Советници не враќаат милион евра

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Кога се во прашање пари...сите се една партија....

Советници не враќаат милион евра


Изминатите советнички гарнитури во Градот и во општините уште не вратиле околу еден милион евра што ги зедоа гласајќи незаконски одлуки

068CD2BC9C15D54F9F04F4648BC32615.jpg

Се движат во погрешен правец: со невратените паушали од советниците може да се изгради речиси половина клучка како таа кај „Континетал

Над еден милион евра, според груби процени, незаконски зеле членовите на советите, но и градоначалниците од Градот и скопските општини. Тоа е половина од сумата потрошена за капитални зафати како клучката кај „Континентал“, булеварот Словенија или, пак, за претстојното проширување на Илинденска.

Во изминатите четири години советниците се потрудија да изгласаат што повеќе незаконски одлуки за паушали. Според досегашната практика на земање незаконски пари, излегува дека повеќе се занимаваат со себе отколку со проблемите на граѓаните. Користејќи дупки во законите и со произволно толкување на легислативата, само во Аеродром, како што обелодени поранешниот градоначалник Кирил Тодоровски, „стопени“ се околу 250.000 евра за оваа намена. Таму советниците за три години изгласале околу 16 одлуки со кои си делеа пари за својот џеб.

ВЛАСТ И ОПОЗИЦИЈА СПЛОТЕНИ ВО ГРАБЕЖ

Кога станува збор за делење пари, досегашната практика покажа дека советниците, како од владејачката партија така и од опозицијата, секогаш се сложни и во „невидена љубов“. Ваква практика имаше во речиси сите општини. Месечно, во зависност од одржаните седници, советниците земаа и до 30.000 денари надоместок. Се делеа пари од ракав за членување по комисии, како и за матичари.

- Незаконски земените паушали мора да се вратат - препорачуваат државните ревизори во речиси секој извештај, подготвен од контролори на финансиското работење во Градот, но и во општините. Но, парите никој не ги враќа. Локалните власти даваат начелни изјави дека парите ги бараат по судски пат, но со години тие никако да бидат вратени. Безобразието и алчноста на народните локални избраници достигна врв пред три месеци, кога советниците во Кисела Вода изгласаа одлука за присвојување на компјутерите дадени на користење за време на мандатот. Нивното тврдење беше дека тоа го прават бидејќи не им биле исплатени паушали.

- Компјутерите се имот на Општината, не може да се земат кога некој ќе посака. Одлуката е дадена за преиспитување на законитоста и уставноста пред Уставен суд, а алармирана е и антикорупциската комисија. Оттаму испратија писмо со кое укажаа дека одлуката е незаконска, но советниците ја игнорираа. Чекаме одговор од Уставниот суд. Ако одлуката падне, ќе мора да ги вратат компјутерите. Ако не сакаат, ќе ги тужиме -изјавија надлежните од Општина Кисела Вода.

НАДОМЕСТОК КАКО ПЛАНИНА ЗА СЕДНИЦИ ОД 10 МИНУТИ

Во Градот, пак, практиката за незаконско земање паушали беше прекината во 2008 година, но дури по укажувањето на ревизорите. Претходно, во текот на 2007, над законскиот лимит, советниците земале 9.024 денари од седница. Законскиот лимит беше 30 отсто од просечната плата, односно 4.300 денари. Во извештајот немаше бројка за вкупната сума што ја должат градските советници.

На прашањето дали сегашниот градоначалник Коце Трајановски ќе бара од Советот парите да бидат вратени, како што препорачаа ревизорите, добивме премногу општ одговор.

- Градоначалникот Трајановски се' уште ги разгледува сите аспекти на досегашното работење. По завршните согледувања ќе бидат преземени соодветни мерки во однос на сите, па и за прашањето на советничките паушали во претходниот мандат - изјавија од градското Одделение за односи со јавноста.

Изминативе години во некои скопски општини, како што беше случај во Ѓорче Петров, буквално се закажуваа една до две седници месечно само со една точка на дневен ред - колку да се земе надоместок. Во други, пак, иако на дневен ред имаше и по пет или повеќе точки, на крај сите се одлагаа, а седниците завршуваа за 10 минути. Тоа беше чест случај во Аеродром.

