето српски пасоши за Албанците од Косово. Тоа значи дека целиот процес се одолжува за три до четири месеци, а во практика визната либерализација нема да може да почне да се применува пред април или мај 2010 година. Досега, според процедурите, можеше да се очекува слободен визен режим за почетокот на наредната година.
- Оптимизмот во ЕК е прилично опаднат околу препораката за визна либерализација и тешко е да се предвидува. Причина за тоа се сигналите што доаѓаат од Берлин, кои велат дека треба да се почека да заврши изборниот период во таа земја, но и големите резерви на Берлин и на други земји-членки кон издавањето српски пасоши за Албанците од Косово - вели извор во ЕК.
Белград, од политички причини, им издава без проблеми пасоши на сите Албанци од Косово кои го бараат тоа, но и одбива да ја признае независноста на новата република. Европските предвидувања се дека бројот на издадени пасоши ќе се зголеми доколку Србија биде ослободена од визен режим.Постојат надежи дека ЕК би можела да препорача, за почеток, само Македонија да биде ослободена од визен режим.
- Македонија ги исполнува речиси сите услови, но, без пакет со Србија, освен Германија, Македонија против себе би ги имала Франција и Шпанија. Мадрид нема да прави проблеми само ако препораката оди во пакет со Србија и Црна Гора - вели европски дипломат.Сепак, како што беше предвидено, ЕК својот извештај за напредокот во визните реформи ќе го објави во мај, иако не е исклучено и тој да биде „поттурнат“ до јуни.
Комисискиот извештај за визните реформи за Македонија е без поголеми дамки. Се' уште постојат извесни забелешки на експертите кои ќе треба да се поправаат. Меѓу нив се наведува донесувањето на законот против дискриминација, но и лесниот начин на кој во Македонија едно лице може да го смени својот идентитет доколку сака. Во земјите на ЕУ таа процедура трае по неколку години, додека во Македонија, велат во Брисел, едно лице може многу брзо, за само неколку седмици, да го смени идентитетот. Тоа се забелешки што, сепак, не би требало да го закочат процесот и се верува дека во текот на месеците до крајот на оваа година нашата земја ќе ги приврши и овие реформи.
- Наведените одлагања беа и очекувани и затоа Брисел бараше од политичарите во Македонија да не излегуваат со датуми, односно да не прават сметка без дуќанџијата - велат дипломати.
Извор Дневник...