Свинскиот грип ја зеде првата жртва во Косово?

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Косовските здравствени власти се мобилизирани откако 27 годишна девојка почина денеска на Клиничкиот центар во Приштина под сомнеж дека е заразена со вирусот А Х1Н1.
Девојката била задржана на лекување синоќа,со болки во белите дробови и проблеми со срцето -симптоми кои се карактеристични за смртоносниот грип. Според косовските медиуми починатата во родното село Стубла кај Витина пристигнала од Швајцарија.
Ургентниот центар каде што била хоспитализирана девојката е затворен за нови пациенти. Го чуваат припадници на силите за безбедност. Официјално нема потврда дали девојката била заразена со опасниот вирус.
Примероци од крвта веднаш биле испратени во референтна лабораторија во странство. Иако грипот тропа во нашето соседство Владата одлучи да го намали буџетот за оваа намена. Наместо 3 милиони евра колку што побараа експертите, одобри само 800.000 евра. Наместо 100.000 кутии од лекот Тамифлу, ќе набави само 50.000. 150.000 пакувања ќе стоеле резервирани еден месец во компанијата Рош.
Од претставништвото на компанијата Рош велат дека иако се резервирани временски не ја гарантираат испораката на овие 150.000 пакувања поради големата побарувачка во светот. Нема да се набават три- туку само една термо камера за скопскиот аеродром. Затоа пак, ќе се обезбедат средства за дезинфекција, заштитни маски, ракавици, скафандери кои Македонското здравство ги купи уште при појавата на птичјиот грип во светот.
Од домашните производители владата бара енормно да го зголемат производството на антибиотици. Нејасно е зошто и покрај јасното ветување на премиерот Груевски дека ќе биде обезбедено се што ке побараат експертите го намали буџетот за оваа намена, токму кога СЗО објави дека пандемијата е неизбежна.


A1
 
Фала за информацијата.
И сега треба да го коментираме текстов?
 
Не бе не се плашете владата будно ја следи ситуацијата,толку будно што одлучија да ги намалат лековите за 50%-парите за цркви и за споменици ни требаат...
 
e ovaa vest e zaebana.ako pocne okolu nas tesko ke bide da se izvleceme.
 
Прееска на вести кажаа дека нема врска оваа информација и тоа на А1-изворот за темава.
 
Прееска на вести кажаа дека нема врска оваа информација и тоа на А1-изворот за темава.


I ti vednas poveruva deka nema nisto umrela devojkava od zagaden vozduh na Kosovo a doadja od Svajcarija kade ima zaboleni od ovaa bolest ...Pa zosto ja cuvaat bolnicata i zosto se ispaniceni na Kosovo mislam deka i telma ja objavi ovaa vest so malo zadocnuvanje



КОСОВО - ПОЧИНА ПАЦИЕНТКА СО СИМПТОМИ НА НОВИОТ ГРИП
Весна Јовановска
Вирусот Х1Н1 од типот А, според косовските здравствени власти, не е причина за смртта на 27 годишната девојка од Витина. Од Националниот институт за јавно здравство на Косово информираа дека се работи за тешко белодробно заболување. Девојката која се вратила од Швајцарија на Универзитетската клиника во Приштина била хоспитализирана под сомение дека е заразена од вирусот Х1Н1. Била примена со болки во белите дробови и проблеми со срцето, односно симптоми карактеристични за овој А тип на вирус.
 
Првите информации беа дека во Мексико починале 176 лица, а сега тврдат дека се починати сосема малку. Или без потреба кренаа паника, па сите сомнителни случаи ги припишуваа на свинскиот грип (од кој умираат само луѓе, а ретко свињи), или ја кријат вистинската состојба. Исто и на Косово. Предвреме се крева паника. Можеби навистина е свински грип, но не мора да е точно.
 
Од обичен сезонски грип годишно умираат стотици илјади низ светов. А од овој вирус А умреа десетина. Ништо страшно. И девојката од Косово, на крај ке испадне дека не умрела од вирусот, 100 %.
 
се помочавте а,не иде тука бе немате гајле,ние сме имуна на се сам не на политика и заушки и срцеви удари и на безработница и на откази,ајдееееее
 
Афирмативна реченица со прашалник на крајот. Целта е сензација а нуспојава ширење паника.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom