- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
Тачи: Охридскиот договор целосно е уништен
Тачи бара нов договор меѓу Македонците и Албанците, Охридскиот вели, го уништија апетитите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Неиздржливо, според лидерот на ДПА, е славизирањето на секоја педа. Предупреди сите кои сакаат да ја уништат албанската политика, која е за НАТО и ЕУ, ќе се соочат со порадикални и поекстремни политики.
Загрижен е од чувството на паника кај Албанците.
„Апсолутно никој не ќе може да ни стави хипотека дека ние сме виновниците што оваа држава може да исчезне. Виновниците се на друга страна“, рече Тачи, претседател на ДПА.
Остави отворена врата за соработка со СДСМ на Црвенковски. Со ВМРО-ДПМНЕ нема да коалицира никогаш додека е Груевски на чело на партијата, за Тачи е дегутантно и смешно да ја коментира улогата на ДУИ во власта.
Им предвиде исчезнување од политичката сцена, но со слободно паѓање, иако вели тоа не е добро за Албанците.
„Они веќе апсолутно не постојат политички, не се искусни, кога ќе паѓаат - ќе паѓаат со слободно паѓање“, вели Тачи.
На инаугурацијата на новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов ДПА нема да присуствува, Тачи вели нема што да му каже, но и нема што да чуе од него.
За него Иванов е избран со гласовите на Македонците, од Албанците за него гласале само семејствата на Ахмети и на Селмани.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108231