- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Без ФИРОМ во документите нема наследство во Леринско
Грчкиот конзулат од Торонто одбива да му помогне на Македонец од Канада да стигне до наследениот имот во Леринско затоа што во документите на неговата почината мајка за земјата пишува Македонија, а не ФИРОМ.
Имотот што го добил како наследство од својот дедо му донел повеќе мака отколку среќа на Македонецот од Канада Ник Гроздановски, кој три години не успева да стане сопственик на куќата, ресторанот и на нивите во Леринско што преку тестамент му ги оставил неговиот дедо. По смртта на неговата мајка Јоана Гроздановска во 2006 година, Ник и неговите браќа и сестри откриле дека го добиле наследството од дедо им во Грција.
- Проблемите настанаа кога дознавме дека земјата, куќата и сè му е дадено на Грк што на времето се грижел за дедо ми, благодарение на лажен тестамент што овој човек го напишал на обичен лист хартија - вели Гроздановски, кој е професор во средно училиште во Канада.
Целиот случај најверојатно ќе се расветлува на суд во Грција. Гроздановски веќе ангажирал и адвокат, кој треба да му помогне да докаже дека потписот е лажен и да извади документи за имотот што го добил во наследство.
Помош за да стигне до својот имот во Грција побарал и од грчкиот конзулат од Торонто, но од таму му кажале дека не може да му извадат умреница за неговата мајка затоа што во нејзиниот извод од раѓање и другите документи стоело Македонија наместо ФИРОМ.
- Во конзулатот ни кажаа дека сите документи на кои стои Македонија наместо ФИРОМ се сметаат за неважечки затоа што Грција не го признава уставното име на земјата. Од таму побараа да извадиме нови документи на кои нема да стои Македонија - вели Гроздановски.
Тој е шокиран што во Грција неговата мајка сè уште се води како да е жива и институциите ја водат како никогаш да не била мажена и да немала деца. За случајот реагираше и Македонското движење за човекови права од Канада, кое посочи дека фашизмот спонзориран од Грција повторно се појавува во Канада.
Движењето во реакцијата за случајот подвлекува дека Македонците во Канада што се активни во македонските организации се на „црната листа“ на Атина и немаат право ниту на влез, ниту на својот имот во Грција. „Поради бесмисленото прашање за името што го иницира Грција, Македонците низ светот се соочуваат со дискриминација“, забележува движењето.
Извор НОВА МАКЕДОНИЈА
Незнам само со кој памет овој случај оди преку судовите во Гејлада...
Овој случај треба до максимум да се исполитизира...