- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Државата ќе плаќа половина од платата на овчарите
Државата ќе субвенционира половина од месечната плата на овчарите за да ги натера газдите на фармите да ја зголемат сумата пари што им ја исплаќаат за завршената работа. Целта на оваа мерка која е предвидена со Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство е преку зголемување на платите во овчарството да го зголеми вработувањето на овчари и да го спречи нивниот одлив во странство. Сега овчарите во Македонија имаат месечни примања од 15.000 до 30.000 денари, во зависнот од сложеноста и тежината на работата на бачило.
"Последниот рок за пријавување за оваа мерка е 29 мај годинава, а за неа може да конкурираат сите регистрирани овчарски фарми кои имаат пријавени овчари. Максималната сума што ја финансира државата е 18.000 денари. Мерката ја воведовме бидејќи сите бачила се соочуваат со сериозен недостиг на лица кои ќе ги чуваат овците, бидејќи многу слабо се платени. Овчарството е тешка работа, бара голем ангажман и посветеност, па затоа треба да биде и подобро платено", вели министерот за земјоделство Ацо Спасеноски.
Од Националниот совет на одгледувачи на овци се сомневаат дека со помошта државата ќе ја зголеми заинтересираноста за работа на бачило. Според Советот, ретко кој се нафаќа да работи на овчарска фарма, оти од него се пара 24-часовен ангажман 365 дена во годината.
" Државата ако сака може и на друг начин да ја зголеми профитабилноста на овчарството, а со тоа и да ги зголеми платите кои им се исплаќаат на овчарите", вели Тодор Мушев, претседател на Националниот совет на одгледувачи на овци.
Извор : ВЕСТ
Е ќе станам овчар...нема друго...