ВМРО-ДПМНЕ доби награда за демократија и човекови права

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ВМРО-ДПМНЕ доби награда за демократија и човекови права


Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие престижната „Линдберк награда за демократија и човекови права“ за 2009 година. Наградата се доделува на луѓе или организации кои систематски работат на промоција на основните човекови права, економските слободи, демократските вредности, на зајакнување на демократските институции во општеството каде демократијата и човековите права се во развој.
Имено, Линдберк беше лидер на конзервативната партија на Норвешка, кој се бореше за улогата на правото, сопственичките права, економските права, индивидуалните слободи и соработка помеѓу политичките партии.

Оваа награда минатата година ја доби поранешниот премиер на Естонија, Март Лаар.


“ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие наградата бидејќи работи на модернизација на Македонија и придонесува за движење на Македонија во правец на НАТО и ЕУ имплементирајќи ги реформите за зголемување на напредокот, зајакнување на приватната сопственост како и јакнење на улогата на правото и транспарентноста на ограните на власта, реформите и јакнењето на изборното право во правец на гарантирање на слободни, фер и транспарентни избори,исполнување на барањата за визно олеснување на Македонија и влез во шенген –зоната и шенген соработка“, меѓу другото наведуваат од партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, утре во Осло е поканет лично да ја прими наградата, но поради обврските нема да ја прими лично тој,туку министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.


Извор НЕТПРЕС
 
:aplauz::aplauz: Браво! Имаат моја поддршка!
 
Ќе им одиме на мекици :smir:
 
Честито за ВМРО ДПМНЕ
нека продолжат така
 
kkao be nagrada za demokratija da im dadat na partija koja e fasisticka a nezjin predsednik e pinoccce?

ne se salam od ovaa fondacija....jazak.

c c c c .

ene citajte ``sega`` imaat ubav naslov grujo korkac!

p.s. a so e korkac?
 
Наградата се доделува на луѓе или организации кои систематски работат на промоција на основните човекови права, економските слободи, демократските вредности, на зајакнување на демократските институции во општеството каде демократијата и човековите права се во развој.
WTF???
По ѓаволите, уште колку време ќе сме во развој, а кај нашите фашистички соседи каде не смее човек да се идентификува со сопствено име и националност владее целосна демократија??? Барем според европјаниве.
 
Честитки за Вмро Дпмне да ни се множат наградите :pipi:
 
Нека им е честито
 
Сон ли е или јаве

Верно ли е,или не е? Си велам шега е.Ами пак не е април,а уште помалку први.
 
HAHAHAHAHAHA


e so nema da vides u taa nasa makedonija

sledno so e ?

kako be ne im e stam... i na tie so ja davaat i na tie so ja primaat ovaa nagrada.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom