СДСМ предлага 11 мерки за справување со кризата

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Во пресрет на расправата за ребалансот на буџетот СДСМ предлага 11 мерки за справување со кризата.
Партијата најавува дека со амандмани ќе бара имплементирање на нивните предлози во буџетот бидејќи предлозите на власта не значат напуштање на буџетскиот комодитет во делот на непродуктивните трошења и непродуктивните проекти. СДСМ се залага за поголем државен интервенционизам во стопанството.
„Намалување на ДДВ од 18 на 15%, и од пет на четири проценти. Второ, нула проценти ДДВ за 10 најопходни прехранбени продукти, од потрошувачката кошничка. Трето, ослободување на 50%, од обврската за придонеси за плати по сите основи. Четврто, ослободување на најмалку 50%, од обврската за плаќање на персонален данок на доход. Петто, државна стимулација од 90 милиони евра, за извозно ориентираните компании“, изјави Зоран Заев, в.д претседател на СДСМ.


што мислите вие за ова?


јас колку што разбирам со овие мерки ке има помалку прилив на средства во буџет.


во вакво време најголем инвеститор е државата, како би инвестирала ако има намален прилив во буџет.


не гледам за ребаланс на буџет да се бара укинување на некои расходи во предлогов на сдсм , него само намалување на долив на средства.


популизам од заев )))))))


п.с. предложена мерка од мене нека ги врати заев украдените 8 мил. евра.
 
Јас предлагам само 1 мерка да им се укинат платите на политичарите :toe: и сојузот да се распушти доволно зулуми направија
 
Во пресрет на расправата за ребалансот на буџетот СДСМ предлага 11 мерки за справување со кризата.
Партијата најавува дека со амандмани ќе бара имплементирање на нивните предлози во буџетот бидејќи предлозите на власта не значат напуштање на буџетскиот комодитет во делот на непродуктивните трошења и непродуктивните проекти. СДСМ се залага за поголем државен интервенционизам во стопанството.
Намалување на ДДВ од 18 на 15%, и од пет на четири проценти. Второ, нула проценти ДДВ за 10 најопходни прехранбени продукти, од потрошувачката кошничка. Трето, ослободување на 50%, од обврската за придонеси за плати по сите основи. Четврто, ослободување на најмалку 50%, од обврската за плаќање на персонален данок на доход. Петто, државна стимулација од 90 милиони евра, за извозно ориентираните компании“, изјави Зоран Заев, в.д претседател на СДСМ.


што мислите вие за ова?


јас колку што разбирам со овие мерки ке има помалку прилив на средства во буџет.


во вакво време најголем инвеститор е државата, како би инвестирала ако има намален прилив во буџет.


не гледам за ребаланс на буџет да се бара укинување на некои расходи во предлогов на сдсм , него само намалување на долив на средства.


популизам од заев )))))))


п.с. предложена мерка од мене нека ги врати заев украдените 8 мил. евра.

:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

Ох мори мајко цел свет штеди пари ние ќе се расфрламе. Меркиве се за заштита од економската криза или за да го лажат народот. Ај да кажеа зголемување за даноците на богатите и на привелигираните фирми, а намалување за обичното население да си речеш ќе се балансира нешто иако и така тешко. Ама вака со 200 милиони евра ново заборччување уште намалување на прилив ни фали. Е дури тогаш ќе пропаднеме побрзо од не знам кого ќе бидеме уникатни во секојс случај.:nesvest:

Само ме интересира дали некоја влада ќе рече некогаш намалување на јавната адмистрација, па над 25% од цел буџет ни оди за неа мислам што е многу многу е ама тоа е некој мора и да гласа.
 
"СДСМ предлага 11 мерки за справување со кризата"

Ej, ke se ubijam lugje!! :pos2:
 
Ете како правеле.Се намалуваат даноци се собираат колку толку сретства но наместо буџет се полнат сопствените џебови.
 
Мерки за празнење на буџет :uvo:
 
Без разлика, на кризава која се популаризира, сметам дека државата доколку малку се зацврсти економијата би требало да го намали ДДВто од 18 на 15%, и од пет на четири проценти. Немора нула проценти ДДВ но може за половина да го намали за 10те најопходни прехранбени продукти, од потрошувачката кошничка. И ова би значело позитивен импулс со ослободување на 50%, од обврската за придонеси за плати по сите основи меѓутоа доколку се стимулира вработувањето или да резултира со покачување на платите за барем 20% од тие 50% кои би биле одбиени од придонесите, со што работодавците реално би заштедиле 30%.
 
Koga ce bidat na vlast neka predlagaat vaka pu pu ne se vazi ....
 
na temava mestoto i e vo humor
 
Интересна ми е бројката. Владата на почетокот предложи 10 мерки за справување со кризата, а овие ги заебаа па предложија 11.
 
Одлични предлози.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom