- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Вук Јеремиќ во Скопје
Коментари (0)
07.05.2009 09:57
Посетата е чекор кон целосно обновување на дипломатските односи меѓу двете држави
Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ денеска ќе престојува во еднодневна посета на Македонија.
Јеремиќ ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, а ќе биде примен и од претседателот Бранко Црвенковски, од премиерот Никола Груевски и од претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
Милошоски и Јеремиќ, како што е најавено, ќе потпишат Протокол за соработка во областа на дипломатската едукација. Двајцата министри ќе ги разгледаат и можностите за отворање нови гранични премини меѓу Македонија и Србија, пренесува МИА.
Посетата на шефот на српската дипломатија се оценува како чекор кон целосно обновување на дипломатските односи меѓу двете држави, кои беа нарушени во октомври лани по одлуката на Македонија да ја признае независноста на Косово и протерувањето на тогашниот македонски амбасадор во Белград Александар Василевски.
За продолжувањето на добрите билатерални односи говори и именувањето на новиот амбасадор на Република Македонија во Србија, Љубиша Георгиевски, кој се очекува да ја преземе должноста до крајот на овој месец.
Извор А1...
Освен тоа најавено е и учество на српскиот претседател на инаугурацијата на Иванов...
Мислам дека ова е добра вест...