Како што изјавуваа портпаролите, во Гази Баба паушал за седница и за членување во комисија беше 14.000 денари, во Бутел за седница и комисија околу 10.000 денари по советник, а во Центар 1.000 денари за дежурство во матично, а од седница на Совет - 30 отсто од просечната плата. Во Карпош тврдеа дека законски се' е во ред, но ревизијата утврди дека во 2005 година општината на градоначалникот Андреј Петров му исплатила 1.700 евра по основа на незаконски паушал, а на советниците околу 35.000 евра.

Рекордери во одржување седници и во крчмење на општинските буџети беа Кисела Вода, Карпош, Центар и Аеродром.

ЗАКОНОТ МОРАШЕ ДА СЕ МЕНУВА

Случајот со исплата на незаконски паушали траеше со години поради недореченост во Законот за локалната самоуправа. Лани Законот претрпе измени. Сега за учество на седници се зема околу 84 отсто од просечна плата исплатена во Македонија за минатата година, без разлика на бројот на одржани седници.

Но пред измените, советниците сами си носеа одлуки за поголеми паушали, а општината мораше да ја исплати оваа алчност. Произволно толкуваа одредби, земаа екстра-пари за членување во комисија, координација, за матичари, патарина... На тој начин, месечните хонорари на советниците, кои редовна плата земаат од други места, достигнуваа и до 25.000 до 30.000 денари. Ако парите не беа исплатени од општинската каса, тогаш советниците можеа дури и да ја тужат општината поради одлука што ја изгласале и е во сила.

Јавноста никогаш немаше да дознае за незаконските паушали исплаќани на советниците во Аеродром ако односите на бившиот градоначалник Кирил Тодоровски со народните избраници не се влошија по две години. Тој престана да им исплаќа паушали и одлуките почна да им ги обжалува на Уставен суд. Тие паѓаа како незаконски, но претходно земените пари, околу 250.000 денари, советниците се' уште ги немаат вратено. Тврдат дека се' е чисто.



http://www.time.mk/story_44840219b0_article_bced77f45e.html
 
Мислам дека советниците треба да зачестат со седници на кој ќе се решава за изградба на нови споменици по парковите и плоштадите,па за нови цркви и џамии,а секако и по некој друг верски објект како дел од мултикултурата на Македонија.
Исто така треба да зачестат нивните членства во разни одбори,комисии и разни други “тракатаници“ со што би можеле посигурно и побрзо да се потрошат општинските и републичките средства од буџетот на Република Македонија.:toe:
 
мамо мамо...ке бидам советник ем не работиш ем пари зимаш одговорност НЕ

Мислам дека советниците треба да зачестат со седници на кој ќе се решава за изградба на нови споменици по парковите и плоштадите,па за нови цркви и џамии,а секако и по некој друг верски објект како дел од мултикултурата на Македонија.
Исто така треба да зачестат нивните членства во разни одбори,комисии и разни други “тракатаници“ со што би можеле посигурно и побрзо да се потрошат општинските и републичките средства од буџетот на Република Македонија.:toe:

и после????
 
ВЛАСТ И ОПОЗИЦИЈА СПЛОТЕНИ ВО ГРАБЕЖ

Кога станува збор за делење пари, досегашната практика покажа дека советниците, како од владејачката партија така и од опозицијата, секогаш се сложни и во „невидена љубов“. Ваква практика имаше во речиси сите општини. Месечно, во зависност од одржаните седници, советниците земаа и до 30.000 денари надоместок. Се делеа пари од ракав за членување по комисии, како и за матичари.

- Незаконски земените паушали мора да се вратат - препорачуваат државните ревизори во речиси секој извештај, подготвен од контролори на финансиското работење во Градот, но и во општините. Но, парите никој не ги враќа. Локалните власти даваат начелни изјави дека парите ги бараат по судски пат, но со години тие никако да бидат вратени. Безобразието и алчноста на народните локални избраници достигна врв пред три месеци, кога советниците во Кисела Вода изгласаа одлука за присвојување на компјутерите дадени на користење за време на мандатот. Нивното тврдење беше дека тоа го прават бидејќи не им биле исплатени паушали.

И ај после некој нека рече дека не се можело заедно да се работи власт опозиција, требало да се најде само вистинската област.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom